Трутово млеко - „супер храна“ за која малкумина слушнале, есенва „на дофат“ првите количини произведени од нашите пчелари - Канал 5

Трутово млеко - „супер храна“ за која малкумина слушнале, есенва „на дофат“ првите количини произведени од нашите пчелари

Трутовото млеко, меѓудругото, е добро за проблеми со остеопороза и фертилитет, за полови дисфункции, за зголемување на мускалната маса, за ублажување на симптомите од менопауза, за проблеми со вишок масти или висок притисок.

Трутово млеко - „супер храна“ за која малкумина слушнале, есенва „на дофат“ првите количини произведени од нашите пчелари

Од немукает, затоа досега не сме произведувале трутово млеко. Вака, сосема накусо, пчеларот Благојче Најдовски објаснува зошто се уште кај нас ја нема оваа „супер храна“, преполна со минерали и витамини, која источните земји ја користат децении наназад и како лек. Ај што многу малку во земјава слушнале за овој биолошки активен хомогенат од ларвите на трутовите (машки единки во пчелните семејства), туку на прсти се бројат и пчеларите што знаат како да го произведат. А не е потребно ништо посебно, вели Најдовски, само време, волја, љубов и од технологија - преса.

Трутовото млеко, меѓудругото, е добро за проблеми со остеопороза и фертилитет, за полови дисфункции, за зголемување на мускалната маса, за ублажување на симптомите од менопауза, за проблеми со вишок масти или висок притисок, ги зајакнува имунолошкиот и централниот нервен систем. Има висока енергетска и нутритивна вредност, на 100 грама содржи 405 килокалории или третина од дневната потреба за хранливи материи кај човекот. Составот е пет отсто протеини, еден процент масти и 94 отсто јаглехидрати.

Последните неколку години Кина и Индија прават и посебни препарати - го комбинираат трутовото млеко со матичен млеч, зашто овие два пчелни производа се надополнуваат во однос на квалитетот, позитивните својства и спецификите.

Како што информира Најдовски во разговор за МИА, македонските потрошувачи од есенва веќе ќе можат да купуваат наше, домашно трутово млеко, директно од пчеларите, а цената ќе биде неколкукратно пониска од онаа на матичниот млеч. Најдобро е трутовото млеко да се набави таму каде што се произведува, нагласува Најдовски кој освен што 30 години се занимава со пчеларство, е и магистар по земјоделски науки.

-Трутовото млеко, како што и самото име кажува, е пчелен производ добиен со пресување на ларвите од трутовите. Станува збор за хомогена материја во вид на кремасто млеко, по боја белузликава или жолтеникава, со киселкаст вкус. Наликува на матичниот млеч, но составот му е многу поразличен. Содржи витамини, минерали, хормони, цела ризница хранливи материи. Кај нас се уште не се произведува од немукает, затоа и никој не почнал. Можеби делумно причина е и менталитетот, едноставно имаме отпор кон нови производи иако, во суштина, воопшто не се работи за некаков нов производ. Источноазиските земји, земјите од поранешниот Советски Сојуз или слободно можам да кажам од Бугарија до Кина, го користат трутовото млеко долги години наназад, и за храна и како лек, истакнува Најдовски.

Според него, во Македонија има околу 4 000 пчелари, а производители на матичен млеч се неколку стотини или отприлика, секој десетти пчелар произведува млеч. За разлика од млечот, трутовото млеко може да го произведува секој пчелар зашто постапката е многу едноставна, а нема и никакви трошоци.

Како што објаснува нашиот соговорник, едно пчелно семејство има до 5 000 трутови кои „туку-така ги фрламе и одат курбан“, а можат и тоа како полезно и максимално да се искористат.

-Триесет години сум пчелар, не познавам никој во земјава што произвел повеќе од три до четири килограми матичен млеч зашто тоа бара многу знаење и време. За разлика од матичниот млеч, трутовото млеко е многу едноставно за производство. Ако матичниот млеч се произведува по само неколку грама од пчелно семејство, трутово млеко може да се добие околу четири килограми. Лесно се прави во огромни количини, евтино е, не треба да имаш нива, трактор, стока или ѓубриво, доволно е само да поседуваш пчелни семејства. Постапката на никаков начин не го нарушува пчелното семејство, ниту му штети на вадењето мед, правењето прополис или кои било други пчелни производи. Значи, може да се произведе мед исто како и секоја година, а трутовото млеко ќе биде вид нус-производ. Трутовите имаат функција во пчелното семејство, оплодувачи се на матицата, но не се продуктивниот дел од заедницата. Кога во природата ќе снема полен, кон средината на летото, пчелите ги бркаат надвор трутовите, сите до еден, „5 000 одат аут“, напоменува Најдовски.

Како проблем тој го истакнува стравот кај некои од пчеларите дека трутовото млеко ќе ја намали потрошувачката на матичен млеч. Но, тоа, вели, воопшто не е точно.

-Постои таква фама, но тоа никако не е точно. Бенефитот од млечот е повеќе од јасен и докажан, а благодетот од трутовото млеко е само надополнување што, исто така, е научно потврдено. Во моментов во Македонија се бројат на прсти пчеларите кои проиозведуваат трутово млеко, но, сепак, многу е важна и едукацијата на потрошувачите. Сакаме да им укажеме на луѓето колку е корисен овој производ, да ги научиме дека е подобро да ги превенираат болестите кои во најголем процент се случуваат поради небалансираниот, современ начин на исхрана. Истовремено, сакаме да ги охрабриме пчеларите да го произведуваат, укажува уште еднаш нашиот соговорник.

Додава и дека цената се уште не е формирана, зашто се уште го нема во продажба.

-Засега не би лицитирал со цената на трутовото млеко, зашто се уште го нема во продажба, но е неколкукратно поевтино, до десеттина пати од матичниот млеч чија цена достигнува и 2 000 евра за килограм, дециден е Најдовски.

Бенефитите, потенцира, се научно докажани, но, за жал, ретко кој од македонските потрошувачи е воопшто запознаен со нив. Повеќето не ни слушнале за трутово млеко.

-Луѓето кај нас не се запознаени со овој производ зашто ние пчеларите не сме го промовирале. Со оглед на составот, може да се користи и како храна и како лек кај сите возрасти. Содржи се што човек може да замисли од микро и макро елементи. Се употребува за проблеми со остеопороза и фертилитет, за полови дисфункции, за зголемување на мускалната маса, за ублажување на симптомите од менопауза, за проблеми со вишок масти или висок притисок. Има цела палета заболувања кај кои може да помогне. Практично, ја надополнува, ја балансира рафинираната храна што ја консумираме секојдневно која, знаеме, е една од најчестите причини за појава на болести. Низ источните земји трутовото млеко се продава како суплемент и така се третира, како додаток на храната, а го има буквално секаде, во маркети, продавници за здрава храна, аптеки, кај производители,..., објаснува Најдовски.

Чувањето на трутовото млеко е специфично зашто е термолабилно, па откако ќе се „извади“ мора што поскоро да се конзервира. За тоа има повеќе начини - во алкохол, со замрзнување,..., постојат неколку методи.

-Најдобро е трутовото млеко да се набави таму каде што се произведува. Државата овозможи продажба од „куќен праг“, па луѓето ќе може да го купуваат директно од пчеларите, подвлекува Најдовски.

Тој и неговите колеги моментно се максимално посветени на информирање и едукација на потрошувачите, но и на пчеларите. За дозирањето и начинот на користење се подготвуваат посебни видео материјали кои ќе бидат бесплатно достапни за граѓаните (потрошувачите), додека за пчеларите (за начинот на производство) ќе има специјални упатства.

-Од трутовото млеко корист ќе имаме сите, пчеларите ќе остварат дополнителен приход и ќе бидат попрофитабилни зашто се работи за „нов иновативен производ“, ќе се обезбеди подобра исхрана за граѓаните и ќе се зачувува биодиверзитетот. Моментно учиме од бугарски експерти како да произведуваме трутово млеко, нагласува Најдовски.

Тој потсетува дека Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци реализира проект „Паметен соларен пчеларник“, чија главна цел е да се создадат услови за профитабилно пчеларство преку производство на нови иновативни производи врз база на пчелни трутови во услови на климатски промени. Проектот е поддржан од ЕУ и Владата на Црна Гора преку регионалниот проект „EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија на Западен Балкан“./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство

Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада во понеделник откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада.

Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство

Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада, а спорот околу зголемувањето на данокот на богатство ја доведе коалицијата на работ на колапс, објави Ројтерс.

Јетен ќе разговара со лидерите на VVD и Христијанско-демократската партија. По гласањето, тој рече дека ќе направи сè што може за да ја спаси коалицијата и најави дека ќе се обиде да постигне „нов почеток“.

Кризата избувна поради договорот со левичарската опозиција за поддршка на даночниот план за 2027 година во замена за мало зголемување на даноците на богатство. Коалицијата од три партии, формирана пред помалку од девет месеци, е поделена околу предлогот.

Десничарската, бизнис-ориентирана Народна партија за слобода и демократија (VVD) остро се спротивстави на амандманот, додека центристичката партија D66 на Јетен и Христијанско-демократската партија го поддржаа предлогот. Сепак, планот беше усвоен со тесно мнозинство, благодарение на гласовите на опозициските партии.

Лидерот на VVD, Рубен Брекелманс, го опиша гласањето како „разочарувачко“ и рече дека неговата партија сериозно ќе го преиспита својот став. Излегувањето на VVD од коалицијата веројатно би значело крај на малцинската влада на Јетен.

Кризата би можела да доведе до нови избори, четврти во Холандија за пет години. Сепак, гласањето не е единствената опција: партиите би можеле да се обидат да формираат нова влада врз основа на постојната распределба на места во Долниот дом на парламентот.

Таквиот договор веројатно би довел повторно до малцинска влада, нешто што главната левичарска опозициска партија Про веќе го отфрли.

Јетен стана најмладиот премиер во холандската историја во февруари. Неговата партија Д66 неочекувано ги доби изборите пред една година, со кампања која ветуваше раскинување со претходната влада, во која доминираше националистот Герт Вилдерс.

Новата влада се соочи со тешкотии од самиот почеток, бидејќи нема мнозинство во ниту еден дом на парламентот и мора да ја обезбеди поддршката од опозицијата за да ги усвои своите предлози. Холандија традиционално е управувана од коалициски влади со парламентарно мнозинство, но нивното формирање е сè потешко поради политичката фрагментација и промените во поддршката на гласачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Патничките возила Škoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq се повлекуваат од српскиот пазар поради ризик од повреди, беше објавено во системот за брза размена на информации NEPRO за опасни производи.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Повлекувањето се однесува на моделот или моделите Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq на Шкода, а видот на ризикот е: Ризик од повреди, објави Телеграф.

Овој случај е регистриран под број на повлекување 134/2026, од 13.11.2026 година. Категоријата на случајот е повлекување на потрошувачки производи.

На засегнатите возила, навлегување на влага може да предизвика корозија на завртката за монтирање на управувачот. Доколку оваа корозија напредува, монтирањето на управувачот може да биде компромитирано. Ова може да доведе до губење на контролата врз возилото (губење на способноста за управување) и да го зголеми ризикот од повреди на учесниците во сообраќајот.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивниот модел е засегнат од повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот или надлежните институции.

Кај возилата опфатени со повлекувањето на моделот „48LS“, завртката за монтирање на механизмот за управување ќе биде заменета со нова, поотпорна на корозија. На веб-страницата www.skoda-auto.rs/ е можно да се провери, со користење на VIN бројот (број на шасија на возилото), дали возилото е опфатено со повлекувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри

Заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле.

Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри

Зборувајќи на погребната церемонија за 110 лица убиени во војната меѓу Иран и Ирак во 1980-тите, позната таму како „Света одбрана“, денеска во Техеран, заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле откако сфатил дека неговите агенти и платеници не се способни да се соочат со Исламската револуција, објави Тасним њуз.

Тој рече дека агресорите се обиделе да го распарчат Иран, да го соборат неговиот политички систем, да го лишат од неговите нуклеарни и ракетни капацитети, да го ослабат Фронтот на отпорот и да ги ограбат неговите нафтени ресурси, како што направија во Венецуела, во обид да го понижат иранскиот народ.

Генерал-мајор Езади истакна дека воените капацитети и одвраќањето на Иран достигнале ниво каде што командантите на ракетните линии на фронтот лансираат ракети со боеви глави тешки два тона на растојание од 1.500 километри, со што ги попречуваат непријателските планови насочени кон безбедноста и моќта на земјата.

Тој додаде дека непријателските бази на копно и море биле подложени на разорни напади од страна на иранските борци, истакнувајќи дека стравот од воените капацитети на Иран ги навел самите противници да признаат дека нивните ракетни залихи и ресурси се значително исцрпени.

Заменик-командантот на ИРГК нагласи дека иранските вооружени сили ќе одговорат веднаш и ефикасно на агресијата и ќе ги натераат напаѓачите да се покаат за своите постапки, во случај на каква било закана, без оглед на нејзиниот интензитет или природа. Тие исто така ќе дејствуваат „без никакви географски ограничувања“ за да ги уништат корените на угнетувањето и ароганцијата, додаде тој.

Изјавите дојдоа откако Врховниот лидер на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, ја нагласи важноста на одржувањето висока борбена готовност и максималното ниво на одвраќање од потенцијални закани. На неодамнешниот состанок со високи воени команданти, Врховниот лидер нареди итен и силен одговор на каква било закана, без географски ограничувања, нагласувајќи дека ако непријателите обноват воени или терористички напади, иранските вооружени сили и народот ќе одлучат кога ќе завршат и под кои услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер