Труење со велигденски јајца во Кавадарци, лекарите апелираат на внимателност - Канал 5

Труење со велигденски јајца во Кавадарци, лекарите апелираат на внимателност

Две кавадарчанки на возраст од 62 и 55 години се затруле од расипани јајца – потврдуваат од службата за итна медицинска помош од Кавадарци.

Труење со велигденски јајца во Кавадарци, лекарите апелираат на внимателност

Според надлежните, 62-годишната пациентка побарала помош на 19-ти април и веднаш била хоспитализирана, додека другата, по третманот во болницата била пуштена дома.

-Според анамнезата, двете пациентки на 62 и 55 годишна возраст дента конзумирале велигденски јајца. Пациентката на 62 години е хоспитализирана на 19.04., а нејзината хоспитализација зависи од моменталната здравствена состојба и медицински лабораториски наоди. Извршени се прегледи и анализи и дадена е првична рехидрациона и симптоматска терапија во дневната болничка амбуланта. Пациентката на 55 годишна возраст е третирана во дневната амбуланта, но истата ја одбила со образложение дека и е многу подобро. –се наведува во соопштението од итната медицинска помош од Кавадарци.

Од универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје велат дека изминатиот период немале примени пациенти кои биле затруени со велигденски јајца. Д-р Андон Чибишев од клиниката за токсикологија, пак, вели дека по конзумирањето може да има сериозни здравствени потешкотии и треба веднаш да се јави во најблиската здравствена установа.

-Особено многу се опасни кај малите деца и кај повозрасни пациенти, затоа што кај нив брзо се губат, нели, течности и електролити коишто може да предизвикаат и други здравствени потешкотии од страна на ЦНС, на кардиоваскуларниот систем, посебно кај возрасни или да предизвикаат пореметување на функцијата на бубрезите. Затоа, многу внимателно треба да се постапува со варените јајца. Апсолутно без експериментирање и без преземање мерки на своја рака. Веднаш да се јават во најблиската здравствена установа кадешто ќе добијат најмалку стручен совет, а ако има потреба и стручна помош,- - Андон Чибишев – Токсиколог.

Лекарите препорачуваат велигденските јајца да се чуваат во фрижидер и максимално да се конзумираат до три дена од нивната подготовка, а потоа да се користат како украсен традиционален декор, не како храна, бидејќи се одлична подлога за патогени микроорганизми. Според нив, живите јајца можат да се чуваат подолго за разлика од сварените, бидејќи при варењето на јајцата се уништува заштитниот слој и е поизложено на расипување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. 

Силен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО)

Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс.

Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час.

Ветрови посилни од 150 километри на час

Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште.

Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови.

Откажани се речиси илјада летови

Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Во петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја Дукова

„Гответе со Дракче“ - Леќата на Маја

Состојки за денешниот рецепт:

1 чаша црвена леќа

4 моркови

1 пиперка

1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос)

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

мало парче свеж ѓумбир

1 коцка за супа

1 конзерва кокосово млеко

1 лажица масло

сол, бибер, кари и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер