Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
1Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
СветТрудо со реакција на најавата на Трамп за царини: Нашиот одговор ќе биде силен, брз и одмерен Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека ако претседателот Доналд Трамп сака да воведе „златно доба“ за Соединетите држави, ќе му треба енергија, клучни минерали и ресурси што Канада е подготвена да ги обезбеди.„Тука сме за да бидеме конструктивни партнери“, рече Трудо во својата прва јавна изјава откако Трамп предложи дека може да воведе царини од 25 отсто на канадскиот увоз во рок од неколку дена, објави Ројтерс. Иако Трамп се закани дека ќе воведе казнени царини за Канада на неговиот прв ден на функцијата, на денот на инаугурацијата тој избра да објави план за проучување на наводните нефер трговски практики. Тој потпиша извршна наредба со која се наложува студијата да биде завршена до 1 април. Сепак, доцна вчера вечерта, при потпишувањето на оваа и другите извршни наредби, Трамп рече дека размислува за воведување царини од 25 отсто за Канада и Мексико почнувајќи од 1 февруари. „Размислуваме за царина од 25 отсто за Мексико и Канада, бидејќи тие им дозволуваат на огромен број луѓе - Канада е исто така многу лош престапник - огромен број луѓе и фентанил да дојдат во Соединетите држави“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Трудо рече дека Канада веќе била во ваква ситуација за време на првата администрација на Трамп. „Секогаш ќе има одредена количина на непредвидливост и реторика од оваа администрација“, рече тој. Трудо рече дека фокусот на неговата влада останува на избегнување царини - но ако тие напори не успеат, Канада ќе одговори и „сите опции се на маса“. „Нашиот одговор ќе биде силен, брз и одмерен, но многу цврст. Целта ќе биде да се отстранат овие тарифи што е можно побрзо“, рече Трудо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиДрама во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)По одличната квалификациска сесија, Марк Маркез доживеа вистинска катастрофа на самиот почеток од спринтерската трка.Шпанскиот мотоциклист и десеткратен светски шампион сакаше да ја започне Спринт трката во Валенсија, во својот последен викенд во шампионатот Мото ГП, но неговиот мотор се запали на самиот почеток и тој мораше да ја напушти трката. Беше многу драматична сцена. Непосредно пред да се изгаснат стартните светла, возачите зад Маркез почнаа да мавтаат со рацете бидејќи видоа пожар. Потоа Маркез сфати дека нешто се случува, а чадот брзо се претвори во оган. Шпанецот се обиде да го турне моторот во боксот, но пламенот веќе зафатил добар дел од моторот, а тој беше малку изгорен. На крајот, стјуардите излегоа со противпожарни апарати и го изгаснаа пожарот на моторот. Марк Маркез ќе се збогува со шампионатот Мото ГП во недела во 13:00 часот, кога е закажана последната трка од сезоната во Валенсија. Lights ou...OH NO! MARC'S BIKE IS ON FIRE! 🔥😱 #ValenciaGP 🏁 https://t.co/njzVbiQmQ8 — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 28, 2026 Тагови: Валенсија Марк Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопруготОсновното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство .Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото. На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест. Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПодготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци Околу три четвртини од Словенците имаат тридневна залиха од храна и пијалоци дома во случај на вонредна состојба, според анкетата на Националниот институт за јавно здравје на Словенија (NIJZ).Во онлајн анкетата, спроведена во септември како дел од студијата SI-PANDA, учествувале 1.502 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години, објави денес RTV SLO. Резултатите покажаа дека девет од 10 испитаници имаат батериска ламба или свеќи дома, како и комплет за прва помош. Околу 61 процент од испитаниците имаат залиха од заштитни маски, средства за дезинфекција или сапун, додека 42 проценти имаат копии од најважните документи или пристап до нивните дигитални верзии. 41 процент од испитаниците поседуваат радио на батерии. Сепак, помалку од 40 проценти од жителите имаат тридневна залиха од вода за готвење и лична хигиена, или најмалку три литри по лице дневно. Околу 20 проценти од испитаниците имаат план за евакуација, додека само 15 проценти се договориле со семејството и пријателите за тоа како да се контактираат едни со други во случај на несреќа или вонредна состојба. Само околу 10 проценти имаат подготвена торба или ранец со најпотребните работи за брзо да го напуштат домот. Анкетата, исто така, покажа дека жителите на руралните средини се генерално подобро подготвени за вонредни ситуации од оние во градовите. Исклучок се копиите од најважните документи, кои се почести кај жителите на урбаните средини. NIJZ потсети дека во последните години Словенија се соочи со бури, поплави и други катастрофи кои влијаеле на секојдневниот живот на населението, но дека вонредните состојби можат да се појават и поради социјални и технолошки настани. Институтот ја нагласи важноста на планирањето, меѓусебната помош и подготовката на основните залихи, особено во случај на привремени прекини во снабдувањето со вода, електрична енергија, греење или храна. Европската комисија неодамна објави упатства за зајакнување на подготвеноста на населението, кои, меѓу другото, препорачуваат поединците и домаќинствата да бидат самоодржливи најмалку 72 часа во случај на прекини во снабдувањето или функционирањето на јавните услуги. Меѓу препораките е подготовка на торба или ранец со најпотребните работи во случај на итна евакуација.Тагови: вонредна состојба Словенците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook