Трпела неподносливи болки за време на односот поради менопаузата, а потоа доживеала чудо! - Канал 5

Трпела неподносливи болки за време на односот поради менопаузата, а потоа доживеала чудо!

Познатата колумнистка Енџи Меклаф го сподели своето непријатно искуство со многу читателки и  предизвика големо внимание.

Трпела неподносливи болки за време на односот поради менопаузата, а потоа доживеала чудо!

Сведочењето на колумнистката Енџи Меклау, објавено во „Хафингтон пост“, го прочитаа многу жени и многумина се пронајдоа во изнесениот проблем. Имено, со влегувањето во менопауза, сексуалните односи со нејзиниот сопруг, за кого Меклау истакнува дека е многу привлечен, станале неподносливо болни. Поради тоа нејзиното либидо паднало и таа целосно ја изгубила желбата за интимен однос.

- Не бев подготвена да го прифатам тој удар врз мојот брак, па дури и врз сопствениот идентитет, па побарав упат од мојот гинеколог за физиотерапевт кој се занимава со дното на карлицата... но со упатот не направив ништо затоа што не отидов кај специјалистот. Во меѓувреме либидото ми спласна, а сексот стана уште поболен – изјавила авторката на статијата.

После цела година одлагање, закажала преглед и ѝ доделиле жена физиотерапевт, која, според колумнистката, веднаш покажала сочувство и разбирање за состојбата во која се наоѓаат средовечните жени.

- Физиотерапевтката најпрво се позанимава со поврзаноста на физичката болка и умот. Таа ми објасни дека кога мозокот ќе почувствува болка во одреден дел од телото, тој станува повнимателен за опасноста од следната повреда. Всушност, нашето тело може да произведе нервни завршетоци таму каде што се јавува болка или каде што се очекува болка. Ова значеше длабоко дишење и повторно учење на своето тело да ми верува дека ќе прекинам со секаква активност која предизвикува вагинална непријатност, објаснила Енџи.

Проблемот со кој се соочила за време на менопаузата е тоа што нејзините вагинални мускули не биле флексибилни како порано, а тоа дополнително влијаело на непријатноста што ја чувствувала за време на интимните односи. Познато е дека во периодот на менопауза репродуктивната функција престанува, доаѓа до хормонални промени, а тие лошо се одразуваат на женската емотивна и психичка состојба.

За повторно да се чувствува добро во својата кожа, Енџи решила да вложи максимални напори за да го спаси својот брак. Еден од чекорите вклучувал и терапија заедно со сопругот.

- Терапевтката предложи да купам сексуална играчка за себе... Си купив вибратор... Се разбира, физикалната терапија не беше евтина или едноставна, и сè уште не сум целосно ослободена од болката за време на сексот, но чувствувам дека напредувам. Сепак, сфаќам колку сум среќна што имам време, пари и здравствено осигурување да се справам со тоа. Тоа не треба да е привилегија на избраните, туку секој треба да има пристап до она што му е потребно за здрав, среќен сексуален живот – заклучува таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер