МакедонијаТрошоците за заштита на животната средина во 2024 повисоки за 18.3 % од претходната годинаВредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесува 10 503 523 илјада денари и се повисоки за 18.3 % од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (32.7 %), потоа на трошоците за за циркулациски системи за снабдување со вода (29.0 %) и на трошоците за постапување со отпад (23.7 %). Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64.0 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 36.0 %. Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 5 141 293 илјади денари, односно 49.0 %. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и кај специјализираните производители, 30.1 % се наменети за инвестиции, а 69.9 % се за одржување на средствата. Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 89.9 %.Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МетеоУтре наутро ведро и студеноУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската КомисијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава.Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го индивидуалниот придонес на Урсула фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси. Според претседателката, иако нашата држава не е формално меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, таа, низ призма на двата најважни елементи: техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика, заслужува да биде со нив, наместо на споредната патека. Причината за македонското отсуство од друштвото на најуспешните, за неа е во давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред копенхашките критериуми?! Претседателката изрази цврсто уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија, со сигурност ќе ја зајакне нашата институционална подготвеност и ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација, што ќе го забрза реформскиот курс. Исто така, Сиљановска-Давкова потсети на потребата да се одржи политичка Меѓувладина конференција, согласно новата методологија и Преговарачка рамка, како и регуларен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, потенцирајќи ја важноста на практикувањето витален интеграциски процес, што ќе резултира со видливи резултати за македонските граѓани. Претседателката на Европската Комисија истакна дека нашето место е во Унијата, којашто ќе продолжи сестрано да нѐ поддржува на реформскиот, евроинтеграциски пат, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни. Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГолемо изненадување меѓу кандидатите за „Светски автомобил на годината“: Кина доминира„Светски автомобил на годината“ за 2027 година: Кинеските производители имаат дури 27 модели на листата.Организаторите на наградите „Светски автомобил на годината“ ги објавија 56-те кандидати кои се натпреваруваат за престижните награди за 2027 година. Речиси половина – поточно 27 модели – доаѓаат од Кина. За да се квалификува за главната награда „Светски автомобил на годината 2027“, автомобилот мора да се произведува во обем од најмалку 10.000 примероци годишно и да се продава на најмалку два големи светски пазари на најмалку два континента. Меѓу кандидатите за главната награда се: BMW i3, BYD Ti7, Chery Q, Cupra Raval, Deepal S07, Exeed RX, GAC Aion V, Geely Starray EM-I, Hyundai Ioniq 3, Jetour T2, Kia Telluride, Leapmotor T03, Lynk & Co 900, Mazda CX-5, MG4 EV Urban, Onvo L90, Subaru Trailseeker, Volvo EX60 и Zeekr 8X. Погледнете ја целосната листа: Објавени се и кандидатите за категориите „Светски градски автомобил“, „Светски луксузен автомобил“ и „Светски автомобил со високи перформанси“, додека листите за „Светски електричен автомобил“ и „Светски дизајн на автомобил“ ќе бидат објавени подоцна. Кандидати за „Светски градски автомобил“ се, меѓу другите: Chery Q, Cupra Raval, Geely EX2, Hyundai Ioniq 3, Kia EV2 и Leapmotor T03. Категоријата за луксузен автомобил ги вклучува: Audi Q7, Avatr 07, BMW X5, Genesis GV80 Hybrid, Jaguar Type 01, Polestar 5, Range Rover GT, Xpeng X9 и Zeekr 9X. За наградата за најдобар спортски автомобил ќе се натпреваруваат Chevrolet Corvette ZR1 и ZR1X, Genesis GV60 Magma, Kia EV4 GT, Lotus Eletre X, Lynk & Co 02, Zeekr 7GT и Porsche Cayenne Turbo Electric. Победниците во сите категории ќе бидат објавени на 24 март 2027 година. Извор: Б92Тагови: автомобил на годината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook