Тројно зголемен интересот за вакцинација по растот на случаите со голема кашлица - Канал 5

Тројно зголемен интересот за вакцинација по растот на случаите со голема кашлица

Тројно е зголемен интересот за вакцинирање со ДТПР вакцината по расттот на случаите со голема кашлица кај децата.. 

Тројно зголемен интересот за вакцинација по растот на случаите со голема кашлица

Тројно зголемен е интересот за вакцинација со ДТПР на вакциналните пунктови, по зголемениот број на заразени со пертусис како и предлог мерките од Комисијата за заразни болести. Пунктот во Букурешт почнувајќи од оваа сабота ќе работи и наредните од 8 до 14 часот ,а од понеделник во две смени до 19 часот, согласно препораките. Иако дел од родителите беа на редовна вакцинација на своите деца, најголемиот број се деца од 2 до 6 години за пропуштена ревакцинација, која според вакциналниот календар задолжително се прима на 18 месеци.

Од почетокот на месец Јануари имаме двојно поголем број на посети во споредба со месец декември. Ако регуларните посети во текот на денот ни се од 20 до 30 пациенти вчера само во двете смени имавме 130 пациенти вакцинирано и еве сега до овој момент имаме 60 и тоа е повеќе од тројно зголемен број на пациенти. - Д-р. Сања Цилевска-Младеновска – поликлиника „Букурешт“

Педијатрите посочуваат дека е важно да се зборува со родителите за значењето на редовната вакцинација на децата во секое време, не само кога има епидемија и да не се дозволи агресивните антиваксески кампањи да ги вратат децениски заборавени заболувања.

За жал обично се чекаат ситуации како што беше 2019 епидемијата со морбили па голем дел дечиња тогаш беа вакцинирани за морбили, еве сега пертусис, препораките треба да бидат воедначени и сите гласно да говориме за вакцинација затоа што сведоци сме дека последните години антивакциналните кампањи се доста агресивни, користат доста агресивна реторика, ги заплашуваат доста родителите и родителите често се во недоумица затоа пред се апел до родителите па и до колегите недвосмислено сите да зборуваме за вакцинација. - Д-р. Сања Цилевска-Младеновска – поликлиника „Букурешт“

Дежурен вакцинален пукт има и во Здравствениот дом во Гостивар. Во меѓувреме сеуште се чека одлука од влада за прогласување на епидемија во скопје и забрана за невакцинираните да одат во градинките, како што препорача комисијата.за заразни болести. Досега се потврдени 26 случаи на заразени со пертусис од кои најголем број се во Скопје, Куманово и Гостивар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. 

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување на реформите и зајакнување на институционалните капацитети.

Во своето обраќање, Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Тој нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, спроведувањето на реформите и целосното усогласување со вредностите и политиките на Европската Унија.

Осврнувајќи се на искуството на земјата во пристапниот процес, Сали оцени дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е еден од главните столбови на европската трансформација на државата, придонесувајќи за зајакнување на законодавството, економијата и администрацијата. Сепак, тој посочи дека главниот предизвик денес е ефективното спроведување на реформите, особено во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Сали ја поздрави визијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за поамбициозен модел на постепена интеграција, кој ќе им овозможи на земјите кандидати постепено вклучување во политиките, програмите и делови од Единствениот пазар на ЕУ пред членството. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да ги забрза подготовките, да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите и да ја зајакне довербата во процесот, додека крајната цел останува полноправното членство во Европската Унија.

Во овој контекст, Сали повика на покоординирана поддршка од земјите членки преку директна експертска помош, TAIEX, Твининг и подолгорочно ангажирање европски експерти во домашните институции. Тој истакна дека пристапниот процес мора да остане правичен, предвидлив и заснован на заслуги, така што резултатите и тешките политички одлуки ќе бидат проследени со конкретен напредок.

„Македонија ја избра Европа. Подготвени сме да го исполниме нашиот дел и очекуваме посветеноста, реформите и резултатите да бидат препознаени со напредок. Инвестирањето во нашите капацитети е инвестиција во идна земја членка и во посилна Европа“, истакна Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.

Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер