По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата
2По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата
БалканТројно убиство во Србија: Момче си ги уби болните татко, баба и дедоАлекса Милојевиќ (22) со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажавац, Србија.Телеграф пишува дека младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни. „Тој е уапсен и го признал делото. На полицијата ѝ рекол дека повеќе не можел да се грижи за нив“, рекол министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Телеграф. Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВооружен инцидент во Арачиново: Ранет албански пејач, напаѓачите се во бегство Должел пари, па му пукале во нога – ова според неофицијланите информации на Канал 5 бил мотивот и причините за нападот врз познатиот албански пејач Азиз Мурати во Арачиново. 48 годишникот, бил пресретнат на влезот на скопското село, доцна по полноќ на 8ми септември, а едно од двете лица ги познавал, според првичната пријава до полицијата, која пристигнала од Градската болница „Св. Наум Охридски“. Според извори на Канал 5 од истрагата, лицата кои го пресретнале, првично физички го нападнале Мурати и му се заканувале да го врати она што го должи, а потоа, според информациите, добил „предупредувачки куршум“, откако барал да му се поштеди животот. Пејачот сега е во стабилна состојба, откако по приемот била извршена реанимација и итна операција. -Однесен е во операциона сала, опериран е, стабилизирана е скршеницата, но тоа е само иницијален дел од третманот, така да најверојатно понатаму ќе следат една до две дополнителни интервенции. Инаку во моментот е во стабилна состојба, префрлен е на оддел. - Д-р Небојша Настов – Директор на Градска Болница „Св. Наум Охридски“ По сторителите во моментов се трага, а за случајот е известен и јавен обвинител – велат од МВР за Канал 5. -Е пријавено дека кај нив бил донесен 48 годишниот А.М од Скопје, со повреди од огнено оружје. Имено, според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на село Арачиново – скопско, од како од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба на друго лице, со огнено оружје пукал кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Мурати инаку е широко познат кај албанската публика и е етаблиран во народната и свадбарска музика со голем број на издадени албуми, а познат е и надвор од границите на Македонија, особено во Косово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата Екс-директорот на државна Лотарија Перпарим Бајрами утрово сам им се предаде на полицијата на граничниот Блаце, откако речиси две години беше недостапен за македонските органи на прогонот. Од таму, Бајрами, кој е првообвинет во случајот со проневери во државна лотарија, веднаш е спроведен во затворот во Шутка за издржување на претходно определената мерка притвор. – Да, известен сум дека утрово на граничен премин е лишено од слобода лицето кое го споменавте и за истото ќе бидат спроведени соодветни процесни дејствија согласно одлука којашто е донесена од судот и мислам дека веќе е донесена одлука за спроведување во рамки на затворот Скопје. Добро е што гледаме дека полека, полека сите оние коиштио беа во изминатиот период недостапни на органите на прогон полека, полека се обезбедени. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи Бајрами допрва ќе треба да се види со својот бранител, Еленко Миланов, по што ќе следи одлука дали одбраната ќе бара поблаги мерки – односно куќен наместо ефективен притвор. Миланов за Канал 5 вели дека одбраната веќе го подготува случајот и не верува дека Бајрами ќе признае вина.. – За поздравување е неговата определба да се јави и да ги расчисти сите околности во судска постапка. Решението му е доставено веројатно утрово со неговото приведување, рокот за жалба е три дена, така да, ќе видам да се договорам што и како со мојот властодавател па дури потоа ќе преземам било какви дејствија. Ќе подготвиме одбрана и ја подготвуваме таа одбрана, така што, не верувам дека во однос на овие дејствија кои му се ставаат на товар има место за одговорност, така да не верувам ниту дека ќе има признание на вина.- Еленко Миланов, адвокат на Перпарим Бајрами За разлика од случајот на Артан Груби, овој пат Бајрами нема да биде спроведен на распит во Обвинителството, бидејќи судскиот процес е веќе започнат, а мерката притвор е активна. -Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења. – Основно Јавно обвинителство Следното рочиште за случајот Државна лотарија кое требаше да се одржи овој петок е презакажано за 18 септември, откако од Кривичен информираа дека на Бајрами ќе му биде даден рок за неговата одбрана да се запознае со обвинителниот предлог. Освен тој и Груби, во случајот за проневера на 9,7 милиони евра во Државна Лотарија, обвинети се уште шестмина, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирмаПокрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија - сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти. Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград. Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт. Другите ги нарекуваа предавници. Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа. Ова е лицемерие без граница. Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат. Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат. Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал. Срамота. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11