Тројна закана за напредокот на Балканот кон ЕУ и НАТО

Напредокот на Балканот кон ЕУ и НАТО е соочен со тројна закана - руското влијание, внатрешните слабости на демократија на Западен Балкан и актуелната американска политика кон  регионот.

Тројната закана ја за напредокот на регионот ја заклучија учесниците на конференцијата на Универзитетот „Џон Хопкинс" во Вашингтон.

На конференцијата посветена на овој регион беше истакнато дека ако договорот меѓу Грција и Македонија во врска со името и формално се реализира, членството на Македонија во НАТО и ЕУ може да биде забрзано, а што не и оди во корист на Русија.

Професорот Едвард Џозеф смета дека таа вест „сигурно не ја израдувала Русија", но, тој не мисли оти новиот развој на случувањата нужно ќе го зголеми притисок на Русија врз Србија, која останува воено неутрална.

- Русија го гледа НАТО како непријател, но тоа е нејзин проблем и не треба да стане проблем на Србија, вели Џозеф.

Според него, Србија ќе одлучи што ќе прави и не мора да стане земја-членка, но, додаде Џозеф, факт е дека нејзините соседи Хрватска и Црна Гора се веќе во НАТО, а Македонија е на тој пат.

- Затоа, Русија може да изврши притисок врз Србија, но, исто така, може да признае дека изгубила, вели Џозеф.

Професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс" и експерт за Балканот, Даниел Сервер изјави дека го разбира флертувањето на Белград со Москва, но, треба јасно да се утврди што е навистина во интерес на Србија.

- Моето мислење е дека интересот е на Запад. Слушнавме тука од амбасадорот на Србија дека 99 проценти Срби, кога би имале избор, би студирале и работеле на Запад, а не во Москва. И зошто е тоа така? Западот едноставно има повеќе да понуди, заклучи Сервер.

Американскиот дипломат Томас Кантримен смета дека не е проблемот само во натпревар меѓу Вашингтон, Москва и Брисел, туку во тоа што во земјите од Западен Балкан се уште има корупција, а нема владеење на правото и слобода на медиуми.

Поранешниот функционер на црногорската влада Небојша Тодоровиќ, кој на Универзитетот „Џон Хопкинс“ прави истражување за руската политика во регионот рече дека Балканот за Русија е само едно од многуте боиштата ширум светот и дека меѓу нив не постои братска љубов, туку само интерес.

На конференцијата на Балканот беше и поранешниот заменик-помошник на државниот секретар на САД, а во моментов дипломат без ангажман, Хојт Брајан Ји, добитник на наградата „Медитеран Лидершип" за 2018 година, поради извонредните достигнувања за време на неговиот мандат.

Хојт Ји, кој во текот на целата своја кариера се занимава со Балканот, шеговито опиша како тоа влијае врз американските дипломати.

- За американски дипломат занимавањето со Балканот почнува како хоби, а потоа се претвора во зависност, а завршува како болест, изјави Хојт Ји, пренесува Гласот на Америка.

Амбер Алерт Европа ја стартува кампањата „Провери. Размисли. Пријави“, во Македонија и 15 земји

На улица, на игралиштата и во парковите, сами или во метеж, или пак преку онлајн навлекување, предаторите ги користат сите можни механизми да дојдат до децата.

На улица, на игралиштата и во парковите, сами или во метеж, или пак преку онлајн навлекување, предаторите ги користат сите можни механизми да дојдат до децата, а само во Европа, над 300.000 годишно насилно се одземаат од своите родители, а голем дел од нив никогаш повеќе не се соединуваат... Сепак борбата против овој грозоморен чин продолжува... Амбер алерт Европа ја стартува кампањата под слоганот „Провери. Размисли. Пријави“, во 16 земји од кои дел ќе биде и Македонија, преку која ќе се советуваат граѓаните како да постапат во случај на исчезнато дете...

- Министерството за внатрешни работи учествува во кампањата на фондацијата „Амбер алерт“ која што се спроведува овој месец во насока да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да укажеме на граѓаните, доколку имаме случај на исчезнато лице како треба да се постапува и што треба да се направи. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете“ за да ги алармирате надлежните,- - МВР.

Дел од оваа кампања ќе биде и платформата „Најди ме“ која беше лансирана по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска. Од таму велат дека во училиштата мора да има сериозна едукација на децата како да се заштитат и да ги проценат опасностите, а воедно упатија и неколку совети за заштита до родителите и младите за заштита од предатори.

-Секое сомнително комуницирање, во смисол сомнително со лице прво не го познаваме, запознавање на лица преку интернет и барање за средба од нивна страна да не се прифаќа. Најголем предизвик е кај најмладите, малите деца знаете, имаат ограничена едукација, немаат образование почнато, можеби слабо зборуваат, комуницираат со било кој да им се приближи, такви се децата, доверливи се, може да ги излажат со едно чоколатце или лижавче, секако за нив сме ние возрасните одговорни,- -Александра Радевска – новинар – платфортма „Најди ме“.

Последниот случај на нерешено исчезнување на дете во земјава се случи во 2022 година. Сликата на Петар Џобески кому му се изгуби секаква трага и глас на 11 годишна возраст се уште стои на страницата на МВР во делот на исчезнатите лица...

Над 3.000 украински затвореници побарале да се приклучат на армијата

Илјадници украински затвореници бараат да ѝ се приклучат на армијата, соопшти денеска Киев, по одлуката на Парламентот со која се овозможуваат некои категории затвореници да се приклучат на вооружените сили.

- Има повеќе од 3.000 луѓе. Ова го предвидовме пред усвојувањето на овој закон, наведе заменик-министерката за правда Олена Висоцка.

Таа додаде дека властите идентификувале 20.000 подобни затвореници и дека од нив 4.500 изразиле интерес да се приклучат на армијата.

Согласно новиот закон на украинската армија може да ѝ се приклучат само затвореници на кои им останаа помалку од три години од казната. На мобилизираните затвореници им се дава условно ослободување наместо помилување.

Меѓу оние кои немаат право да служат во армијата се лица кои се прогласени за виновни за сексуално насилство, убиство на две или повеќе лица, сериозна корупција и поранешни високи функционери./МИА

Двојно повеќе претставки добила комисијата минатата година во однос на 2022

Двојно повеќе претставки добила Комисијата за заштита и спречување дискриминација минатата година, во однос на 2022 година.

Како што покажува годишниот извештај, основите за дискриминација се личното својство и општествениот статус, сексуалната ориентација и родовиот идентитет и националната и етничката припадност.

притисни ентер