Тројцата повредени кои се хоспитализирани во Атина се во релативно добра состојба - Канал 5

Тројцата повредени кои се хоспитализирани во Атина се во релативно добра состојба

Тројцата повредени, кои во текот на ноќта од Скопје со авион C-27 на грчкото воздухопловство беа префрлени во Атина и хоспитализирани во Општата воена болница 401, според информациите на дописничката на МИА од Атина, се во релативно добра состојба.

Тројцата повредени кои се хоспитализирани во Атина се во релативно добра состојба

Според истите информации, станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници, во атинската воена болница превентивно се на Одделот за интензивна нега, меѓутоа не се приклучени на апарати.

Како што синоќа објави МИА, авионот кусо по 22 часот ги презеде повредените од Скопје и полета кон Атина, каде што пристигна околу полноќ, а тројцата млади со возила на брза помош беа пренесени во воената болница.

Од грчката амбасада во Скопје на Фејсбук објавија фотографии од авионот на скопскиот аеродром и напишаа дека нивните мисли и молитви се со повредените, паралелно изразувајќи „солидарност со Македонија“.

Од Генералштабот на националната армија на Грција, денеска преку Икс информираа дека 20 минути по полноќ „грчките вооружените сили извршија лет за медицинска евакуација со C-27 J Spartan, транспортирајќи три пациенти на интензивна нега во Воената болница 401 во Атина по трагедијата во Кочани“.

Во Грција вкупно се хоспитализирани осум повредени, тројца во солунската болница Папаниколау, двајца во воената болница 424 во Солун и уште три лица во Општата воена болница 401 во Атина.

Алијанса за Албанците вечерва се очекува да го официјализира излегувањето од владата

Во наредните два дена Тараври ќе ја официјализира веќе извесната одлука за излегување на Алијанса за Албанците од Владата. 

Алијанса за Албанците вечерва се очекува да го официјализира излегувањето од владата

Одлуката се очекува да биде потврдена уште вечерва на состанок на партиските тела, но како што велат од таму таа ќе биде официјално соопштена на средбата помеѓу Мицкоски и Таравари која треба да се случи деновиве. Во меѓувреме Таравари во изјава од Врапчиште порача дека дека не сакале да бидат марионети во Владата и упати низа критики кон нејзиното работење.

„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти владата. Кога сите трчаат да влезат во владата, ние сме навикнати да ја напуштаме владата. Ја напуштаме владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари“

По веќе извесната одлука на Таравари за излез од владината коалиција од ДУИ обвинуваат дека Владата целносно се претворила во монетничка и бараат да се преиспита легитимитетот на политичките претставници во Владата на предвремени парламентарни избори. Од ЗНАМ пак возвраќаат дека оваа Влада е се само не моноетничка со три албански субјекти во неа.

„За нас е неприфатливо да седиме во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ. ЗНАМ и во предизборната програма говореше за интна потреба од дедуизација на општеството. По дуизација не подразбираме албанофобија, туку напротив дузиацијата значеше систем на коруптивно и криминално владеење “

Премиерот Мицкоски уште вчера му посака среќа на Таравари надвор од владината колиција порачувајќи му дека не очекувал оти ќе се врати во прегратките на Ахемти. Кој ќе седне во ресорот здравство останува непознарто, но од Вреди сметаат дека местото им припаѓа ним и најавуваат дека ќе предложат најдобри кадри за испразнетите функционерски места што сега ги држи крилото на Алијасна предводено од Таравари. Непознато останува и како ќе дејстуваат и нивните пет пратеници, но засега ја отфрлаат можноста за приклучување кон Европскиот фронт. Од владеачките партии пак тврдат дека со или без пратениците на Таравари парламентарното мнозинство е повеќе од стабилно, и предвремени избори заедно со локланите нема да има.

Бендевска: СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“

СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“ дека членството на ЗНАМ се враќало кај нив

Бендевска: СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска денеска на прес конференција упати порака до раководството на СДСМ да го „синхронизира политичкиот маркетинг со реалноста на терен“.

– Итно поставете редари пред вашите општински штабови. Не заради безбедност, туку за да може некако да се среди „хаосот“ од гужвите кои настанале откако, наводно, членство на ЗНАМ масовно се враќало кај вас, според ваше тврдење. Разбираме дека СДСМ влегува во фаза на политичко самозалажување - позната и како фаза на „предизборна фантазија“ – ама барем синхронизирајте го политичкиот маркетинг со реалноста на терен. Ако тврдите дека членовите на ЗНАМ се враќаат кај вас, тогаш зошто сите ваши штабови низ државата изгледаат како музеи на политичка археоплогија – затворени, запрашени, заборавени, рече Бендевска.

Прикажа фотографии од штабовите на СДСМ, на кои, според неа, со месеци нема никаква активност и порача дека членството на ЗНАМ е стабилно и решено да изгради нов политички субјект, кој ќе функционира чесно и ефикасно.

– Движењето ЗНАМ е тука – со луѓе со идеи, со визија. Се бориме за промени, а не за фотељи. За систем кој работи исклучиво во корист на граѓаните. Се бориме за нов политички модел, за нова култура на одговорност и резултати. Враќањето назад во системот на СДСМ, кој го девалвираше достоинството на граѓанинот и тргуваше со националните интереси, со што ја потроши довербата на народот за членството на Движењето ЗНАМ, не е опција, рече Бендевска.

По што се разликуваат Американците од другите луѓе?

Постои појава по којашто луѓето ширум светот ги препознаваат Американците.

По што се разликуваат Американците од другите луѓе?

Тоа е „американското навалување“ - положба кога личноста се потпира на ѕид, ограда и слично, и ја префрла својата телесна тежина на една нога, додека чека или разговара со некого. Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција - ЦИА.

Поранешниот шеф на Одделот за маска на ЦИА, Џона Мендез открива дека Американците често се и подгрбавени, па американските разузнавачи морале да учат како да стојат поправилно за подобро да се вклопат, на пример во европската средина.

YouTube video

Зошто Американците го прават тоа навалување?

На дискусија на „Редит“, како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот. Некои пак, велат оти, просто, се чувствуваат непријатно додека стојат. Навалувањето наназад, велат, го намалува чувството на вкочанетост и им дава чувство на пристапност и опуштеност.

„Не знаев дека тоа е американска работа, но често се чувствувам чудно кога само стојам во место. Полесно е кога ќе се навалам наназад"; „Кој, по ѓав**ите, стои со двете нозе исправени? Така изгледаш како да си подготвен да се соочиш со бруталната вистина дека си здодевен"; „Ние само сме 'чил' (опуштени)“; „Американците се помалку формални, а доброто држење не е нешто што е особено на цена. Само погледнете го Џејмс Дин“ - гласат дел од коментарите.

„Луѓето ги забележуваат Американците поради нивниот нагласок, облеката и манирите, па сè друго - вклучително и навалувањето наназад, им станува уште позабележливо“, ќе рече друг корисник.

YouTube video

Се начна и еден посериозен проблем - работната култура во САД. На многу работни места, особено во малопродажбата, на вработените не им е дозволено да седат.

„Крилатицата 'Ако имаш време да се потпреш наназад, имаш време да зачистиш' - е ноќна мора на секој работник“, вели следниот корисник.

Натаму, корисниците се жалат и на здравствени проблеми - болки во грбот, повреди (коишто не се лекуваат поради скапото здравствено осигурување), недостатокот на паркови и клупи итн.

Дали само Американците се потпираат така?

Вмешувајќи се во разговорот, еден Англичанец пишува: „Стоиме и чекаме во редот - во тишина и страдање. Тоа е она во што ние сме најдобри“.

Имено, некои корисници со право забележуваат дека таквото потпирање не е строго американска навика. А, има и слични други навики... Во Јужна Кореја и други држави, на пр., додека чекаат, луѓето почесто би клекнале отколку да се потпрат. /МИА

притисни ентер