3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
БалканТројцата обвинети за минатогодишниот напад во Бањска во северно Косово се изјаснија за невиниСпасојевиќ, Толиќ и Максимовиќ се само тројца од 45-те обвинети за терористичкиот напад во Бањска.Ниту еден од тројцата обвинети за минатогодишниот терористички напад во Бањска во северно Косово, во кој беше убиен припадник на косовската полиција, не ја призна вината на денешното рочиште во Основниот суд во Приштина, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинетите Владимир Толиќ и Благоје Спасојевиќ во оваа фаза од процесот одбија да ја признаат вината, по што судијата на случајот заклучи дека според законот ова дејствие значи дека тие не ја прифаќаат вината. Третиот обвинет присутен во судницата, Душан Максимовиќ се изјасни за невин. Со тоа завршија првичниот распит и денешното рочиште. Спасојевиќ, Толиќ и Максимовиќ се само тројца од 45-те обвинети за терористичкиот напад во Бањска. На првото рочиште, кое беше одложена (на 27 септември), Основниот суд најави дека ќе се обрати до Врховниот суд за да побара мислење дали за случајот „Бањска“ може да се примени судењето во отсуство за останатите обвинети, кои се во бегство. Во обвинението на Специјалното обвинителство на Косово, подигнато на 11 септември годинава, обвинетите се товарат дека „со употреба на насилство со тешко оружје се обиделе да го отцепат северниот дел на територијата на Република Косово и истиот да го приклучат на Република Србија, при што како резултат на употребеното насилство, загина полицаецот Африм Буњаку, а беше загрозен и животот на други полициски службеници и на цивилното население“. Водачот на терористичката група, поранешниот потпретседател на партијата на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, се товари дека индиректно обезбедувал приходи од 2017 година до 24 септември 2023 година и тие пари ги претворил во недвижен и движен имот, при што дел од недвижниот имот префрлил на трети лица, со цел да го сокрие изворот на богатството. Обвинетите 45 лица од српска националност се товарат за сторени кривични дела „Извршување терористичко дело“, „Тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, „Олеснување и финансирање на тероризам“ и „Перење пари“. Покрај косовскиот полицаец, Буњаку, во престрелката што уследи меѓу полицијата и српската група на 24 септември минатата година, беа убиени и тројца од напаѓачите, додека другите побегнаа во Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаМицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гостиПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави:„Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаФранцуски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеникФранцуски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување. „Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X. Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“. On the channel today monitoring illegal migrant crossings … as I was being interviewed by the BBC just now a French warship approached close and fired 17 live rounds behind us. There was no notice or training exercise in place. Felt like warning shots or attempted intimidation pic.twitter.com/tuDv4DOnFO — Chris Philp MP (@CPhilpOfficial) July 28, 2026 Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter