Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд (ВИДЕО) - Канал 5

Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд (ВИДЕО)

Тројцата поранешни градоначалници на Кочани, меѓу кои и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски од полициска станица во Кочани се спроведени во кочанскиот суд.

Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд (ВИДЕО)

Тројцата градоначалници тееба да дадат исказ пред судија на претходна постапка , откако дадоа исказ во полиција во врска со пожарот во дискотектата „Пулс“ во која загинаа 59 млади лица. Обвинителството за сите тројца побара да им се изрече мерка притвор.

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски влчера вечер беа приведени во врска со трагедијата во дискотеката Пулс.

Папазов пред три дена поднесе оставка на функцијата, а своето единствено јавно обраќање по пожарот го имаше преку социјалните мрежи...

-Во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме целосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам Обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите. – напиша Папазов во таа прилика...

Истражните органи влегоа во општина пред три дена и, како што соопштија, подигнале огромна документација во врска со дискотеката Пулс, која почнала со работа во 2012 година, кога градоначалник беше Ратко Димитровски.. Таа првата лиценца ја добила во 2021 година, во време на мандатот на Илијев, втората во 2023 во време на Папазов, а претходната 2024 година работела со фалсификувана лиценца...

Со тројцата, бројот на осомничени во врска со случајот со пожарот во дискотеката Пулс, се искачи на 31...

Николчо Илијев од редовите на СДСМ беше градоначалник од 2017 до 2021 година. Претходно прв човек на Кочани беше Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со два мандата (2009-2017). Љупчо Папазов од ВМРО- ДПМНЕ си поднес еоставка во понеделникот.

YouTube video

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. /МИА

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

притисни ентер