СветТројца загинати при експлозија на автомобил-бомба во ЈеменНајмалку три лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба во јужниот дел на Јемен. Нападот најверојатно бил насочен кон лидерот на вооружена група поддржана од Саудиска Арабија.Северно од Аден бил нападнат конвојот на видок претставник на Бригадите на гигантите Хамди Шукри. При експлозијата на автомобил бомба повредени се три лица. Јеменските безбедносни сили потврдија дека бил нападнат конвојот на Шукри. Во Јемен повеќе од една деценија се води граѓанска војна, во која се вклучени сложени религиозни и племенски спорови и интервенција на регионалните сили. Бригадите на гигантите соработуваат со Силите на националниот штит, поддржани од Саудиска Арабија, за да ги вратат областите во јужен Јемен кои во декември беа заземени од сепаратистичкиот Јужен преоден совет (СТЦ) поддржан од Обединети Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар и покажуваат дека за граѓаните ич не им е гајле.Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат. СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки. Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото село Сливник водата е неисправна. И замислете, презентираат стар извештај. Добронамерно ги советуваме, да се освестат и да прекинат да шират лаги и паника и да се погледнат себе си. Зошто? Затоа што тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар. Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично. А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните. Сепак, на централно ниво има одговорна власт која реагира навремено и соодветно за да ги заштити граѓаните, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на граѓаните со отровна водаНа граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода.Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ. За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта. 20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Центрите за јавно здравје се раководени од исти кадри, избрани од иста гарнитура со вмешани прсти на ВМРО. Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна. А пред тоа 5 дена молчеа. По 200 луѓе се пријавувале во болницата во Гостивар и никој од здравствените влати не презел ништо. Сега го праќаат министерот за полиција да ни кажува процеси за хлорање вода, министерот за здравство да ги напаѓа лекарите што проговореа за вистината во Гостивар. Да ни кажуваат на нас Гостиварци дека секој е виновен, освен ВМРО-ОКГ, Мицкоски и тендер-коалицијата. Власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група не може да бегаа од одговорност. Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво. Пратеници со години во Собранието, советници од владеачката коалиција, вработени во општината, вработени во водоводот. Дојде време сите да одговараат. Здравјето на луѓето е пред секоја функција и пред секое име и презиме, соопштуваат од партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРоналдо сам почнал да преговара за голем трансфер во неговиот клуб Кристијано Роналдо му поставил на Ал-Наср јасен услов за да продолжи да игра за него: целосна контрола врз трансферите. Според медиумските извештаи, Роналдо бара спортскиот сектор, предводен од Симеа и Семедо, да добие целосна независност и целосна власт над преодниот рок. Целта е да се спречи какво било мешање на менаџментот што би можело да го забави создавањето на нов тим за претстојната сезона, пишува goal.com. Автономија за спортскиот менаџмент Португалскиот капитен инсистира никој од администрацијата на клубот да не се меша во работата на спортскиот директор Симеу и извршниот директор Семедо. Неговата идеја е двајцата да имаат целосна слобода во изборот на играчи со цел да состават тим конкурентен за домашните и континенталните титули. Овој услов е основа на стратегијата за летниот преоден рок, а неговата цел е да се осигура дека одлуките за пристигнувања и заминувања се донесуваат исклучиво врз основа на експертска проценка. Ал-Наср се сели за Бруно Фернандес Раководството на Ал-Наср наводно размислува да испрати официјална понуда до Бруно Фернандес. Првиот чекор би бил да се контактира играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед за да се испитаат неговите финансиски услови, по што би можеле да следат конкретни преговори. Самиот Кристијано Роналдо е активно вклучен во обидите да го убеди својот соиграч од репрезентацијата да се приклучи на саудискиот клуб. Роналдо се надева дека ќе може да ја искористи блокадата во преговорите за нов договор на Фернандес со Манчестер Јунајтед и да го доведе уште ова лето. Доколку Ал-Наср го комплетира овој трансфер, тимот би ја добил многу потребната креативност во средниот ред и дополнително би ги зајакнал своите напаѓачки опции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00