Тројца загинати, еден се бори за живот- сообраќајки на Косово поради пребрзо возење - Канал 5

Тројца загинати, еден се бори за живот- сообраќајки на Косово поради пребрзо возење

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 06:30 часот на автопатот Приштина-Липљан во правец на Липљан.

Тројца загинати, еден се бори за живот- сообраќајки на Косово поради пребрзо возење

Сообраќајната несреќа се случила поради несоодветна брзина, а сопатникот од здобиените повреди починал на лице место, додека возачот на автомобилот со тешки повреди е пренесен во болницата во Приштина, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата на Косова соопшти дека до несреќата дошло кога возачот на автомобилот удрил покрај патот поради несоодветна брзина, а потоа излетал од патот.

Телото на жртвата било извлечено од екипа на Брза помош и пренесено во Институтот за судска медицина.

Во текот на изминатата ноќ две лица загинаа во сообраќајни несреќи на Косово во два одвоени случаи поради несоодветна брзина, поради што полицијата апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните прописи и да ги почитуваат ограничувањата на брзината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се двајца кавадарчани, одземени им с епари и дрога за време на „Тиквешки гроздобер“

Лишени од слобода две лица во Кавадарци, при преглед пронајдена дрога и пари, соопштуваат од МВР. 

Уапсени се двајца кавадарчани, одземени им с епари и дрога за време на „Тиквешки гроздобер“

На 04.09.2026 во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Г.П.(42) и В.Ќ.(42), двајцата од Кавадарци. При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.П. му биле измерени 0,53 промили, а на В.Ќ. му биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош.

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Осум недели нема извештај за водата.

Нема одговори. Нема одговорност.

Осум недели институциите молчат.

Зошто не се објавува извештајот за водата?

Што се крие од граѓаните?

Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата.

Четири реки беа загадени, како и локални извори од кои граѓаните користат вода.

Станува збор за прашање кое директно го засега здравјето на илјадници граѓани.

Зошто осум недели јавноста, граѓаните не ги добиваат одговорите?

Што крие Мицкоски?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На украинските војници им е наредено да ги прекинат борбите- Русија веднаш изведе напад

Русија го нападна градот Камјанске во регионот Дњепропетровск во раните утрински часови, при што загинаа четири лица. 

На украинските војници им е наредено да ги прекинат борбите- Русија веднаш изведе напад

Нападот се случи само неколку часа откако Украина еднострано прогласи привремен прекин на огнот пред пристигнувањето на американските претставници кои патуваат во Киев и Москва за да ги оживеат мировните преговори, објави „Украинска правда“.

Руски напади и покрај прекинот на огнот

Според регионалниот гувернер, Олександр Ханжа, Русија го нападна регионот Дњепропетровск преку ноќ и наутро со ракети, беспилотни летала и артилерија. Во нападот врз Камјанске загинаа четири лица, а пет беа ранети. Тројца од повредените се однесени во болница, вклучувајќи 30-годишна жена која е на интензивна нега. Ханжа рече дека бил погоден индустриски погон, но не даде дополнителни детали за целта. Украинските воздухопловни сили претходно во текот на ноќта издадоа предупредување дека руски балистички ракети се упатуваат кон Камјанске.

Додека Киев се воздржуваше од напади врз руски цели, сирените за воздушен напад се огласија во градовите низ Украина. Во нападите врз Киев и неговата околина, беше погодена станбена зграда, а најмалку две лица беа повредени.

Дипломатска мисија на американските пратеници

Привременото прекинување на непријателствата беше објавено поради посетата на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои планираат да ги посетат Киев и Москва за да разговараат за предлогот за прекин на војната. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека делегатите ќе пристигнат во Киев утре, по посетата на Москва. Ова е нивна прва посета на Украина како дел од дипломатските напори на Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го потврди патувањето и рече дека пратениците носат предлог за прекин на војната. „Тоа прашање мора да се реши. Затоа ги испратив Стив Виткоф и Џаред Кушнер“, рече Трамп. „Ги испративме да видат дали може да се постигне нешто и има големи шанси да успееме.“

Условите на украинскиот прекин на огнот

Според информации од воени извори, на украинските војници им беше наредено да ги прекинат борбените операции од полноќ на 5 септември до крајот на денот на 8 септември. Прекинот на непријателствата е иницијатива на Украина, иако не е објавен официјален договор за прекин на огнот.

Претседателот Зеленски вети дека, заради безбедноста на американските преговарачи, Украина нема да изврши воздушни напади врз Русија за време на нивната посета. Тој ја повика Москва да го стори истото. Русија одговори на предлогот со напади со млазни беспилотни летала, кои летаа кон Киев веднаш по полноќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер