Тројца ракометари од Мултиесенс префрлени во првиот тим на Алкалоид - Канал 5

Тројца ракометари од Мултиесенс префрлени во првиот тим на Алкалоид

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид пред почетокот на вториот дел од сезоната го збогати составот со тројца млади играчи.

Тројца ракометари од Мултиесенс префрлени во првиот тим на Алкалоид

- По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која РК Алкалоид го освои првото место во групата „А“ во македонската Суперлига со скор од 14 победи од 14 натпревари и дебитираше во EHF Европската лига, донесени се одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плејоф-натпреварувањето.

Станува збор за јниорскиот репрезентативец Валентин Карасманакис кој игра на позицијата пивот, десното крило Мартин Димовски и голманот Виктор Василевски.

Во првото коло од плејофот кој стартува претстојниот викенд, Алкалоид на гостински терен ќе игра со екипата на Тинекс Пролет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите наредби со започнувањето напади кон Иран

Иран и Израел велат дека ги прекинале нападите еден врз друг, откако двете земји разменија оган за прв пат од примирјето во април. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера  изјави дека неговата земја „во моментов“ е во огнот. 

Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите наредби со започнувањето напади кон Иран

Но, тој нагласи дека борбата против Иран и Хезболах „не е завршена“. Ова се случи неколку часа откако вооружените сили на Иран соопштија дека ги прекинале операциите. Вети „построги и поостри мерки“ доколку Израел изврши повеќе напади, вклучително и во Либан, каде што израелските сили се борат против Хезболах кој е со поддршка од Иран.Техеран во неделата лансираше ракети кон Израел како одмазда за нападот врз бејрут. Израел вчера одговори со гаѓање на воени објекти во Исламската Република. Во разговор со Би-Би-Си, американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите желби со започнувањето напади. Изјави дека го предупредил израелскиот премиер да не започнува нов воен конфликт со Иран, посочувајќи дека таков потег би можел да ја доведе во прашање американската поддршка за Израел. Кога беше прашан дали Нетанјаху му се спротивставил со тоа што пукал кон Иран во неделата, Трамп рече дека ракетите „веќе биле на пат“ кога разговарал со израелскиот премиер. Тој додаде: „ако му кажам да направи нешто, тој го прави тоа“. изјави Трамп за Би Би Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од процесот за соработка на Југоисточна Европа кажа таа во телевизиско интервју.

 Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Во рамките на средбата, очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. Рече дека тоа е продолжение на средбата во Ереван – едно пријатно женско говорење. Ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен

Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра.

 ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен

Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил.

Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милиони денари.

Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува.

Која е мерната единица на СДС и Филипче за да осудат било каков криминал? Ако ова не го сметаат за криминал, колку државни пари требало да украде Богац за да ја премине границата и Филипче да се огради?

Го повикуваме ЈО да истражи дали ова е единствениот тендер кој Богац го наместил за време на мандатот на директор.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер