Меланија се појави во јавноста, прв пат по сторијата за Трамп и убавата блондинка: Слушнав дека ме баравте (ВИДЕО)
1Меланија се појави во јавноста, прв пат по сторијата за Трамп и убавата блондинка: Слушнав дека ме баравте (ВИДЕО)
ЗдравјеТројца новозаболени од морбили во ШтипТројца новозаболени пациенти од мали сипаници се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Портпаролот на болницата, Марина Шуманска изјави дека вчера се примени двајца пациенти, а денеска до 11 часот еден пациент, со што во болницата сега се лекуваат вкупно 13 пациенти заразени од мали сипаници. – Нивната здравствена состојба е стабилна, а на одделение се задржуваат само пациенти со потешка клиничка слика, вели Шуманска. Изминатата недела поради ширење на зараза во штипска конфекција каде што заболеа десеттеминa, на лице место беа имунизирани 37 работници. Шуманска забележува дека новите три случаи не се поврзани со работниците од конфекцијата. Епидемилозите алрамираат дека постои ризик за ширење на заразата, бидејќи работниците имале контакт и со други работници, но и со своите семејства. Здравствените работници апелираат децата кои не се вакцинирани да не се носат во игротеки, градинки, затворени простории. Штипскиот Центар за јавно здравје утре очекува да добие препораки за полесно спречување на заразата, а се очекува да се изврши дополнителна дезинфекција во училиштата и градинките во градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМеланија се појави во јавноста, прв пат по сторијата за Трамп и убавата блондинка: Слушнав дека ме баравте (ВИДЕО)Првата дама на САД, Меланија Трамп, се пошегува за медиумските шпекулации за нејзиното едномесечно отсуство од јавноста, како и за вниманието насочено кон Натали Харп, една од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп.„Добар ден. Слушнав дека ме баравте. Еве ме“, рече Меланија со насмевка на почетокот од настанот во Градината со рози во Белата куќа. Таа и нејзиниот сопруг се држеа за раце додека одеа од Овалната соба до подиумот, а американскиот претседател Доналд Трамп седеше во публиката додека Меланија зборуваше. Настанот беше организиран за да се одбележи донацијата од IndyCar и Fox Corporation за колеџ стипендии, пред трката IndyCar низ улиците на Вашингтон, која ќе ја одбележи 250-годишнината од американската независност. Но, сите очи беа вперени во Меланија, која последен пат беше видена во јавноста на финалето на Светското првенство на 19 јули. Melania Trump shows up: I heard you missed me. Here I am. pic.twitter.com/IYQZj7axM9 — Clash Report (@clashreport) August 20, 2026 Поранешната манекенка, по потекло од Словенија, пропушти голем број други настани од висок профил, вклучувајќи ја и одложената вечера на дописниците од Белата куќа на 24 јули, иако присуствуваше на оригиналната вечера во април, која беше прекината од вооружен човек. Анализата на американската телевизија NBC во понеделник покажа дека Меланија Трамп имала значително помалку јавни појавувања за време на нејзиниот втор мандат. Досега, таа имала околу половина помалку јавни појавувања отколку во истиот период од нејзиниот прв мандат. Враќањето на Меланија во јавноста доаѓа и во време на шпекулации за жестоко лојалната извршна асистентка на Трамп, 35-годишната Натали Харп. Белата куќа реагираше жестоко оваа недела откако кандидат за Сенат од Демократската партија праша зошто Харп е една од ретките луѓе што тајно го напуштиле Ер Форс Уан со претседателот во Турција по безбедносна закана. Харп речиси постојано била покрај Трамп за време на неговиот втор мандат. Понекогаш таа пишува објави на социјалните мрежи и печати информации, што ѝ го донесе прекарот „човечки печатач“. Харп не беше синоќа видена на настанот во Градината на розите во Белата куќа.Тагови: Доналд Трамп Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
АвтомобилизамТесла повлекува три милиони возила поради безбедносни причини Американската технолошка компанија „Тесла“ ќе повлече речиси три милиони од своите електрични возила во Кина поради проблем со електронските рачки на вратите, кои можат да престанат да работат во некои несреќи.Кинеската државна администрација за регулирање на пазарот соопшти дека дефектот може да ги спречи патниците брзо да го напуштат возилото по несреќата и да им го отежни на спасувачките екипи да стигнат до нив, објави „Блумберг“. Проблемот е поврзан со електрично контролираните, рамни рачки на вратите што се инсталирани во возилата на „Тесла“. Како дел од повлекувањето, „Тесла“ ќе го модифицира софтверот на возилата така што прозорците автоматски ќе се спуштаат по судир, додека на возилата ќе бидат поставени налепници што ја покажуваат локацијата на механизмите за рачно отворање на вратите во случај на вонредна состојба. Проблемот на „Тесла“ со електричните рачки на вратите стана особено контроверзен по серија несреќи во кои патниците беа заробени во возила што се запалија. „Блумберг“ претходно објави најмалку 15 смртни случаи во 12 несреќи во кои патниците или спасувачите не успеаја да ги отворат вратите на автомобилите на „Тесла“ по судирот и пожарот. Кина оваа година дополнително ги заостри правилата за електричните автомобили, станувајќи првата земја што забрани скриени рачки на вратите на електричните возила. Повлекувањето на моделите на Тесла е дел од поширока кампања во Кина што опфаќа 4,27 милиони електрични возила од девет производители. По Тесла, најголем број возила ќе бидат повлечени од Xiaomi, со 390.435 автомобили, како и Lipmotor, со 371.200 возила.Тагови: возила тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНавивачка акција во Мадрид- низ целиот град е пречкртан бројот 19 (ФОТО)Навивачите на Атлетико Мадрид очигледно немаат трпение со Хулијан Алварез. Од утрово, околината на клупскиот тренинг центар во Мајадахонда беше облепен со пораки насочени против една од најголемите ѕвезди на тимот. На столбовите околу тренинг центарот се појавија натписите „Хулијан фуера“, односно „Хулијан, замини“, како и симбол на сообраќаен знак со вкрстениот број 19, кој Алварез го носи на дресот на Атлетико Мадрид. Фотографиите ги објавија и шпанските медиуми, меѓу нив и Мундо Депортиво. Дел од навивачите многу јасно ставија до знаење што мислат за неговата желба да го напушти клубот ова лето. Реакцијата не дојде ненадејно. Односот меѓу Алварез и дел од навивачите беше нарушен за време на Мундијалот, кога Аргентинецот јавно објави дека сака да го напушти Атлетико. „Мислам дека трансферот би бил најдобар за сите. Сакам да го остварам мојот сон“, изјави тогаш Алварез. Тој не го кажа името на Барселона, но во Шпанија немаше многу сомнеж за кој клуб станува збор. Веќе еден ден по неговата изјава, Мундо Депортиво пишуваше за навивачите на Атлетико кои се снимаа како го палат неговиот дрес. 🚨 𝗔 𝗠𝗘𝗦𝗦𝗔𝗚𝗘 𝗙𝗥𝗢𝗠 𝗧𝗛𝗘 𝗔𝗧𝗟𝗘́𝗧𝗜𝗖𝗢 𝗙𝗔𝗡𝗦… 📷 ️ Atlético Madrid fans have put up signs outside the club’s training complex this morning with a clear message for Julián Alvarez: “𝗝𝗨𝗟𝗜𝗔́𝗡 𝗙𝗨𝗘𝗥𝗔” (Julián OUT) and “𝟭𝟵🚫” 👀 pic.twitter.com/HEuE92ZxbY — 433 (@433) August 21, 2026 Тој ја сака само Барселона, а Атлетико нема да го пушти таму Сага оттогаш стана една од најголемите зделки во овој преоден рок. Барселона го сака 26-годишниот аргентински напаѓач, Алварез ја сака Барселона, но Атлетико одбива да преговара за негова продажба на директен ривал. Според информациите на Кадена СЕР, понудата на Барселона била околу 100 милиони евра. Атлетико не го прифати, а извршниот директор Мигел Анхел Гил Марин во текот на летото јавно објави дека клубот нема да прифати 100, 150 или 200 милиони евра за Алварез. Неговата откупна клаузула изнесува 500 милиони евра, а договорот му трае до 2030 година. Дополнителен проблем за сите инволвирани се појави изминативе денови. Во петокот, AS ја опиша ситуацијата како „неповратна“ и објави дека Алварез ја отфрлил можноста за преселба во Арсенал. Се вели дека спортскиот проект на англискиот шампион и финалист во Лигата на шампионите од минатата сезона е привлечен за него, но Алварез не сака повторно да живее во Англија. Според АС, важна причина е неговото семејство и проблемите што би ги имале неговите членови со визите и подолг престој во таа земја. Тој имаше слични тешкотии за време на неговиот престој во Манчестер Сити. Неговата желба е Барселона. Проблемот е што ова е единствениот клуб на кој Атлетико категорично одбива да го продаде. Тој не одби да тренира Шпанскиот AS донесува важен детал поврзан со однесувањето на Алварез во текот на целата сага. Наспроти тврдењата кои се појавија во дел од странските медиуми, Аргентинецот не се декларира како незадоволен играч кој одбива да ги исполни своите обврски. АС наведува дека по Светското првенство се вратил во клубот токму кога било договорено и дека немало бојкот на тренинзите или бунт. Тој во изминатите 11 дена тренира нормално во Мајадахонда, иако шпанскиот весник го опишува неговото расположение како сериозно и прилично мрачно. Алварез разговарал и за својата ситуација со Диего Симеоне. Кадена СЕР извести дека средбата била мирна. Напаѓачот му повтори на тренерот дека би сакал да си замине доколку се отвори можност за трансфер, додека Симеоне одговори дека клубот смета на него и дека стручниот штаб ќе му помогне во спортскиот дел. Тој претходно имаше сличен разговор со спортскиот директор Матеу Алемани. Одговорот беше ист: Атлетико смета на него, а вратата на Барселона останува затворена. Кадена СЕР нагласува дека Алварез нема намера да предизвика конфликт за да изнуди трансфер. Соиграчите се со него, но сметаат дека треба да им се извини на навивачите Интересно е и расположението внатре во соблекувалната. Кадена СЕР објави дека Алварез има поддршка од соиграчите, но и дека дел од тимот смета дека треба јавно да им се извини на навивачите поради начинот на кој започна целата приказна за време на Мундијалот. Алварез веќе им призна на соиграчите дека направил грешка во начинот на кој се справил со целата приказна околу Барселона и им порача дека се додека е член на Атлетико ќе биде целосно посветен на тимот. Првиот вистински тест за неговиот однос со трибините допрва доаѓа. Алварез не беше во составот за победата од 2-0 против Малага во првото коло од Ла Лига, но причината, според Симеоне, не бил пеналот. Нему му треба уште малку тренинг за да биде во најдобра состојба. Тој е нашиот најдобар офанзивен играч“, изјави Симеоне пред натпреварот. По Светското првенство, Алварез подоцна се приклучи на подготовките и се уште не беше доволно подготвен за игра. AS пренесува дека тој би можел да биде во тимот во недела против Виљареал на Метрополитен. Доколку игра, тоа ќе биде негова прва средба со навивачите на Атлетико од летото на која јавно побара да си замине. Пораките што се појавија околу тренинг центарот во петокот даваат прилично добар показател за тоа каков дочек би можел да го чека.Тагови: Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook