Црна хроникаТројца насилници се уапсени за семејно насилство- седум пријави за последните 24 часа Три лица лишени од слобода и со едно извршен службен разговор за семејно насилство од вкупно седум пријави во последното деноноќие.На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р.. На 27.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека на 25.05.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Центар со остар предмет бил нападнат од неговата сопруга С.С. со која биле во бракоразводна постапка. На 27.05.2026 во 22:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Ж.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. На 27.05.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 64-годишник од Прилеп пријавил дека во дворот од неговата семејната куќа бил физички нападнат од неговиот внук од брат. Ноќеска (28.05.2026) во 00:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Т.Д.(38) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.05.2026 околу 23:20 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите татко, брат и снаа. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 27.05.2026 во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг К.А.(37) од Охрид. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со пријавениот. На 27.05.2026 во 05:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Ф.А.(18) затоа што физички ја нападнал неговата сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„WFP“: Гладот се влошуваСветската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс. Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели. Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции. Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата. „Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим. Извор: Б92Тагови: WFP Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаНеговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина КарпошОпштина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница. По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина. Reports from Syria: A large, unidentified explosion occurred at Taftanaz Air Base in the Idlib countryside of northwestern Syria, with thick smoke rising from the base. A second explosion was reportedly heard shortly afterward near the military airfield. Amid drone activity in… pic.twitter.com/h83D3dbaHZ — KORRINA (@KORRINA31535546) October 2, 2026 Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии. Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира. Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин. An unidentified explosion rocked Syria’s Taftanaz military airbase in Idlib, sending smoke into the sky, while reports emerged of another blast being heard in the area.#Syria #Idlib #MiddleEast #Explosion #TaftanazAirbase pic.twitter.com/BkiIm2VyCt — TAM (@Awakeningmedia1) October 2, 2026 Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб. Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter