Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
1Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураТројца македонски автори на 12. Меѓународен Саем на книгата во Солун Тројца македонски автори Томислав Османли, Александра Прокопиев и Вера Стојчевска Антиќ, по десетина години отсуство на наши претставници, учествуваа на 12. Меѓународен саем на книгата во Солун, што се одржа од 7 до 10 мај.Тие се претставија на саемот на 10 мај, во ударен термин, и во присуство на видни личности од солунскиот научен, културен и општествен живот. Говорејќи за влијанието на просветителската традиција на солунските браќа во делата на македонските автори, Стојчевска-Антиќ имаше забележан настап посветен на тема „Химни за Св. Кирил“, додека говорник од грчка страна беше проф. Емилиос Тахеос од Центарот за студии на кирило-методиевското култирно наследство, професор славист и надворешен член на две балкански академии. Беа читани песни на македонски јазик и преводи на грчки на песни од Блаже Конески, Матеја Матевски и Јован Павловски во изведба на студентки по славистика на солунскиот универзитет „Македонија“. Османли и Прокопиев ги претставија своите романи „Дваесет и првиот“ и „Ѕиркачот“ како современи репрезентативни, наградени и пошироко приоштувани дела на современата македонската литература. Посебно забележан беше настапот на Томислав Османли, писател и преведувач од грчки, кој својата авторска презентација ја оствари со богат исказ на грчки јазик. Писателот Александар Прокопиев покрај претставувањето на својот роман, говорејќи на македонски јазик, одговори и на повеќе прашања врзани за неговото творештво и карактеристичниот постмодерен израз. Повторното појавување на македонското знаме, штанд и изданија на солунскиот меѓународен Саем на книгата, беа овозможени со поканата од Грчката фондација на културата, со ангажманот на Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун и поддршката на професорката Маврогени од славистичката катедра на солунскиот универзитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракетиКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски балистички ракетен напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина пред два дена постигнале договор за прекин на огнот во енергетскиот сектор.Утринава властите во Киев ги повикаа жителите да останат во засолништата откако прогласија црвена тревога поради „ракетна закана“. По нападите во вторникот, Зеленски изјави дека „Украина го поддржа прекинот на огнот на енергетиките објекти . Русија е насочена кон уште една електрана и кон животите на нашите луѓе.“„Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина дури и не добива рани предупредувања за лансирање балистички ракети“, додаде тој„ова е втора ноќ по ред Киев да биде погоден од руски ракети, а тоа се случува во време кога Зеленски се подготвува да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам на Даунинг стрит денеска , за да разговараат за забрзување на испораките на воздушна одбрана за Киев. По нападите во понеделникот се шпекулираше дека Америка го прекинала пристапот до клучните разузнавачки информации што ѝ овозможуваат на Украина да ги следи дојдовните закани. Трамп негираше дека тоа е случај.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што одбраната треба да презентира докази во рамки на судската постапка.Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби пречекан со овации во Чаир!Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби. Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook