БМВ со поминати 435.000 километри вози одлично, но сопственичката мора да го продаде поради законот (ВИДЕО)
2БМВ со поминати 435.000 километри вози одлично, но сопственичката мора да го продаде поради законот (ВИДЕО)
СветТројца катарски дипломати загинаа во Египет на пат кон самитот за ГазаТројца катарски дипломати загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Египет, јавија светските агенции повикувајќи се на официјални лица во Каиро.Според наводите на агенциите, загинатите биле членови на протоколарната служба на катарското Министерство за надворешни работи. Нивниот автомобил се судрил со камион на околу 50 километри од Шарм ел-Шеик, додека патувале кон египетското одморалиште, каде што за утре е закажан меѓународниот самит за прекин на огнот во Појасот Газа. Хамас изрази сочувство до Катар по повод трагедијата и ги поздрави, како што е наведено, „напорите на Доха во посредувањето за ставање крај на конфликтот во Газа“. Несреќата се случила во пресрет на спроведувањето на новиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој стапи во сила на 10 октомври напладне по локално време. Договорот е резултат на дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи го и неговиот мировен план од 20 точки за стабилизирање на регионот.Тагови: дипломатија Египет Катар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛепенец прекириен со чудна пена, што се влева во Вардар- се бара виновникот Необична пена го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар во Скопје.Пената попладнево беше забележлива и по течението на Вардар. Каква е моменталанта состојба ја прашуваме Маја Стојановска, која ја имаме повторно во живо. Маја каква е сликата на вливот на Лепенец во Вардар? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСнег падна на Пелистер среде лето (ФОТО)Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме. Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина, објавија на ФБ од Националниот парк Пелистер.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски направи еколошка катастрофа – Отровот стигна и до СкопјеПрво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница.Дури и во болница немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар. Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook