Тројца каратисти од Макпетрол меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021 година - Канал 5

Тројца каратисти од Макпетрол меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021 година

Тројца каратисти од Макпетрол Петар и Симона Заборски и Стефан Стојановиќ меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021 година.

Тројца каратисти од Макпетрол меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021 година

Сојузот на спортови на Скопје и Градот Скопје денеска ги прогласија најуспешните спортисти за 2021 година. Нормално, освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Покрај Георгиевски признанија кај сениорите во машка и женска конкуренција добија и каратистите на Макпетрол, Петар и Симона Заборски,

Во младинска категорија помеѓу десетте добитници каратистот. Стефан Стојановиќ од Макпетрол беше прворангиран, тој е најдобар млад спортист на градот Скопје.

Каратистот Петар Заборски на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, со тимот во борби го освои седмото место, што е извонреден успех ако се земе во обзир дека имаше 115 држави учеснички.

На Македонија и требаше победа против Узбекистан за да се бори за бронзениот медал на СП, што ќе беше најголем успех во историјата на македонското карате во борби екипно. Нашата репрезентација успеа да ја совлада силната репрезентација на Германија, потоа беше поразена од Србија, а во репасажот извојува победа над Швајцарија и доживеа пораз од Азербејџан, во голема мера потпомогнат од судиите.

Резултати – Светско првенство:

Македонија – Германија 3-0

Македонија – Србија 1-3

Репасаж

Македонија-Швајцарија 3-0

Македонија-Азербејџан 0-3

Петар Заборски имаше забележителен настап и тој успеа во поединечниот дел да извојува три победи а за пласман во четвртфиналето загуби минимално 3-4 од Белгијанецот Квентин Маходен. Така ќе беше многу близу до борбата за медал.

Петар прво славеше против Алекс Мезес од Боливија 1-0, потоа 3-2 над Карлос Баргадос од Шпанија и 1-0 со Енес Гарибовиќ од Хрватска.

На СП настапија 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:

Мажи

-75 кг

Петар Заборски – Алекс Мезес (Боливија) 1-0

Петар Заборски – Карлос Баргадос (Шпанија) 3-2

Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-0

Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 3-4

Петар Заборски како најдобро рангиран македонски каратист настапи и на квалификациите за Олимписките игри во Токио кои се одржаа во Париз. За жал, не успеа да освои норма за ОИ.

Сепак, овие резултати му овозможија пласман во топ 50 каратистите на Ранг листата на ВКФ, со што му се овозможува настап на Премиер лигите, каде што настапуваат најсилните и може да се каже дека конкуренцијата е посилна и од СП. Петар со клупските другари Петар Спасеновски, Симона Заборска и Ангела Мојсовска ќе ги бранат боите на Македонија на првиот турнир на Карате 1 Премире лигата од 18 до 20 февруари Фуџаријах-Обединетите Арапски Емирати. Ова е големо признание и за Макпетрол и за македонското карате.

Симона Заборска беше најсупешниот македонски каратист на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, каде што го освои седмото место.

Заборска беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија.

Претходно Симона претходно забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.

Симона извојува голема победа против Туба Јакан, светска првенка и прва на Светска ранг листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката Александра Пападопулос 2-0.

На шампионатот ќе настапија 596 натпреварувачи од 47 држави.

Европско првенство сениори – Резултати:

-55 кг

Симона Заборска – Александра Папа (Грција) 1-0

Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 4-2

Симона Заборска – Ана Чернишева (Русија) 0-8

Репасаж

Симона Заборска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 0-1

Симона исто као и нејзиниот брат настапи и на Квалификациите за ОИ и на последниот турнир кој беше одржан во Париз за СП во Дубаи.

Младиот Стефан Стојановиќ стана за 2021 година

Тој во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.

Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изедначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.

Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.

На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2, Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.

ЕП 2021 Тампере:

+76 кг

Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2

Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2

Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)

Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1

Финале

Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 5-4

Стојановиќ (+84 кг, У-21) на Балканското првенство во Риека, Хрватска, го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.

Да потсетиме дека на минагодишниот избор за „Спортист на годината 2020“ Роберто Ацковски од Макпетрол кој освои бронзен медал на ЕП за јуниори беше избран за најдобар млад спортист на Македонија. Каратистот Петар Спасеновски стана шампион на ЕП во У-21 во 2019. Глигор Петков се закити со сребрен медал ЕП за јуниори во 2019 година.

Успесите на каратистите на Макпетрол во услови на пандемијата на Ковид-19 добиваат уште повеќе на тежина, а тоа значи дека тренерите неуморно работат на техничко-тактичката подготовка, но и на одржување психо-физичката стабилност. Секако, зад овие успеси стои и компанијата Макпетрол која ги финансира сите подготовки и настапи, како на домашната така и на меѓународната сцена.

Како одраз на постигантите резултати каратистите на Макпетрол заслужено ги добија стипендиите на Агенцијата за млади и спорт, па така Симона Заборска е носител на стипендијата од светски категорија, а Ангела Мојсовска, Петар Заборски и Петар Спасеновски прогласени за спортисти со титула од меѓународна категорија на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер