МакедонијаТројца функционери од „ВРЕДИ“ спречени да влезат во албанија на ГП ЌафасанПартијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратеници.Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи, од владејачката партија ВРЕДИ, но и заменик-генералниот секретар во владата, Хасим Муртезани. Пратениците биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца имаат дипломатски пасоши ,велат според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување. ВРЕДИ бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Лидерот на пратеничката група на Демократска партија на Албанија, Газмент Барди изрази поддршка за пратениците на ВРЕДИ ,, Ниту една институција на Албанија нема право да се однесува на овој начин кон легитимните претставници на Албанците од Македонија. Дополнително, напиша оти ваквите постапки се неприфатливи, спротивни на уставот на државата ниедна институција на албанската држава нема право да се однесува кон легитимните претставници на Албанците од Македонија на понижувачки начин. Барам полицијата веднаш да даде јавно и транспарентно објаснување за овој настан. Албанија секогаш мора да биде држава која ги поздравува, почитува и заштитува албанците, а не држава каде што тие се чувствуваат навредено или попречено. Ова не е само правно прашање, туку и национална и морална обврска“,напиша Барди.Тагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
ФудбалМанчестер Сити пронајде нов Родри во Барселона, но трансферот е невозможен?!Еден од најбогатите светски фудбалски клубови, премиерлигашот Манчестер Сити ја планира иднината и бара долгорочна замена за најдобриот фудбалер на Мундијалот, Родри, кој со години е клучна фигура во нивниот среден ред. Како главен кандидат за наследник на Родри, се спомнува талентиран играч на Барселона, Марк Бернал, иако англискиот тим е свесен дека трансферот би бил тешко остварлив; каталонскиот клуб нема намера да го продаде, пренесува Goal.com. Бернал, еден од најперспективните фудбалери од академијата „Ла Масија“ на Барселона, го привлече вниманието на Сити благодарение на квалитетите што го издвојуваат како потенцијален наследник. Претставниците на клубот сметаат дека тој поседува сè што е потребно за да доминира во средниот ред: одлично позиционирање, интелигенција во играта и способност да го диктира темпото. Токму овие вештини го направија Родри еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција. И Челзи и Арсенал се заинтересирани за 19-годишниот играч за врска, сметајќи дека тој поседува потенцијал за успех во Премиер-лигата. Сепак, трансфер во оваа фаза е малку веројатен. Барселона веќе потпиша договор со играчот кој важи до 2029 година – вклучувајќи и откупна клаузула од 500 милиони евра – а и самиот Бернал сака да остане на „Камп Ноу“. Според тоа, интересот на Манчестер Сити се толкува како дел од долгорочна стратегија, а не како намера за реализација на трансфер ова лето. Повикувајќи се на извори блиски до играчот, порталот „CaughtOffside“ пренесува дека Сити го гледа како идеално долгорочно решение за пополнување на улогата на Родри. Тие ги ценат неговата физичка сила, смиреноста со топката, способноста за игра под притисок и вештините за креирање игра – карактеристики што се совпаѓаат со стилот на игра на англискиот шампион.Тагови: БАРСЕЛОНА Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицевски: (СКАНДАЛ) Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓанитеСо Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните.Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните. Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени. Податоците со коишто располагаме покажуваат со какви искривени вредности се Венко Филипче и СДС. Дозволете ми да прочитам дел од тие случаи: На ден 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, односно народски кажано, водата не била за пиење. На ден 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата. На ден 20.07.2021 година, , испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, за што е направен записник и решение за забрана од 23.07.2021 година. На ден 10.11.2021 година, во чешма во школо Страшо Пинџур, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи. Водата во Здравствен дом Делчево на 11.01.2022 година, не била за пиење. Министер за здравство Венко Филипче. За ниту еден од овие но и многу други случаи, јавноста не е информирана. Болниците биле полнети, на граѓаните очигледно им било лошо, но никој не знаел од што, а власта тоа вешто го криела. За ова е известено МВР и институциите ќе постапат и ќе ги достават документите до ЈО. Очекуваме ЈО веднаш и без одлагање да постапи по овој случај и да има одговорност по истиот. Никола Мицевски, член на ИК и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Владата одобри вработување на 300 приватни специјализантиСилна инвестиција во младите лекари: Владата одобри вработување на 300 приватни специјализантиНа предлог на министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на 2026 година. Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги градат во домашниот здравствен систем. Со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи: задржување на младите лекари во државата; пополнување на недостигот од специјалистички кадар; зајакнување на клиниките, болниците, здравствените домови и центрите за јавно здравје; порамномерна распределба на медицинскиот кадар низ државата; пократко време на чекање и поквалитетна здравствена грижа за пациентите. „Ова не е само одлука за 300 нови вработувања. Ова е инвестиција во 300 професионални иднини, во посилни здравствени установи и во подобра грижа за пациентите. Не ги школуваме нашите лекари за да ги изгубиме – инвестираме во нивното знаење за да го изградиме здравствениот систем што граѓаните го заслужуваат“, истакна министерот Клековски. Вработувањата ќе се реализираат согласно потребите на јавните здравствени установи и недостигот од специјалистички кадар, со цел младите лекари да бидат ангажирани таму каде што се најпотребни. Со оваа одлука, Владата и Министерството за здравство испраќаат јасна порака: младите лекари се темелот на идното јавно здравство, а нивното знаење, труд и професионален развој мора да бидат препознаени и поддржани. Создаваме трајна вредност – лекари што остануваат, установи што се зајакнуваат и пациенти што добиваат навремена и квалитетна здравствена грижа. 300 специјализанти. 300 нови можности. Еден посилен здравствен систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04