БалканТројца Британци, од кои двајцата од Косово, силувале девојка во Сплит- успеала да повика помош Истражниот судија на Окружниот суд во Сплит им изрече едномесечен притвор на тројца Британци, од кои двајцата биле од Косово, а тие се осомничени за силување на 28-годишна девојка во хотел рано во вторникот.Силувањето било пријавено во полиција кратко откако се случило, па еден од тројцата осомничени бил пронајден на местото на злосторството, а набрзо преостанатите двајца мажи биле уапсени и однесени во полиција за кривична истрага. За сите тројца бил предложен притвор поради можноста за бегство, што судијата го прифатил. Тие се обвинети за тешко кривично дело против сексуалната слобода, а го сториле злосторството во вторник помеѓу 5 и 7:30 часот наутро во хотелска соба во Сплит, по што жртвата веднаш го пријавила случајот во полиција. Според Кривичниот законик, за ова кривично дело може да се изрече казна од минимум шест месеци до максимум десет години затвор. Осомничените ја сретнале жртвата истата вечер на Матеушка, пишува Далматински портал. Таа се прошетала со еден од нив на мотоцикл, а потоа ја прифатила нивната покана и дошла во хотелската соба околу 5:30 часот наутро. Првиот обвинет ја навредувал со погрдни зборови и ја нападнал. Жртвата се спротивставила на ваквото однесување и рекла дека ја повредил, но првиот обвинет продолжил со нападите. Тој ѝ го одзел мобилниот телефон на жртвата и ја принудил да има сексуални односи и со вториот обвинет. Жртвата се согласила од страв и отишла во собата со вториот обвинет. Жртвата се спротивставила, во еден момент успеала да се ослободи и го повикала момчето на мобилен телефон. Тој, пак, ја повикал полицијата, која дошла во хотелот и го уапсила еден од осомничените во собата. И другите биле брзо пронајдени. Осомничените го негирале силувањето. Тие тврдат дека сè се случило без никаква принуда.Тагови: силување Сплит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот.. Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter