Тројца Битолчани фатени во Козле со украдена техничка стока вредна 15 000 евра

Вчера полицијата уапсила тројца Битолчани во скопската населба Козле во чиј Мерцедес имало украдена техничка стока и пари во грабеж во продавница во Битола, проценет на 900 000 денари.

По претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола, во координација со Одделение за криминалистичка полиција Сектор за општ и насилен криминал единица за имотни деликти и Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош – Ѓорче Петров при СВР Скопје, преземени се службени дејствија при што во населба Козле, на ул.,,Јуриј Гагарин“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило марка ,,Мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, при што пронашле: мобилен телефон марка “Huawei P30”, четири мобилни телефони “Samsung A20”, три мобилни телефони марка “Samsung A10”, два мобилни телефонa марка “Samsung A50”, еден мобилен телефон марка “Samsung A30”, фото апарат марка “Nikon D5600-18-55 VR”, два фотоапаратa марка “Nikon D-3500-18-55 VR” и фотоапарат марка “Nikon D 750”, како и два ранцa.

Во патничкото возило „Мерцедес“ затекнати се М.П.(23), К.Б.(25) и С.М(23), сите од Битола, а кај лицето С.М. пронајдени се и одземени околу 14.000 денари.

Од извршените проверки утврдено е дека горенаведените предмети потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, извршено на 14.10.2019 во продажен објект на ул.„Никола Тесла“ во Битола,од каде се одземени мобилни телефони, фотоапарати и промет, со што сторителите се стекнале со имотна корист од околу 900.000 денари. Лицата се преземени од страна на Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението од МВР.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер