Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари, што ги зеле врз основа на неправилна пресметка на плата - Канал 5

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари, што ги зеле врз основа на неправилна пресметка на плата

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милион денари, што ги зеле врз основа на неправилна пресметка на плата.

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари, што ги зеле врз основа на неправилна пресметка на плата

Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола, нивна континуирана активност е и финансиската.

- Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од речиси еден и пол милион денари - потенцира Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува и други да вратат пари, рече „сите заедно мора да изградиме систем во кој меѓусебно ќе се почитуваме“.

- Од една страна, ќе бидеме подобро платени и тоа ќе биде вреднувано легално со 33 отсто зголемени капитации за матичните доктори или кумулативно претходните две зголемувања во јавното здравство беа 17 отсто. Сега од март има уште едно зголемување. Праќаме јасен сигнал до сите здравствени работници дека ќе ја вреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, меѓутоа, од друга, очекуваме фер однос и од другата страна и да престанат злоупотребите на додатоците. Таа комуникација ја имаме и со јавните здравствени установи и со синдикатите - посочи Клековски.

Постојано, појасни, ќе комуницираме за да се придвижиме од една состојба во која трудот не се вреднувал, па некои луѓе сами си со наплаќале според она што сметале дека им следува.

- Не може да дозволиме да има самовреднување и самонаплата. Ќе има правила што ќе бидат фер и ќе се бара да се придржуваме до нив - додаде Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). 

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран со масовен воен одговор доколку, како што изјави, иранските власти се обидат да му извршат атентат.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

„Илјада ракети се натоварени и се насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, мене“, наведе Трамп во објава на мрежата „Truth Social“.

Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „тотално да ги десеткува и уништи сите области на Иран“.

Трамп вчера изјави дека оставил упатства за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај, Техеран ќе биде пречекан со одговор „каков што никогаш порано не видел“.

Во интервју за Њујорк пост, Трамп рече дека наводно е цел на Иран долго време.

Трамп вчера, исто така, изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово елиминирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

Фејсбук објава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

„Почитувани земјоделци,

Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот.

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството.

Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.“- стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер