ТенисТроицки суспендиран година и полСрпскиот тенисер Виктор Троицки доби забрана за настап на сите турнири следните 18 месеци поради одбивање да достави примерок за допинг тест. Во текот на АТП Мастерсот во Монте Карло, Троицки бил избран за допинг тест, но тој доставил само примерок од урина, а не и од крв. Троицки тврди дека го известил надлежниот орган дека не однел крв поради тоа што не се чувствувал добро во тој момент. - Добив одговор дека се е во ред и дека подоцна ќе може да однесам примерок од крв. Тогаш не се чувствував добро, а кога давам крв уште повеќе ми се влошува состојбата. Докторката ми рече дека сум блед и дека треба да го прескокнеме тестот. Таа ми предложи да напишеме писмо до ИТФ, ми издиктира што да стои во известувањето и ме пушти да одам. Сега ме обвинуваат. Ова е кошмар за мене, стои во соопштението од Троицки. Српскиот тенисер додава дека следното утро истата докторка му направила тест на примерок од урина и од крв и дека резултатите биле негативен на недозволени супстанци. Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) причината за брзите допинг тестови ја наведува во можноста евентуалното користење на забранети супстанци кои можат брзо да бидат исфрлени од телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МетеоДенес сончево со мала локална облачностВремето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ХороскопДневен хороскоп за 11. јули 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот. Кариера Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни. Здравје и совет Добро ќе си поминувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат. Кариера На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно. Кариера Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство. Здравје и совет Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате да делите среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет. Кариера Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците. Здравје и совет Уживајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската. Кариера Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот. Здравје и совет Одете во природа Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе. Кариера Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица. Кариера Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи. Здравје и совет Одете до крај и не запирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат. Кариера Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време. Здравје и совет Имате право на краток одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно. Здравје и совет Потребно ви е вежбање во теретана. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести. Кариера Ќе с еобидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува. Кариера Претсдтои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели. Кариера Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата. Здравје и совет Посилни сте од многумина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаСемејно куче искаса до смрт четиригодишно девојче- трагедија во Германија Четиригодишно девојче почина откако беше нападнато и искасано до смрт од нејзиното семејно куче во градот Дроза во германската покраина Саксонија-Анхалт.Полицијата започна истрага против мајката на детето и семеен пријател за да се утврдат сите околности на трагедијата. Според полицијата и канцеларијата на државниот обвинител, девојчето си играло со кучето во нејзиниот стан кога животното одеднаш ја нападнало и ја каснало повеќе пати. Се верува дека станува збор за американски стафордширски териер. Иако минувачите веднаш се обиделе да го одвојат кучето од детето, девојчето претрпело толку тешки повреди што дури и вработените во итните служби не можеле да ѝ помогнат, па таа починала на местото на настанот. Кучето било однесено во засолниште за животни, а на членовите на семејството и службите за итни случаи им била пружена психолошка поддршка. Am Mittwochnachmittag starb die kleine Tochter einer 32-jährigen Frau, nachdem ihr Pitbull sich in der Wohnung in das Mädchen verbissen hatte. Der Hund wurde daraufhin beschlagnahmt und an eine Tierschutzeinrichtung übergeben. https://t.co/QRanTwc31g pic.twitter.com/0zv8aHwXMj — Blick (@Blickch) July 9, 2026 Истрага за убиство без умисла 32-годишна мајка и 30-годишен пријател, двајцата германски државјани, се испитуваат под сомнение за убиство без умисла. Истрагата ќе се обиде да утврди дали нападот можел да се спречи или дали имало некакви пропусти во надзорот врз детето и кучето. Кучето претходно нападнало луѓе Градоначалникот на општината Остерненбургер Ланд, Торстен Лоренц (CDU), потврди дека имало претходни инциденти со истото куче. Сепак, животното подоцна било подложено на проценка на темпераментот и однесувањето. Американските стафордширски териери, кои тежат помеѓу 30 и 40 килограми, се сметаат за исклучително силни и се наведени како потенцијално опасна раса во покраината Саксонија-Анхалт. Се разгледуваат измени во законот Трагедијата предизвика шок и тага. „Четиригодишно дете треба да расте безгрижно. Наместо тоа, оваа незамислива трагедија остава празнина што никогаш не може да се пополни“, напиша градоначалникот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека инцидентот се истражува и дека доколку е потребно ќе се разгледаат измени во законот за чување кучиња. „Законот за кучиња служи за заштита на јавноста, особено децата, од опасностите што ги претставуваат кучињата“, објасни министерството, додавајќи дека од овој случај ќе се извлечат потребните заклучоци. Инцидентот повторно ја отвори дебатата за поседување кучиња во Германија. Неодамна, полицијата во Тангерминде застрела куче кое го нападна својот сопственик, а организацијата за права на животните ПЕТА побара задолжително лиценцирање за сопствениците на кучиња.Тагови: девојче куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook