Кога Кејден се родил, на неговите родители им било советувано да го остават во дом бидејќи има церебрална парализа и „ќе им биде товар“.
Но тие своето дете го однеле во својот дом, а постариот син Конор кој имал само 2 години, бескрајно се израдувал на братчето.
Така е до денеска.
Конор никогаш не дозволил неговото помало братче Кејден, родено со церебрална парализа, да живее само дома во количка. Иако Кејден поради болеста не може ни да оди ни да зборува, Конор нашол начин да го вклучи во најголемите детски авантури и игри, да го поминат детството заедно.
Кога Конор имал само 7 години се пријавил на триатлон - натпревар за деца во трчање, пливање и возење велосипед. Но не отишол сам. Со себе го повел своето братче!
На првата трка браќата од „Тимот Лонг“ пристигнале до целта последни. Но, успеале!
Конор го носел својот брат додека трчал, додека пливал Кејден бил во носилка на грбот на Конор, а кога со последните сили го возел велосипедот, Конор го влечел своето братче во поврзана количка.
- Не зборува, но го гледам дека се смее, значи се забавува добро - вели поголемиот брат.
Од тогаш тие секоја година учествуваат на слични натпревари.
- Мене единствено ме растажува кога луѓето за мојот мал брат ќе речат дека е чуден. Но навистина не е важно како некој изгледа однадвор туку каков е внатре. Мојот брат има прекрасни чувства и разбира се што се зборува за него. Сега нема многу грижа за децата како брат ми - во иднина можеби ќе има повеќе! - вели Конор.
Конор и Кејден живеат гушнати. Тие се братчиња, а Конор никогаш не дозволи Кејден да се почувствува поинаков од него.
Погледнете го ова трогателно видео за двете братчиња, нема да можете да ги сопрете солзите. Ќе погледнете приказна за една голема, искрена, убава братска љубов.