3Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди
КошаркаТрофејот во ФИБА Европа купот за Фрапорт СкајлајнерсКошаркарите на Фрапорт Скајлајнерс од Германија го освоија пехарот во ФИБА Европа купот откако синоќа во финалето го совладаа тимот на Варезе од Италија со 66:62 (15:16; 10:15; 13:16 и 28:15). Ова за германскиот тим прв трофеј во европско натпреварување.Признанието МВП (најкорисен) играч го освои членот на Фрапорт Скајлајнерс Куантез Робертсон, кој во финалето постигна 15 поени, а имаше и 5 скокови, 4 асистенции и 2 украдени топки. Во дуелот за 3. место француски Шалон убедливо со 103:72 славеше над рускиот тим Енисеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео-Фото: Дете извлечено живо од урнатини по делумно уривање на зграда во Истанбул Пет преживеани лица се извлечени од урнатините за време на операцијата за пребарување и спасување во седумкатна зграда во истанбулската општина Малтепе, каде што се урнале неколку ката.По пријавувањето на инцидентот, на местото на настанот биле испратени екипи од противпожарната служба, AFAD, UMKE, полицијата и итните медицински служби. Пет преживеани лица се извлечени од урнатините за време на операцијата за пребарување и спасување во седумкатна зграда во истанбулската општина Малтепе, каде што се урнале неколку ката. Првите три ката од седумкатната зграда во населбата Џевизли се урнаа од причини што допрва треба да се утврдат. По добиените информации за инцидентот, на местото на настанот беа испратени екипи од противпожарната служба, AFAD, UMKE, полицијата и итните медицински служби. 🚨 SONDAKİKA | MALTEPE’DE BİNA ÇÖKTÜ: ENKAZDAN 3 KİŞİ ÇIKARILDI! İstanbul Maltepe’de sabah saat 06.00 sıralarında 33 kişinin yaşadığı belirtilen bir apartmanda çökme meydana geldi — Emniyet kayıtlarına göre zemin dahil 7 katlı olan binada 12 daire bulunuyor ve 33 kişi yaşıyor — Son bilgilere göre enkazdan biri kadın 2’si erkek olmak üzere 3 kişi çıkarıldı — Binanın ayakta kalan üst katlarındaki vatandaşlar tahliye edildi — AFAD, itfaiye, polis ve sağlık ekiplerinin bölgedeki arama kurtarma çalışmaları sürüyor — Çökmenin nedeni henüz belirlenemedi — Aykut Gül (@glaykut) October 8, 2026 Екипите за итни интервенции ги евакуираа луѓето заробени на горните катови од зградата, а меѓу урнатините започна операција за пребарување и спасување. Утврдено е дека текстилната работилница во приземјето на зградата била празна. Тимовите за пребарување, со помош на кучиња трагачи, извлекле пет лица – меѓу кои и две деца – од урнатините и ги предале на медицинските екипи, кои ги пренеле во блиските болници. Противпожарните екипи продолжуваат со потрагата по лица за кои се претпоставува дека сè уште се заробени под урнатините. За време на операцијата за пребарување и спасување, еден пожарникар изгубил свест и бил пренесен во болница. Во меѓувреме, патиштата што водат кон улицата каде што се наоѓа зградата се затворени за сообраќај од претпазливост, а во поширокиот реон е воспоставен безбедносен периметар за да им се овозможи на тимовите непречено да работат. Поради ризикот од уривање на преостанатите катови, тимовите влегуваат во зградата на контролиран начин. Голем број градежни машини од соседните општини се исто така испратени во областа за да ја поддржат операцијата. Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Истанбул се наведува дека три ката од седумкатна зграда во населбата Џевизли се урнале околу 5:40 часот наутро. Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, и началникот на полицијата во Истанбул, Селами Јилдиз, пристигнаа на местото на настанот и извршија увид. Во изјавата за новинарите, Ѓул рече дека зградата била изградена во 1987 година и се состоела од приземје и шест ката; во приземјето имало деловни простории, додека на преостанатите шест ката имало станови. „Досега утврдивме дека две од лицата што живеат во овие четири стана моментално се во своите родни места. Од преостанатите 12 лица, пет се спасени, воспоставен е контакт со четворица од останатите седум, а потрагата по три лица е во тек“, рече тој. 🔴 İŞTE BİNANIN ÇÖKTÜĞÜ İLK ANLAR İstanbul Maltepe’de 7 katlı binanın alttaki 3 katı çöktü. Panik anları çevredekilerin cep telefonu kamerasına yansıdı VALİLİK'TEN AÇIKLAMA — 1987 yılında yapılmış zemin artı 6 katlı bina. — Toplamda 12 daire var. Yaşayan kişi sayısı 33 kişi. — 4 dairede toplamda 14 kişi kayıtlı olarak gözüküyor. — Enkazda kalan 5 kişi kurtarıldı. Hala bina enkazında 7 kişinin oldugu bildirildi — Aykut Gül (@glaykut) October 8, 2026 На прашањето од новинарите за состојбата на лицата извлечени од урнатините, Ѓул изјави дека никој не е во животно загрозувачка состојба.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓанитеСе случува тоа што го најавивме. Нов ребаланс на Буџетот само по два месеци од последниот. Тоа ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски. Буџетската дупка е огромна, 900 милиони евра. Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Следуваат нови долгови врз грбот на народот. Веќе Владата се задолжи со нови 250 милиони евра, за буџетски потреби до крајот на годината. Не за враќање стари кредити, не за развојни инвестиции, туку за покривање на недостигот во државната каса. Тоа е резултатот од економските политики на Мицкоски: Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните слушаат бајки за економски успеси. Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода. Дефицитот во Буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ достигна една милијарда евра. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, Владата трупа долгови за да ги покрива основните обврски. Со новото задолжување јавниот долг достигнува 11 милијарди евра, а со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија надминува 63% од БДП. Должничко ропство. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, само за две години. Половина од вкупниот долг на државата во изминатите 30 години. Кредитот не е приход, туку тешка обврска што ќе ја враќаат граѓаните, работниците и следните генерации. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекордиУспехот што го постигнуваме во развој на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање што ја создадовме 2024 година и почнавме да ја спроведуваме во 2025 година и веќе ги даде резултатите. Секој месец рушиме рекорди. Во јули месец, споредено со јули минатата година, двата аеродроми пораснаа 21%, август пораснаа 31%- вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Кога бевме избрани, вкупната фреквенција на сообраќај на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2 милиони и 400 илјади. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу 3,2 – 3,3 милиони патници, а веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа, буквално на десеттина илјади патници, дали ќе стигнеме до 4 милиони патници. Значи, држава со милион и 800 жители има 4 милиони патници на двата аеродорми. Дополнително на тоа, ние го снабдуваме приштинскиот аеродром целосно со керозин и снабдуваме голем дел од потрошувачката на нишкиот аеродром. Исто така на Скопскиот аеродром е третата најголема база на компанијата Визер, во моментов најголема европска компанија после Туркиш Ерлајнс во авиоиндустријата и сите нивни авиони коишто преноќуваат на Скопскиот аеродром се најновите Ербаси, “Airbus A321Neo”, коишто најмалку загадуваат” – истакна вицепремиерот Николоски Во делот на Охридскиот аеродром, вицепремиерот вели дека има огромен раст на сообраќајот, со можност Визер, базата да ја прошири и во Охрид со уште еден авион. “ Концесијата кога е дадена, во неа пишуваше дека до 2030 година Охридскиот аеродром ќе достигне 130.000 патници. Значи тоа го определил концесионерот и државата. Оваа година Охрид ќе помине 350.000–400.000 патници, со многу голема шанса да го замине Нишкиот аеродром” – вели Николоски. Најави дека се прецизира отворање на линијата Скопје-Дубаи. “Дубаи е одлична дестинација. Одлична што голем дел од бизнисот веќе се сели во Обединетите Арапски Емирати, зборувам од европскиот бизнис. Оние големи саеми каде што се претставуваат производители веќе мигрираат кон Дубаи, што многу ќе значи за македонските производители од една страна. Од друга страна, очекуваме сè повеќе туристи од Обединетите Арапски Емирати и во Скопје”- истакна Николоски.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook