Трката на дедомразовци се враќа во Скопје - Канал 5

Трката на дедомразовци се враќа во Скопје

Трката на дедомразовци се враќа во Скопје, започна пријавувањето.

Трката на дедомразовци се враќа во Скопје

Во недела на 26 декември, по пауза од една година, повторно ќе се одржи традиционал-ната Coca-Cola Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Учеството во трката чини 400 денари, а за првите 200 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 ча-сот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“

Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. 

Иран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“

Целосната листа на услови сè уште не е објавена.

„Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X).

Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада.

„Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови.

Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

„Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи.

Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат.

„Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

ЗНАМ излезе од кино со реченицата: функциите доаѓаат и си одат, Македонија останува.

СДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е факт

Отчетот бил обврска, не завршница. Пет пратеници што „знаат зошто се во Собранието“.

Минчев зборуваше за реформи, плати, инфраструктура и зголемување на пензиите.

Тоа „зголемување“ е само кражба од пензионерите. Самите си го ставија во брошурата како резултат.

Ова не е настан за љубов кон татковината туку отчет за шефот Мицкоски.

ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре.

Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Влегоа во власта. Станаа сателити на ВМРО-ОКГ.

Глас. Столче. Тендер. Пошта. Плац за Лидл. Фирма во Бугарија, па стана Максо и „странски инвеститор“.

Две години кражба. Две години народот го држат како заложник. Сега брошура и 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто патриотите имаат бугарски пасоши.

Има и втора смена. ЗНАМ 2.0. Платформата на Мицкоски за „реформи“ во СДСМ.

1,6 милиони евра од буџет. На грбот на народот. Буџет за СДСМ да свири по негова плејлиста.

За Гета дадоа 5,53 милиони евра. За делење на опозицијата - 1,6 милиони евра. Поевтино. Иста каса. Иста банда.

Првата верзија влезе во влада. Втората требаше да биде во СДСМ. Не успеа.

Затоа сега повторно се собираат „за иднината на Мицкоски“. Отчетот не е завршница туку проба.

Следниот чин нека го прават во Бела палата. Филмот го знаеме.

Предавството имаше еден датум. Сега има два.

ЗНАМ не е движење туку привзезок. Функциите се менливи. Провизијата останува. Македонија не им е љубов туку терен за кражба.

Граѓаните нема да одат на панел да им честитаат што ги продале. Одат на следни избори да ја вратат државата. Бандата да одговара. Пред суд. Не пред платно.

20.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена рафинерија

Најмалку две лица загинале, а шестмина се повредени во напад со беспилотни летала извршен во текот на ноќта во пошироката област на Москва, кој руските власти го опишаа како „масовен“. 

Видео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена  рафинерија

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, соопшти дека биле соборени 249 беспилотни летала и дека избувнале пожари во неколку станбени згради и во еден магацин.

Во самата Москва била оштетена рафинерија за нафта, а два аеродрома вовеле ограничувања во сообраќајот, пренесува Би-би-си.

Денеска , Воробјов прецизираше на Телеграм дека 44-годишна жена загинала откако дрон удрил во трикатна зграда, при што биле повредени уште пет лица, меѓу кои и две деца.

Тој исто така потврди дека постар маж починал во погодената приватна куќа во областа Орехово-Зујево. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, извести дека дрон удрил во зграда во близина на градскиот булевар и потврди дека е оштетена рафинеријата за нафта.

Претходно, Собјанин соопшти дека 152 дрона биле соборени на пат кон Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер