КултураТриумфален почеток на Балканската турнеја на ансамбл „Танец“ во Валпово и спектакуларно продолжение во КрањСвојата балканска турнеја „Танец“ ја започна со триумфален концерт во Валпово, пред целосно исполнета сала. Настапот предизвика огромен триумфален ентузијазам и беше награден со долготраен аплауз, поставувајќи висок стандард за целиот претстоен циклус на концерти. Веднаш по Валпово, успехот продолжи и во Крањ, Република Словенија, каде „Танец“ одржа спектакуларен концерт во Прешерново гледалишче Крањ, 26.09.2025 година. Со својата препознатлива мешавина на танцова прецизност, вокална хармонија и оркестарска брилијантност, ансамблот и словенечката публика ја оставија без здив. Концертот во Крањ беше уште една потврда за универзалната привлечност на македонското културно наследство. Преку овие два настапи „Танец“ не само што ја потврди својата врвна уметничка форма, туку и успешно ја исполни својата мисија: да го пренесе богатството и духот на Македонија преку границите, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУспешно 17-то издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2026Пред прекрасната публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, се одржа 17 - тото издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026.На самиот почеток на фестивалот познатиот дебарскиот композитор Зинче Мимидиноски инаку директор на Фестивалот Радика Фест 2026, ги поздрави сите присутни гости, а на учесниците им посака многу успех. На фестивалот настапија деца и автори од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид како и автори на текстови од повеќе градови од републикава и тоа Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, Прилеп при што се изведоа 13 нови авторски композиции. Од страна на стручното жири на фестивалот се доделија награди од стручното жири, награда од публиката, награда за најдобар вокал, награда за најдобар сценски настап, награди за бест хит, награда за бест талент и награда за бест јуниор талент. Победник на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026 е Бида Оручоска од Косоврасти која ја испеа прекрасната песна ”Сонце во нас”. Нејзиниот прекрасен настап со прекрасна интерпретација ги воодушеви присутните посетители. Првотото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец, за најдобар вокал беше прогласена Џана Ибраимоска од Дебар, за најдобар сценски настап беше прогласена прекрасната и волшебна Мелда Кадри од Дебар. Гости во програмата на Фестивалот беа прекрасната фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше како и триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа, Фестивалот финансиски беше поддржан од: Министерство за Култура и Туризам, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, ТД Боград Струга ДОО, Арсенал Дооел Струга, ТД Гајрет с.Лабуништа Струга, Дооел Јасен Подгорци, Струга помогната и од Центар за култура – Дебар.Тагови: РАДИКА ФЕСТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училиштаПопуларната и најмасовна детска трка „Трчај бе“ денеска донираше спортски реквизити за основните училишта во Општина Битола. Донацијата се состои од кошаркарски, ракометарски, топки за одбојка и за фудбал. Вредно е да се напомене дека „Трчај бе“ секоја година им овозможува на ученици од социјално ранливи категории од основните училишта и деца од градинките да учествуваат во детската трка без котизација, со што ја покажува општествената одговорност кон сите во заедницата. Општина БитолаТагови: Трчај бе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКорупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјатаУкраинската даночна служба објави дека открила траги од голема шема на одлив на капитал и перење пари преку лажно претставена меѓународна трговија вредна околу 4,5 милијарди долари, во која биле вклучени илјадници фиктивни компании.Повеќе од 2.300 украински компании извршиле сомнителни трансакции со странство, по што многу практично исчезнале од деловните евиденции, објавува „Киев Индепендент“. Даночната служба наведува дека сомнежот го предизвикале компании чии сопственици или директори истовремено управувале со стотици други компании. Директорката на Украинската државна даночна служба, Лесја Карнаух, изјавила дека се идентификувани седум лица кои истовремено биле основачи или директори на повеќе од 500 компании, додека вкупно повеќе од 7.000 деловни субјекти биле под нивна контрола. Истрагата, исто така, покажала дека многу сомнителни компании користеле исти IP адреси, поднесувале извештаи од споделени компјутерски мрежи и биле регистрирани на идентични адреси. Во Киев, 20 компании биле регистрирани на една адреса, додека во Лавов, две адреси биле седиште на 10 и 13 компании. Случајот беше откриен откако Украинската централна банка пријави голем број прекршувања на пропишаните рокови за завршување на меѓународните платни трансакции во периодот од 2024 до првиот квартал од 2026 година. Даночната служба подготви аналитички извештаи за 557 компании и ќе ги проследи до украинското обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошните чекори. Извор: Б92Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook