Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во Олденбург
1Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во Олденбург
КошаркаТриумф над Норвешка, следи дуел со домаќинот РоманијаЖенската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија (кошаркарки до 16 години) синоќа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Орадеа ја постигна првата победа во групата Д. Совладана беше селекцијата на Норвешка со 53:37 (16:6; 12:10; 6:13 и 19:8).Во првите две кола нашите кошаркари убедливо беа поразени од Полска и од Белгија. Попладнево Македонија во последниот натпревар од групата ќе игра против домаќинот селекцијата на Романија. Избраничките на селекторот Анета Глигорова победата ја навестија со подобрата игра од ривалот во првиот дел кога остварија и водство од 28:16. Во третиот период Норвешанките намалија на 34:29, а последниот период повторно и припадна на Македонија за конечен триумф – 53:37. Најефикасна во нашата репрезентација беше Тијана Митрева со 19 поени. На чело на табелата во групата е Полска со скор 4-0 (победи-порази), Романија 2-1, Белгија 1-2, Македонија 1-2, Норвешка 0-4. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во ОлденбургЗначаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ.Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува за фестивалските награди. Фестивалот ќе се одржи од 16 до 20 септември 2026 година и повеќе од три децении претставува една од најзначајните европски платформи за независна кинематографија. Во меѓународните филмски кругови е познат како „Европскиот Санденс“, додека The Hollywood Reporter го опишува како водечки германски фестивал на независниот филм и едно од задолжителните места на европската фестивалска сцена. „Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени. Приказната следи двајца новинари вовлечени во свет на корупција, злоупотреба на моќта, политичка хипокризија и скандали, во кој секој обид да се открие вистината носи нови морални дилеми и лични последици. Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, а сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Директор на фотографија е Дејан Димески. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија. Извршен продуцент е Сашо Пешев, а реализиран е во продукција на „Ново македонско видео“ и „Њу момент“. Според режисерот Јаниќијевиќ, едно од централните прашања што ги отвора филмот е колку е можно човек да остане „чист“ во средина во која вистината постојано се приспособува на интересите на моќниците. Сценаристот Сашо Кокаланов нагласува дека филмот не претендира да биде целосна слика на македонското новинарство, туку преку конкретна приказна отвора пошироки прашања за медиумите, политиката и општеството. Изборот во официјалната конкуренција на Олденбург му овозможува на филмот своето меѓународно патување да го започне на фестивал препознатлив по поддршката на бескомпромисни авторски гласови, независни продукции и дебитантски остварувања. Главната фестивалска награда, German Independence Award – Best Film, се доделува на најдоброто независно долгометражно остварување, а фестивалот доделува и признанија за режисерска храброст, оригиналност, дебитантски филм и актерски остварувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваФото: Девојката на ВинисиусПод една од објавите на Вирџинија Фонсека на Инстаграм, посветена на нејзиниот одмор, фудбалерот остави кратка, но јасна порака: „Те сакам“.Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повторно го освои срцето на ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус. Вирџинија Фонсека е една од најпопуларните бразилски инфлуенсерки и има околу 56 милиони следбеници само на Инстаграм. 🚨 📸 The new look Vinicius Junior enjoying his vacation. ⛱️ Brazil and Real Madrid star Vinicius Jr had a chin contouring harmonization procedure at a clinic in Goiânia, Brazil, ahead of the 26/27 football season. 🇧🇷⚪ It wasn’t just the beard, the 26-year-old really changed… pic.twitter.com/4FPbuUAZPx — CloudNine Sports (@cloudninesports) July 21, 2026 Се чини дека Винисиус Жуниор и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повеќе не сакаат да ја кријат својата врска. По разделбата во мај оваа година, љубовта меѓу ѕвездата на Реал Мадрид и една од најпознатите инфлуенсерки во Бразил повторно се разгоре. Според бразилските медиуми, за нивното помирување придонело раното испаѓање на бразилската репрезентација од Светското првенство во 2026 година, уште во осминафиналето. Со месеци на социјалните мрежи кружат фотографии и гласини дека тие повторно се заедно, а сега Винисиус практично стави крај на сите шпекулации. Под една од објавите на Вирџинија Фонсека на Инстаграм, посветена на нејзиниот одмор, фудбалерот на Реал остави кратка, но јасна порака: „Те сакам“. Двојката раскина во мај 2026 година, непосредно пред почетокот на Светското првенство, но за време на самиот турнир, повторно се појавија гласини за нивно помирување. Дополнителни сомнежи поттикна Вирџинија кога на Инстаграм објави фотографија од букет рози и обетки изработени од омилениот дизајнер на фудбалерите на Реал Мадрид, а Винисиус на објавата реагираше со неколку емотикони во форма на срце.Тагови: Винисиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невреметоОпштина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка во соработка со Владата, СДС да не ликува на временските непогоди.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, бевме во струмичко Дабиле, за да добиеме информации директно од терен за штетите предизвикани од невремето проследено со силен дожд и ветер, кое вчера го зафати нашиот регион. Разговаравме со земјоделците, а освен директно погодените земјоделски површини, извршив увид и на патна инфраструктура која истотака беше зафатена од невремето. Благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, предизвиканите штети на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани. Ги повикувам сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, за да можеме навремено да реагираме, комисиите да излезат на терен и да се изврши проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33