СкијањеТриумф на Романците на Мавровскиот меморијалНатпреварувачите од Романија, Паул Пепене и Тимеа Сара се победици на двете денешни трки од 52-то издание на меѓународната манифестација во нордиско скијање ,,Мавровскиот меморијал’’.Во трката на 10 километри во машка конкуренција, прв целта ја мина Паул Пепене, остварувајќи време од 22 минути 25 секунди и 22 стотинки. Второто место му припадна на неговиот сонародник Петрика Хоџи, додека третопласиран беше Еди Дадиќ од Хрватска. Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Дарко Дамјановски, кој со заостанување од 3 минути и 34 секунди зад победникот го освои 9. место, додека веднаш зад него трката ја завршија Тони Станоевски и Ѓорѓи Ицкоски. Победничката во женската трка на 5 километри, Тимеа Сара оствари време од 13:12.32 минути, оставајќи ги зад себе, Ведрана Малец од Хрватска на второто и минатогодишната победничка Антонија Григорева од Бугарија на 3-место. Најдобра македонска натпреварувачка Росана Кироска го освои 5-место што е нејзин најдобар пласман на Мавровскиот меморијал. Утре на патеката „Мирна долина“ ќе се одржат трки во двете конкуренции по 5 километри, а стартот на женската трка е во 10 часот, а на машката 10.45 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на МекаВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека. Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.Тагови: дрон Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВКСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово. Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите. Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа. Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинатиХеликоптер на американската телевизиска станица KNBC се урна синоќа во Лос Анџелес. Во несреќата загиналенајмалку три лица, вклучително и пешак на паркинг, а едно лице е пренесено во болница. Хеликоптерот се урнал нешто пред 19 часот по локално време, на околу 40 километри северозападно од центарот на Лос Анџелес. Екипи за итна помош и новинарски екипи се наоѓале во близина во тоа време, известувале за посебна несреќа со автобус во која исто така имало жртви. „Знаеме дека станува збор за хеликоптер на информативната редакција и знаеме дека изгубивме контакт со нашите луѓе“, изјави во етер водителката на KNBC, Колин Вилијамс. Претходно истата вечер, таа соопштила дека станицата изгубила контакт со екипажот на хеликоптерот. Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштија дека на местото на несреќата се пронајдени три починати лица, додека едно лице е пренесено во локална болница; неговата состојба е непозната. "IT CAME AND SLAMMED INTO THE BUILDING" EYEWITNESS DESCRIBES AFTERMATH OF NBC HELICOPTER CRASH IN CHATSWORTH An eyewitness has described the aftermath of the NBC 4 Los Angeles helicopter crash in Chatsworth, near the site of a Metro bus crash. Emergency crews rushed to the scene as debris from the helicopter was scattered around the crash site. — Subodh Kumar (@kumarsubodh_) September 16, 2026 Едно од починатите лица било „пешак кој се наоѓал на паркингот“, изјави капетанот на противпожарната служба, Бранден Силверман. Причината за несреќата сè уште не е позната, а властите не го соопштија бројот на лица кои се наоѓале во хеликоптерот. Силверман изјави дека леталото е речиси целосно уништено и дека истражителите ќе треба да ги пребараат остатоците за да ги идентификуваат жртвите и да го потврдат идентитетот на хеликоптерот. BREAKING: TV news helicopter crashes during live shot of bus crash in Los Angeles. The helicopter belongs to NBC Los Angeles (KNBC-TV). No word yet on casualties. https://t.co/kXwgr5meOP — BNO News (@BNONews) September 16, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook