Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
ФудбалТриумф на Миовски со Глазгов Ренџерс во Лига ЕвропаМакедонскиот репрезентативец Бојан Миовски во победникчката екипа настапи од 64.минута, а во игра влезе при резултат 1:0. За екипата на Глазгов Ренџерс ова беше прва европска победа сезонава.Шкотскиот премиерлигаш Глазгов Ренџерс ја оствари првата победа сезонава во Лига Европа откако синоќа пред своите навивачи го совлада Лудогорец со 1:0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во победникчката екипа настапи од 64.минута, а во игра влезе при резултат 1:0. За екипата на Глазгов Ренџерс ова беше прва европска победа сезонава. Важна победа и пласман во нок-аут фаза обезбеди и Црвена Звезда на гостувањето против малме со 1:0, додека по трите порази Динамо загреб со убедливи 4:1 ја совлада романската екипа ФКСБ. Црвена Звезда со четвртата победа во низа е во горниот дел на табелата – 11.место, додека Динамо Загреб е на 20.место и ќе се бори за подобра позиција. Двете првопласирани екипи кои имаат по 18 бодови Олимпик Лион и Астон Вила ќе ја „прескокнат“ првата нок аут фаза и веќе имаат пласман во осмина финалето. Првите осум екипи ќе бидат слободни во првата нок аут фаза, додека екипите од 9-24.место ќе одиграат два натпревара (дома – гости) за пласман во осмина финалето. Тагови: Бојан Миовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСипаниците го погодија овчарството – сточарите бараат итни меркиОколу 2.700 грла овци досега се уништени поради појава на сипаници кај малите преживари. Од Сојузот на одгледувачи на овци по вчерашната средба со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство кажаа дека побарале итно разгледување на можноста за вакцинација, побрза реакција на терен, но и повисоко обештетување на сточарите. Предупредуваат дека ширењето на болеста може сериозно да го загрози сточарството во земјаа, додека од АХВ најавија дополнителни состаноци за разгледување на нивните барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД Новите американски царини што од полноќ стапија на сила за повеќе од 80 држави и трговски партнери предизвикаа бран реакции низ светот. Додека дел од земјите најавуваат интензивирање на преговорите со Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп испрати нови остри пораки кон Европската Унија, обвинувајќи ја дека со години неправедно ги таргетира американските компании. Трамп ја обвини Европската Унија дека со казни кои се бројат во милијарди против технолошките гиганти Ејпл, Мета, Амазон и Гугул спроведува, како што рече, нелегална и дискриминаторска политика. Најави дека Брисел ќе плател „значителна цена“ и повторно се закани со високи царини за европските производи, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат, како што рече, „касичка за Европа“. -Во земјата влегуваат млијарди долари благодарение на царините. Мислам дека победата на изборите на 5 ноември имаше влијание, но, најповеќе мислам дека царините се главната причина поради која денес имаме 19,2 трилиони долари инвестиции во земјава. Без царините ќе бевме во сериозна неволја – изјави Трамп. Во регионот, најголемо внимание предизвика одлуката Србија привремено да биде изземена од американските царини. Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека, додека траат разговорите со Вашингтон, царините за српските производи ќе бидат нула проценти За разлика од повеќе од 80 земји погодени со новите мерки, Македонија не е опфатена со новиот пакет американски царини. Македонските производи ќе продолжат да се извезуваат според редовниот американски царински режим, а за голем број производи тоа значи царинска стапка од нула проценти. Земјава не е засегната од новите царини, што според економските оценки им овозможува на домашните извозници да ја задржат својата конкурентска позиција на американскиот пазар, но доколку мерката не потрае долго. -Индиректните ефекти би можеле да се почувствуваат и во македонската економија доколку трговската војна дополнително се продлабочи – изјави Миновски. Новите американски царини отворија ново поглавје во глобалните трговски односи, со различни последици и реакции кај погодените земји особено оние во ЕУ. Додека дел од државите веќе бараат решение преку преговори со Вашингтон, исходот од трговските тензии меѓу најголемите светски економии по одлуката на Трамп ќе остане важен фактор и за домашната економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПартиски препукувања за загадената вода во ГостиварПродолжуваат партиските препукуавња за загадената вода во Гостивар. Од опозициската СДСМ бараат политичка и кривична одговорност и од централната и од локалната власт, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека локалната власт во Гостивар со години е во раце на опозициските партии. Обвинуваат дека на СДСМ и ДУИ не им се важни граѓаните и дека го штитат градоначалникот Валбон Лимани. „Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта. 20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна“ „Тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично. А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните“ Меѓусебните партиски препукувања и фактот што дискусијата во политичкиот дискурс во последниот период се повеќе се сведува на теми кои во државата одамна требало да бидат надминати, според аналитичарот Арсовски е загрижувачки. За случајот со загадената вода во Гостивар, според него потребна е институционална одговорност и да се извлече поука за во иднина. „Тоа е недостаток на моќ за процесирање кај граѓаните и тоа се амалгамира во еден заеднички општ жабарник каде гласачите го складираат тоа незадоволство за понатаму. Ние видовме апсења во Комуналц но недоставува една институционална одговорснот. Да се идентификува каде затаил системот, што се случил и да се воведат механизми тоа да не се повтори. Таа лекција не ја научивме ниту ја напавивме со Кочани, некулкуте сообраќајни несреќи, не гледам дека сега ја правиме во Гостивар“ Арсовски додава дека партиската пинг понг коумикација, нема да им донесе поени на политичарите, туку напротив само ќе го зголеми незадоволството кај граѓаните и дека тоа ќе се прелее и избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook