Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија - Канал 5

Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија

Најдобрата ракметна репрезентација со сигурни чекори оди кон уште еден пласман на големите натпреварувања, ЕП во 2022 година.

Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија

Црвено жолтите попладнево на гостувањето во Шафхаузен го совлада домаќинот Швајцарија со 25-23 и обезбедија важен триумф во битката за второто место во групата кое води на Еврошампионатот во 2022.

Одличната игра во одбрана на нашиот национален тим беше клучна за успехот на денешниот меч.

По израмнетото прво полувреме во ист ритам двете селекции продолжија и во вториот дел. Швајцарците во еден момент направија и предност од 3 голови но потоа следуваше наша серија од 4-0 во голови со што го најавивме конечниот триумф на деншниот натпревар.

Нашиот капитен Кире Лазаров повторно беше прв стрелец во редовите на црвено жолтите со шест погодоци, пет постигна Стоилов, а по четири постигнаа Георгиевски и Кузмановски

Со оваа победа Македонија направи голм исчекор кон пласманот на ЕП во 2022.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово

Превентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово за безбедност во сообраќајот, заштита од имотни деликти и заштита на шумите од сеча и пожари.

Превентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово

На 11.06.2026, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка во селата Отовица, Сујаклари, Иванковци и Мамутчево, на подрачје на општина Чашка и село Извор реализираа превентивно едукативни активности под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“.

Во рамки на активностите на граѓаните им беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слични со цел брза и навремена реакција. Во текот на летниот период, поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви.

Денеска, на повеќе локации во Делчево реализирана е превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“и „Вози одговорно-Носи Кацига“. На возачите учесници во сообраќајот им беше укажано да внимаваат на техничката исправност на своите возила и беше апелирано да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на активноста на возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Исто така, денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП на подрачјето на Ѓорче Петров спроведе превентивно едукативни кампањи од област на имотни деликти „Секој може да биде жртва“, „Внимавај-телефонски измами“ и „Паркирај совесно-паркирај одговорно“. Основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Воедно на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на совесно и одговорно паркирање на моторно возило.

Пребенвтивни активности за зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и за побезбеден сообраќај беа реализирани и во Тетово. Притоа, на непосредни средби, граѓаните беа запознаени со улогата, задачите и одговорноста на полицијата. Им беше укажано и како да се заштитат од имотни деликти ( кражби на паричник, ташни и други предмети од вредност), како и за постапката при пријавување на овој вид на настани во полиција. Во Тетово продолжи практичното имплементирање на превентивно едукативниот проект ,,Чекор по чекор“, во кој ќе бидат опфатени децата на предшколска возраст од 14 тетовски детски градинки, на кои полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар им одржуваат предавање и им објаснуваат на децата како да се движат во сообраќајот, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул, Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција.

Министерот Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул, Турција

Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства. На настанот се очекува учество на голем број компании од двете земји, кои ќе реализираат B2B и B2G средби.

Бизнис форумот ќе го отворат министерот Муцунски и неговиот хомолог, министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.

На маргините на форумот, министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот Болат, на која се очекува да стане збор за економските односи меѓу двете земји, можностите за натамошно зголемување на трговската размена, привлекувањето инвестиции, како и за унапредувањето на севкупната економска соработка.

Настанот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни контакти и партнерства меѓу компаниите од двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: До 2015 година застаппеноста не била законски регулирана освен преку алатка

Процедурата за носењето на законот за правична застапеност е запазена, најверојатно во понеделник ќе се свика продолжение, вели собранискиот спикер Африм Гаши во „Само Интервју“. 

Гаши: До 2015 година застаппеноста не била законски регулирана освен преку алатка

На најавите на дуи дека е можно физички да го попречат носењето за законот, Гаши посочи дека демократија значи владеење на мнозинството, а на законот треба да му се даде шанса и доколку е потребно допнително ќе се менува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер