ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции
2ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции
3Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
КошаркаТриумф на македонските кошаркари во Даблин против Република ИрскаМакедонската кошаркарска репрезентација ја постигна втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2029 откако вечерва во Даблин ја совлада Република Ирска со 88:76. Резултат по четвртини: 27:20; 13:22; 22:19 и 14:27.Почетокот на дуелот мина во знак на домашната репрезентација, која на почетокот на вториот период ги имаше и највисоките +11 (31:20). Во продолжението македонските кошаркари направија серија од 15:2 и поведоа со 40:37. Во третиот период двете репрезентации се менуваа во водство, додека во последната четвртина Р.Ирска последен пат водеше со 69:68, на што македонските кошаркари одговорија со серија од 18:5 со што ја обезбедија новата победа. Андреј Јакимовски со 26 и Џејкоб Вајли со 20 поени беа најефикасни во нашата репрезентација. Во вториот дуел од групата А одигран денеска Луксембург го совлада Азербејџан на гости со 95:90. Македонските кошаркари заедно со селекцијата на Луксембург по две кола имаат по две победи. Следниот натпревар избраниците на селекторот Марјан Илиевски го играат на 27.февруари 2026 против Луксембург на домашен терен. Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБројот на случаи на ебола во Конго надмина 5.000Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надмина 5.000, според владините податоци објавени во синоќа.Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надмина 5.000, според владините податоци објавени во синоќа, додека здравствените власти предупредуваат дека напорите за сузбивање на болеста не успеваат да го запрат нејзиното ширење. Седумнаесеттата епидемија на ебола во Конго стана најголема во историјата на земјата според бројот на случаи кон крајот на јули, а бројот на жртви за време на викендот достигна 2.378, соопшти Институтот за јавно здравје, надминувајќи ја претходната најтешка епидемија од периодот 2018–2020 година. Според најновиот извештај за состојбата, Институтот досега има регистрирано 5.021 случај, што ја прави оваа епидемија втора најтешка во светот – надмината единствено од епидемијата во Западна Африка во периодот 2014–2016 година – како во однос на бројот на заразени, така и во однос на бројот на смртни случаи. Актуелната епидемија е предизвикана од сојот „Бундибуџо“ (Bundibugyo) на вирусот ебола, за кој не постојат одобрени вакцини или третмани. Болеста брзо се шири откако на 15 мај беше прогласена епидемијата, бидејќи слабата здравствена инфраструктура, отпорот од локалното население, нестабилноста и протестите на здравствените работници вклучени во напорите за справување со ситуацијата ги попречуваат обидите за откривање и сузбивање на инфекцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Франција на плантажа со лозје пронајдено изгореното тело на исчезнатата „ТикТокерка“Работник на нива открил делумно изгорено тело на жена во лозје во јужна Франција, а семејството на исчезнатата инфлуенсерка Соња Белини (29) е убедено дека станува збор за неа. Белини, која потекнувала од областа Ним, исчезнала пред девет дена, а јавното обвинителство потврди дека е покрената истрага за убиство, пренесува „Билд“. Работникот го пронашол телото меѓу редовите со винова лоза во департманот Гар. Надлежните испратиле 40 жандарми на местото на настанот, а истражителите во Сен-Жил – град лоциран на околу дваесет километри од Ним – вршат детална форензичка анализа на локацијата. Официјална потврда за идентитетот на жртвата ќе биде можна дури откако ќе заврши ДНК-анализата. Соња Белини имаше околу 260.000 следбеници на TikTok. Таа требаше да го прослави својот 30-ти роденден во септември, а според медиумските извештаи, нејзиното семејство веќе ја имаше организирано прославата. Таа престана да објавува содржини на својот канал во текот на 2025 година. Таа беше позната по таканаречените видеа со „лип-синк“ (lip-sync) – кратки снимки во кои корисниците ги движат усните синхронизирано со постоечка аудио-снимка, најчесто музика или дијалог од филм. Овој формат се здоби со популарност преку апликации како TikTok и претставува еден од најчестите видови содржини на социјалните мрежи. Сè уште не е познато како починала 29-годишната жена. Јавното обвинителство засега не соопштува детали за можни осомничени лица или за мотивот. Нејзината сестра, Миа, за весникот „Миди Либр“ (Midi Libre) изјавила дека Соња имала закажана средба вечерта кога исчезнала. Таа рекла дека нејзината сестра требало да се сретне со маж со кој претходно била во врска. Во меѓувреме, семејството се соочува со гласини и напади на социјалните мрежи, каде што кружат тврдења дека Соња работела како придружничка (ескорт). Поради тоа, тие стапиле во контакт со „ТикТок“ за да побараат отстранување на таквите објави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкцииВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции, разликата е голема.Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширеше лаги и паника поврзани со водата за пиење. И, наместо да преземат одговорност за кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица. Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема преку создавање непотребна паника и ширење тврдења кои не се потврдени со факти. Наместо да се соочи со сопствените пропусти и да понуди одговори за своето политичко дејствување, опозициската партија продолжува со познатата стратегија на политички напади и дневни конструкции. Кога фактите не им одговараат, СДС создава нова приказна. Кога ќе пропадне една конструкција, следи нова. Но, граѓаните веќе јасно ја препознаваат оваа политика на СДС која произведува приказни и создавање недоверба, и ВМРО-ДПМНЕ која работи и испорачува резултати во интерес на сите. Од СДС може да покажат трошка доблест и да одговорат каде беше партијата кога на граѓаните во Гостивар им била потребна конкретна помош, зошто не обезбедиле ниту еден пакет вода и зошто не барала одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, за кој бараа поддршка на минатите избори. Дополнително, до кога нивниот политички хаос и неуспех ќе го покриваат со нов спин, лага, дезинформација и нов обид за создавање паника и недоверба кај граѓаните. Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави партија чиј формален претседател e. Македонија нема потреба од опозиција која својата неспособност и немањето идеи сака да ги скрие со создавање на хаос, паника и страв, туку на граѓаните им требаат работа, стабилност и конкретни резултати за подобар живот. Наспроти хаосот на талогот на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да одговара на обидите за политички манипулации со факти, конкретна работа и резултати и тоа граѓаните добро го гледаат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook