Трипуновски: Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите

Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои не откупен, власта дозволи увоз на тутун.

Ова се документите кои го докажуваат увозот на тутун, во ек на откупна сезона. Ова се фактури и барања за дозвола за увоз кои го демантираат Заев и Димковски. Тие вчера лажеа дека увоз на тутун нема.

Заев и Димковски ги гледаат во очи и ги лажат тутунарите, како и за се останато во државата.

Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволија увоз на околу 1 милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра.

Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од 1 до 2 евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун.

Тутунот кој се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот.

Македонските тутунари плачат за денар повеќе и реална процена на тутунот, а Заев и Димковски увезуваат тутун кој се плаќа поскапо.

Тутунарите се излажани и изманипулирани. Наместо да се откупи домашниот тутун, се увезува странскиот.

Додека тутунарите од прилепско молат за повисоки откупни цени, Заев, Димковски и Шапуриќ дозволија увоз на тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари.

Ова е доказ дека Заев, Димковски и Шапуриќ ги лажат тутунарите. Увоз на тутун има, а домашниот не се откупува.

Повикувам власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот. Никој не смее да си поигрува со тутунарите.

Заев е причината за сета мака на тутунарите. Сите проблеми ќе завршат по 12 април, кога ќе следува одговорен пристап кон тутунарите и земјоделците во целост.

Ви благодарам на вниманието.

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер