СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаТрипуновски: Со кампања ја подигаме свеста за купување домашни земјоделски производи, а воедно ја јакнеме домашната економијаЦветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ имаше обраќање на денешната трибина на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“, која се одржа во општина Струмица. Трипуновски зборуваше околу кампањата која би била насловена Македонско најдобро, а целта е да се подигне свеста за важноста од купувањето на домашни земјоделски производи и преработки со што се поддржуваат земјоделците и економијата во земјава. Тој додаде дека во рамки на кампањата ќе биде воведена и платформа која ќе овозможи лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и подобра евиденција на земјоделското производство во Македонија. „Во изминатите месеци работевме еден проект кој сакаме да поттикнеме купување на домашни македонски земјоделски производи. Исто така и преработки. Кампањата би се викала Македонско најдобро, во текот на наредните 10тина дена ќе има и официјална презентација на истата кaмпaња со сите цели и аспекти кои што истата треба да се спроведат и да се постигнат“, рече Трипуновски. Трипуновски истакна дека купувањето македонски земјоделски производи значи поддршка за домашните земјоделци, преработувачи и целата економија. „Она што е суштината, сржта на оваа кампања е да ја подигнеме свеста кај македонскиот потрошувач дека со купувањето на македонските земјоделски производи и преработки од истите при самото купување помагаме пред се на оној кој што го произведува тој производ. Тоа е оној почитуван земјоделец којшто упорно работи надвор на полињата за да произведе и да имаме доволна количина на храна. При самото купување на било кој земјоделски производ, ја помагаме и домашната економија, ги помагаме сите преработувачи кои што учествуваат во секторот бидејќи истите имаат вработени кои што делат плата и едноставно нивните семејства ги издржуваат“, вели Трипуновски. Тој посочи дека кампањата е добро прифатена од јавноста, а новина е воведувањето на платформа што ќе овозможи поврзување на производители, преработувачи и потрошувачи, со цел полесен пристап до домашни земјоделски производи и подобра евиденција на производството. „Првиот впечаток од јавноста дека кампањата е убаво прифатена, исто така една од новините во оваа кампања ќе биде една платформа која што ќе биде изработена. Во платформата ќе имаме регистрација на сите земјоделски производители по тип на производство. Исто така ќе бидат регистрирани сите потрошувачи односно сите маркети, сите производители и преработувачи на земјоделски производи. Секој еден граѓанин со еден клик ќе може да си избере тип на производ кој што го сака да го купи, каде тој се продава од неговото место на живеење и на тој начин ќе имаме една база на податоци која што ќе значи целокупна евиденција на целокупното земјоделско производство во нашата држава,“ кажа Трипуновски. Трипуновски додаде дека кампањата има за цел преку медиумска промоција да ја поттикне свеста кај потрошувачите за значењето на купувањето домашни земјоделски производи, со што, според него, директно се поддржуваат земјоделците, селото и македонската економија. „Оваа кампања ќе биде пропратена со низа на медиумски елементи што ќе значи промоција на домашното производство, единствено целта е да ја подигнеме свеста кај потрошувачот, бидејќи со секое купување на било кој земјоделски производ ја помагаме нашата економија, нашето село и нашиот земјоделец којшто вредно работи“, заклучи Трипуновски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter