Трипуновски: Сеидбата на оризот доцнеше заради неисчистената каналска мрежа

Денеска со моите теренски активности бев во општина Свети Николе, пред се, рече Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Го посетив населеното место Црнилиште каде што направив увид во системот за наводнување во тој регион и она што можев таму да го воочам е дека иако водата е во каналите присутна , меѓутоа во секундарната мрежа не е пуштена за да стигне до нивите на земјоделците затоа што каналската мрежа ниту е чиста ниту е во функција, а исто така продолжив и сум во посета на Чешиново Облешево. Овдека сакав да направам увид исто така на каналската мрежа која што им е потребна на земјоделците за поплавување на оризовите полиња. Од она што ме информираа дека сеидбата на оризот оваа година доцнеше речиси дваесетина дена што можеби сериозно ќе се одрази на нареднава реколта на оризопроизводството. Доцнењето беше пред се поради тоа што има неисчистена каналска мрежа. Како што можете да видите позади мене каналската мрежа е сеуште обрасната со трска и со вегетација и практично водата доцнеше да стигне до оризовите полиња. Јас постојано во моите теренски активности и во минатото а и еве и денеска во оваа прилика, постојано апелирав и укажував дека системот за наводнување во Република Македонија мора да биде во кондиција затоа што водата е неминовен ресурс кој што ќе значи рентабилно и сериозно производство на земјоделските производители во целата Република Македонија. Наместо владата да излегува со мерки, економски сет мерки кои што нема да го решат проблемот на земјоделецот, туку ќе бидат само една мерка која е тешка за реализација која што едноставно нема да помогне во решавањето на проблемите. Сериозен пристап кон решавање на земјоделските проблеми ако имаме системи за наводнување кои што се во функција, ако имаме исплатени субвенции, ако имаме сериозна грижа кон земјоделците. Исто така еве кога сум во овој регион морам да потенцирам дека оризпроизводителите онаа дополнителна мерка која што беше во 2018 година за предадена оризова арпа после 25.12.2018 сеуште ја немаат добиено како субвенција и неминовно ја чекаат за да ги покријат своите трошоци во производството. Така да ако се сакаше да се помогне на земјоделците ќе се исплатеа сите земјоделски субвенции кои што ги чекаат земјоделците ширум Република Македонија, независно дали се оризопроизводители, дали се сточари, дали се млекарите, градинарите во струмичкиот регион итн. Така да со овие посети јас сакам да го анимирам и министерот Димковски и директорот на А.Д. Водостопанство сериозно да си ги земат работите во свои раце. Да излезат на терен и да ги решаваат и да ги превенираат проблемите затоа што знаете во оваа тешка економска ситуација која што го зафати светот на глобално ниво. Кај нас да не биде само лицемерно дека Зоран заев и Трајан Димковски се грижат за земјоделците и сакаат да им помогнат, а она што ќе го видиме на терен е дека имаме нерешени проблеми, неисчистени канали и практично една летаргија во овој аграрен сектор.

Моите информации говорат дека во браната Калиманци има некаде околу 70 милиони литри, што е да речеме на некое најниско ниво кое што можеби ќе ги задоволи потребите на во овој регион на Република Македонија, меѓутоа она што можам да потенцирам и да забележам е дека и таа мала ниска количина на вода, при нерационално користење на водата практично нема да има никаков ефект. Пред малку ви кажав дека во делот на Свети Николе водата поминува по каналите меѓутоа не се користи за полевање пошто секундарната мрежа не е во функција. Исто овдека гледаме дека имаме неисчистени канали каде што со оваа вегетација практично ќе неможе да се дополнат оризовите полиња. Замислете во месец август кога е најпотребна водата за полевање што би можело да се случи во овој регион. Тоа е безмалце еднакво на катастрофа, меѓутоа се надевам дека до тогаш ќе се изнајде некое решение и дека А.Д. Водостопанство и министерството ќе излезат на терен и ќе ги превенираат овие ситуаци, рече Трипуновски.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер