Трипуновски: СДСМ ги разочара земјоделците, а вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство ги остави без плата - Канал 5

Трипуновски: СДСМ ги разочара земјоделците, а вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство ги остави без плата

„Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“

Трипуновски: СДСМ ги разочара земјоделците, а вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство ги остави без плата

„Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“, потсети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска говорница.

„Кога ја преземав функцијата, наследив една хаотична состојба, нерешени предмети, хаос во институциите, наталожени проблеми, неисплатени плати во јавните претпријатија, неисплатени субвенции и чувство дека Министерството служело за политичка пропаганда наместо за реална поддршка во земјоделството“, појасни министерот.

„Да потсетам дека околу 1.600 вработени во ЈП Национални шуми 4 месеци немаа примено плата, а над 500 вработени во АД Водостопанство немаа земено плата дури 5 месеци, нив ги оставивте на цедило, без плата и здравствено осигурување“, нагласи тој.

Министерот посочи дека сегашната власт имаше обврска да исплати неисплатени субвенции од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. За потсетување 17 месеци, претходната власт немаше исплатено субвенции за предадено млеко.

„Сакате факти за вашето неработење, тука говори и кредитот од Светска Банка земен во 2019-та година во износ од 46 милиони евра. Затекнавме многу слаба реализација во активностите за проектот, беше помалку 10%, а сите активности на проектот требаше да бидат завршени во јуни 2025 година“, додаде тој.

Министерот посочи дека за склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството во декември 2019 година, пет години претходната власт немаше превземено ништо, немаше формирано ниту проектина единица за да се реализира проектот, поради што државата исплатила над 2 милиони евра како провизија за неискористени средства по основ на одобрениот кредит.

„Во делот на ИПАРД Програмата, која во изминатиот период ви беше омилена тема, во периодот 2017-2024 година немате акредитирано ниту една нова мерка, односно работевте по веќе акредитираните мерки во 2009 и 2015 година“, нагласи министерот Трипуновски.

Тој во текот на своето обраќање посочи дека во втората половина на 2022 година беше хакиран системот на министерството. Три месеци вработените немаале пристап до своите компјутери за работа и до потребната документација. Компјутерите беа онеспообени за работа, немаше бекап на податоците, не беше превземено ништо, немаше никаква одговорност. Стотици документи и материјали се изгубени, неповратно.

„Би сакал да ве потсетам дека Колективниот договор за вработените во министерството кој беше склучен во февруари 2021 година, со повторното доаѓање на Николовски за министер, истиот во почетокот на ноември 2022 година беше укинат. За прв пат во историјата на Македонија беше укинат колективен договор“, истакна министерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер