ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
3Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
МакедонијаТрипуновски: Пиперките не се вратени од Хртватска, а дали се македонски оставам да проверат службитеТрипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил, не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има квалитетен земјоделски проиозвод што се употребува и за домашна консумација и преработка и за извоз. -Пратката пиперки од Хрватска не е вратена во Македонија, Извезена е од нашата држава на 9 септември, контролата што ја прави Агенцијата за бебзедност на храна од Хрватска излезе со податоци на 23 септември што е 20 дена отпосле, а тоа отвора простор - дали таа пиперка е македонска. Тоа оставам да проверат службите. Нашите фитосанитарни служби заедно со АХВ во текот на целата година прават контроли по тип на производство, како што се откупуваат производите. Се прават проби за евентуално зголемено ниво на пестициди. МЗШВ има и посебни програми за мониторинг што ги следи сите земјоделски производи, да види дали се применува периодот на каренца, дали се употребуваат недозволени препарати, изјави министерот, одговорајќи на новинарски порашања по настанот за Светскиот ден на храната. Трипуновски истакна и дека извозот на земјоделски производи е зголемен. -Според Државниот завод за статистика, првите пет месеци од 2025 година во споредба со истиот период лани бележиме раст во извозот на земјоделските производи во износ од 57 милиони евра. Ако лани извозот тежел 111 милиони евра, годинава во првите пет месеци е 167 милиони што е добар показател. Зголемениот извоз покажува дека е зголемена и продукцијата, како и цената. Министерството преку програмите кофинансира разни сектори, почнувајќи од младите земјоделци, преку задругите - организирање на пазарите и пласманот преку групирање по тип на производство, кофинансирање на набавка на приклучна механизација, трактори, а дава и грантови за производство од мал обем, инвестиции во делот на наводнување,... Тоа се инпути со кои Владата му помага на земјоделството како дополнителен стимул за негов раст, подвлече Трипуновски. Минатата недела Државниот инспекторат за земјоделство информира дека се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија. Како што наведе Инспекторатот, станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер, а извозникот не е производител, туку пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт МолПарфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда. По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови. Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи. Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото. Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter