Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025

„Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме Програми кои што ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија“, појасни министерот.

„Денес на моја иницијатива со повеќе од 30 здруженија се одржува работна средба со единствен реден ред, а тоа е разгледување на предлог Програмите за субвенционирање за 2025 година, поточно Програмата за директни плаќања и Програмата за рурален развој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме Програми кои што ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека ова е само еден од состаноците кој што се одржува денес и наредните денови ќе има и со останатите чинители во земјоделскиот сектор.

„Ќе работиме заедно за да донесеме Програми кои што ќе значат развој на македонското земјоделство. Ова што го правиме како активност е отварање во вистинска смисла на зборот вратите на Министерството се со цел заеднички и партнерски да работиме во делот на секторот“, истакна министерот.

Мелони ќе оди на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.

Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече „фантастична жена“.

Трамп го прекрши преседанот и покани неколку странски лидери на церемонијата на инаугурација. Историски гледано, тие не присуствуваа поради безбедносни причини и испратија дипломати.

Покрај Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, уште еден силен поддржувач на Трамп, рече дека ќе присуствува. Сепак, друг поддржувач на Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да го стори тоа, рече неговиот портпарол оваа недела.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, и покрај поканата, но испраќа пратеник. Поддржувачите на Мелони се надеваат дека конзервативната италијанска лидерка ќе има привилегиран пристап до Трамп во следните четири години и ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа.

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби.Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби.

Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби.

Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив.

Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби.

Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.

СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ.

Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сирени за тревога и експлозии во Ерусалим, ден пред прекинот на огнот во Појасот Газа

Во Ерусалим изутрината одекнале експлозии, набргу откако се огласиле сирените за тревога во градот и централниот дел на Израел, ден пред стапување во сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Израелската војска соопшти дека проектили биле истрелани кон Израел од Јемен, но биле пресретнати и уништени од проиввоздушната одбрана.

Јеменските бунтовници Хути започнаа напади на израелска територија по избувнивањето на војната во Појасот Газа, тврдејќи дека се солидарни со Палестинците.

По објавувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа, Хутите предупредија дека ќе продолжат со нападите доколку Израел не ги почитува условите од договорот.

притисни ентер