ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?
2ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?
МакедонијаТрипуновски: Македонија забрзува - од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и конкретни резултати во земјоделскиот секторПрес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски.Денеска сме тука транспарентно да ја запознаеме јавноста, пред се што направивме овие две години од практицирање власт, но и што наследивме од претходната власт во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Почитувани, Во Министерството, затекнавме целосен застој, хаос во институциите, наталожени проблеми, нерешени предмети и целосен колапс. Континуиран пад на земјоделското производство во нашата држава. Неисплатени субвенции од претходни години, од 2020 до 2024 со преземањето на власта. Како конкретен пример, само за оние кои што имаат предадено млеко во млекарниците, им немаа исплатено субвенции за 17 месеци. Нереализирани кредити, едниот од нив е кредитот земан од германската банка KfW во износ од 80 милиони евра, цели 5 години немаа реализација со што државата платила околу 2 милиони евра пенали. За 5 години исто така кредитот за Модернизација на земјоделството земан од Светска Банка имаме реализација под 10%, што е навистина еден несериозен пристап. Без нови акредитирани мерки во Платежната Агенција за цели 7 години и без да се обезбедат дополнителни средства за нашите компании, за нашите земјоделци. Над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 мееци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување. Ова накратко беше реалноста која што ја затекнавме во Министерството со преземањето на власта во 2024 година. Но ние од самиот почеток започнавме со решавање на долгогодишните наталожени проблеми и системската нефункционалност. За нашата посветена работа се говори низ бројки и конкретни резултати. За имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, односно суфицит од 215 милиони евра за истата година. Согласно податоците кои што ги објавува Државниот завод за статистика бележиме раст и во производството. Во 2025 година во производството на кравјо млеко имаме раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Во делот на овчото млеко имаме раст од 4% за истиот период споредбено со 2024 година. Имаме зголемување на произведените количини на свинско месо, со што се задоволува целокупната количина која што е потребна за домашниот пазар. Во 2025 година се откупија и се произведоа вкупно 300.000 тони пченица што е еквивалент на она што е потрено на нашата држава за задоволување на домашните потреби. Земјоделството од просечен пад на бруто-додадена вредност од 4,4% годишно, во 2025 година имаме позитивен раст од 1%. Позитивен раст имаме и од 3,3% во првиот квартал во 2026 година. Исто така се пристапи и кон исплата на субвенциите, оние заостанати и оние кои што тековно се исплаќаат согласно Програмите. Само во првите 5 месеци од 2024 година исплатени се околу 4 милијарди денари кон оние кои што ги чекаа средствата од програмите на Министерството. Вкупно од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон македонските земјоделци. Имаме исто така зголемување на субвенциите во сточарството за 50%. Го укинавме и двојното пријавување, односно бирократијата која што ја имаше воведено претходната власт и заради ваквиот бирократски однос беа под ризик околу 7.000 земјоделци во 2024 година да не земат финансиска поддршка. Тука би напоменал Министерството напорно работеше да биде поблиску до сите оние кои што се корисници, земјоделците. се отворија нови подрачни единици и подрачни канцеларии во Ново Село, Јегуновце, Босилово, Могила, Новаци, Росоман. Останатите се адаптираат за да се подобрат условите за работа на вработените. Во текот на 2024 и 2025 година доделивме финансиска поддршка во износ од 75.000.000 денари на научно образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи. Во делот на зголемени откупни цени, неминовно е прво да се спомене откупот на тутунот и откупните цени, веќе во 2024 година од 375 денари заедно со компаниите во сериозни разговори се покрена цената на 400 денари за прва класа. Исто така мора да се напомене во делот на откупот на винското грозје иако наследивме Министерство кое што немаше донесено Методологија по која што се пресметува производна цената цена, веќе истата година, во 2024 ја донесовме ние и се пресмета производната цена зголемена за 25% кон македонските лозари, кои што добија една до сега највисока цена. Исто така мора да се потенцира дека напорно работевме и во делот на посветеноста кон младите земјоделци. Иако имаа предност во сите објави кои што ги имаше Министерството пред се за распределба на земјоделско земјиште, морам да потенцирам дека имавме објава за посебна мерка за финансирање на млади земјоделци, пристигнаа 254 апликации, при што се одобрија 117 апликации кои што ги исполнуваа условит. Поддршката изнесуваше 69 милиони денари. Компаративно во 2023 година, исто Министерството од претходната власт објавиле ваков повик за за ваква поддршка, при што пристигнале минимални 44 апликации, а одобрени биле само 18, што е навистина една поразителна бројка. Во 2024 година се потпишаа 57 договори за набавка на специјални комбајни за жетва на ориз и на мини сушари. Сите 57 апликанти ги добија договори и се подели финансиска поддршка во вредност од 34 милиони денари. Во 2024 и 2025 година се доделија над 110 договори во вкупен износ од 16.5 милиони денари за поддршка на локални манифестации и саеми. Со ова Министерството даде сериозна поддршка во делот на промоција на локалните манифестации, во делот на локалниот рурален туризам и во делот на нашето земјоделско производство и нивни преработки. Модернизација во делот на земјоделството, кредитот од Светска Банка во делот на изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Скопје е објавен и завршен повик за избор на компанија која што до крајот на 2027 година ќе го има изградено овој објект, кој што нашата држава го заслужува и треба да го има во делот на агросекторот. За центарот за сортирање и складирање во Струмица веќе се подготвува документација, и крајот на оваа година се планира да се започне со изградба. Во делот на реконструкцијата на Платежната агенција, веќе е избрана компанија, се работи на модернизација на зградата. Со ова го отклонуваме еден од главните предуслови за акредитација на новата мерка 6 која што треба да биде ставена на располагање на нашите општини во делот на модернизација. Кон крајот на годината треба да заврши обновата на овој објект и да биде ставен во функција на Платежната агенција. Исто така се работи на воспоставување на база на земјоделско земјиште во еден интегриран систем, кој што ќе биде достапен и за државата, институциите но и за земјоделците. Вториот проект на кој што се работеше интензивно изминативе две години, а тоа е кредитот од германската банка KfW. Затекнавме неформирана проектна единица, а денеска со преземањето на власта оваа проектна единица има сериозен прогрес во оваа компонента. За проектот Страиште завршена е предквалификацијата, се работи на избор на фирма, во наредните месеци ќе имаме компанија која што физички на трен ќе почне изградба на еден ваков систем за наводнување во делот на Страиште. Додека во делот на системот за наводнување Пепелиште се работи на проектот и до крајот на годината се очекува да имаме избрана компанија. Неминовно е да се спомене и во делот на Платежната агенција, веќе во октомври 2025 година се достави новиот пакет за акредитација на мерка 6 како што споменав до Брисел, со цел да ја акредитираме ова амерка која што е важна за нашите општини и за новите средства кои што ќе бидат повлечени. Платежната агенција работеше на нови повици, меѓутоа исто така завршуваа и претходни, наследени и нереализирани повици кои што биле објавени од претходната власт. Во делот на државното земјоделско земјиште до сега се склучени се над 2.100 договори за околу 6.000 хектари, ослободени се дополнително над 2.000 хектари согласно контролите кои што ги правиме преку Земјоделскиот инспекторат и во најскоро време ќе имаме уште една објава, трет јавен повик на кој што ќе се стави преостанатото слободно земјоделско земјиште на располагање на самите земјоделци. Исплатени заостанати плати, како што споменав првата активност на Владата беше да се помогне на ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Се одвоија вкупно 350 милиони денари за да се стават овие две јавни претпријатија во позитивна нула. Исто така повторно е потпишан колективен договор за вработените во самото Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се спроведе постапка и веќе вработените во Шумска полиција имаат обезбеден бенифициран стаж кој што согласно ризичното работно место го заслужувале многу порано, но сега ние за овие две години успеавме да го реализираме. Во делот на инвестиции во водостопанството, во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари за инфраструктура. По цели 60 години е исчистено езерото Младост и се преземени мерки за подобрување на дотокот и квалитетот на водата. Веќе Јавното претпријатие има спроведено бушотини кои што ќе значат доток на вода, свежа вода во езерото односно одржување на екосистемот. Зголемени се површините под наводнување, споредбено ако претходните години АД Водостопанство покривало околу 14.000 хектари, веќе во 2025 година имаме покриеност од 17.700 хектари. Согласно овие активности зголемени се и производствените капацитети, односно доволната количина на вода значи зголемено земјоделско производство. Само во делот на лозарството во 2025 година споредбено со 2024 имаме 40% повеќе принос. Неминовно е да се спомене браната Конско, иако претходната влада се фалеше дека проектот е завршен, наследивме ннеизграден пристапен пат, незавршена експропријација. Денеска можеме да кажеме дека сите овие активности се заврпени и наредниве месеци ќе се прави технички прием односно браната ќе може конечно да биде ставена фаза на тестирање односно да се полни со вода. Брана Речани, направена е јавна набавка за избор на компанија за надзор на градбата, проектот е откочен. Сега имаме интензивна работа на браната и изведбата тече без проблеми. ХС Равен Речица, објавен оглас за надзор кој што го немаше овој проект. Проектот е откочен и во моментот се работи на терен. Реализацијата е над 90% на овој хидросистем кој што е многу важен за западниот дел на државата. Реконструкција на Пумпната станица Дебар, изведната е завршена, проектот е комплетно завршен. Изградба на систем за наводнување Колибари, до крајот на годината ќе се направи техничкиот прием кој што согласно процедурите треба да се направи и овој систем ќе биде ставен на располагање на сите корисници од тој дел. Реконструкција на системот за наводнување Турија, заедно со ФАО се обезбедени финансиски средства за целосна реконструкција на системот и затворање на главниот цевковод кој што практично значи една поголема достапност на вода на корисници од тој дел. Спроведување на II и III фаза од ХМС Злетовица, после цели 10 години повторно се работи на реализација на проектот. Договорот за грантот ќе биде потпишан во наредниве денови. Набавен е дизел агрегат за филтер станица во Општина Карбинци во текот на 2025 година. Систем за наводнување Сарај, интензивирано се работи на терен и е во сериозна напредна фаза. Обезбеден грант за проектот „Изградба на мали, економични, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“, во општина Кавадарци и општина Новаци со вредност од 4,1 милион евра европски средства и национално кофинансирање од 1,5 милиони евра. Во декември 2025 година веќе е потпишан договорот, реализацијата на овој грант е во почетна фаза. Во делот на шумарството мора да се напомене дека е наследено јавно претпријатие кое што работеше со неисплатени плати и загуба, денеска имаме профит од 10 милиони денари. Министерството додели и инвестиции од 48 милиони денари за набавка на опрема која што е потребна за непречено функционирање на ова јавно претпријатие. Во текот на 2026 година е пуштен во употреба дигиталниот систем за следење и управување со шумски податоци, односно хартиената форма на водење на евиденција на самата работа на јавното претпријатие е ставено во дигитална форма со што се елиминираат и минималните моменти за злоупотреба во делот на следење на дрвната маса и шумарството. Во делот на ловството треба да се напомене дека се објавени 4 јавни повици (2025–2026) за вкупно 110 ловишта кои што се ставени на располагање. За разлика од минатото кога се поништуваа јавните повици, денеска имаме склучени 71 нов договор со нови концесионери, а 39 постапката се уште тече и многу скоро и таа ќе биде завршена. Во делот на рибарството, треба да се каже дека заедно со Хидробиолошкиот Завод – Охрид по застој од 6 години се изврши вештачки мрест и порибување на Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка. По 5 години застој односно без концесионер, спроведена е постапка и доделени се рибите на користење на 6 зони за комерцијален и на 1 зона за рекреативен на Охридското Езеро. Во изминатите 20 месеци донесени се повеќе од 150 плански документи на самото Министерство, над 50 правилници согласно Законите по кои што работи Министерството и институциите. Изминатиот период сериозно се работеше и на нови законски решенија кои што ќе значат подобро функционирање на земјоделскиот сектор. Тука би ги напоменал Законот за земјоделско земјиште, Законот за земјоделство и рурален развој како еден од основните закони за функционирање на Министерството, Законот за уредување на пазарите и Законот за шумите. Во постапка е формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи. Сакам да ја споменам и кампањата „Македонско најдобро“, ја започнавме кампањата која има за цел да го зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на нашите земјоделци и нормално да ја зачуваме нашата економија. Нашата работа се препознава преку реални резултати. Почитувани, Разликата е повеќе од очигледна, од долгогодишен застој, долгови и неработење, ние денеска имаме позитивен раст, инвестиции и конкретни резултати во земјоделскиот сектор. Од нефункционален систем за наводнување, денес имаме систем што функционира и допринесува за зголемен принос за земјоделско производство што е многу важно за нашата економија и за извозот на нашите квалитетни земјоделски производи. Денеска Македонија забрзува со инвестиции, проекти и конкретни реформи. Нема враќање назад, кон оние што донесоа афери, порази и криминал, нема враќање кон политиките кои што ја уништуваа државата. Ние ќе продолжуваме уште позасилено затоа што Македонија забрзува и нема да застане во прогресот. Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЕвропаСилни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори. Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа. „Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко. Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат. Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск. Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила. Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите. Russia targeted Kyiv's Pivnichnyi Bridge (Northern Bridge) in retaliation for Ukrainian UAV attacks on the Crimean Bridge. https://t.co/gojfOi782e — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) November 16, 2026 Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања. Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.Тагови: Дњепар Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?Само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на Законот за заштита на личните податоци. Агенцијата е недоволно финансирана, нејзините капацитети за надзор над зголемената употреба на вештачка интелигенција и биометриски податоци се ограничени, а дигиталните заштитни механизми во државните институции се недоволни. Ова не е оценка на ДОМ, туку предупредување од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. Комисијата посочува и дека мислењето на Агенцијата за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи било занемарено, што довело до неусогласеност со директивата NIS2 во делот на заштитата на личните податоци. Во вакви услови, Владата ја најави изградбата на национален дата-центар во 2027 година. Но, како ќе се гарантира безбедноста на податоците што ќе се чуваат и обработуваат во него, кога институцијата задолжена за нивна заштита нема доволно луѓе и ресурси? Кој ќе врши независен надзор и кој ќе сноси одговорност во случај на злоупотреба или безбедносен инцидент? Отворено е и прашањето дали постои конкретен план за обезбедување на неопходната инфраструктура – електрична енергија, вода и комуникациско поврзување. Според кои правила ќе функционираат ваквите капацитети и како ќе се контролира нивното функционирање е сѐ уште нејасно за јавноста. Дата-центрите не се само сервери и објекти, туку дел од критичната дигитална инфраструктура на државата. Нивното планирање мора да вклучува и високи стандарди за сајбер-безбедност, заштита на личните податоци, независен надзор и одговорно управување со сите неопходни ресурси. Дигиталниот развој не смее да почне со изградба на објекти, а заштитата на податоците и институционалната одговорност да останат на маргините. Национален дата-центар значи и национална одговорност за безбедноста на податоците на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаДемократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесувањеДемократски сојуз најостро го осудува бруталното насилство врз 26-годишната Сара Ѓоргиевска од Охрид, која по нападот се наоѓа на болничко лекување со тешки телесни повреди.Она што дополнително загрижува е првичното постапување на институциите, особено одлуката осомничениот да биде пуштен со мерки на претпазливост, наместо да му биде определен притвор. Постојат сериозни околности и сведоштва кои налагаат случајот да биде темелно истражен и да се испита дали станува збор за обид за убиство, а не само за тешка телесна повреда. Особено сериозни се наводите на семејството на Сара за можна вмешаност на таткото на осомничениот во настаните по нападот, вклучително и во обидите за прикривање на трагите и ослободување од телото на жртвата, за кои мора да се утврди дали имаат доказна поткрепа. Бараме овие наводи да бидат предмет на целосна и независна истрага. Доколку се потврдат, таткото на осомничениот мора да одговара за својата улога и за секое сторено кривично дело, со најстрога примена на законот. Ниту неговите семејни, ниту евентуалните политички и институционални врски смеат да бидат основа за каква било заштита. Демократскиот сојуз бара: Обвинителството да ги испита сите околности и докази и да ја преиспита правната квалификација на делото, вклучително и можноста за обид за убиство. Да се утврди целосната одговорност на сите лица кои учествувале во нападот, неговото прикривање или евентуалното влијание врз истрагата. Да се испита постапувањето на полицијата, обвинителството и судот и да се утврди дали имало пропусти, притисоци или обиди за привилегирање на осомничениот. На Сара и на нејзиното семејство веднаш да им се обезбеди ефикасна институционална заштита. Нема посилна обврска на институциите од заштитата на човечкиот живот и безбедноста на граѓаните. Нема поважен принцип од еднаквоста пред законот. Овој случај не смее да заврши со формална кривична пријава, нецелосна истрага и префрлање на одговорноста меѓу институциите. Никој не смее да биде недопирлив, без оглед на тоа чии син или татко е, какви функции има или какви врски поседува. Бараме целосно расчистување на случајот и најстрога законска одговорност за секој што ќе се утврди дека учествувал во ова злосторство или помогнал во неговото прикривање. Демократскиот сојуз ќе инсистира на институционална одговорност и правда за Сара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00