Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции - Канал 5

Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оцени дека преку конкретни мерки за една година Владата успеала да го врати достоинството на земјоделците и да го вредува нивниот труд онака како што заслужуваат.

Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции

- За една година Влада реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставувме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон институците, рече Трипуновски на прес-конференција по повод една година Влада.

Наследиле, како што рече, хаотична состојба со неисплатени субвенции и плати, закочени проекти, катастрофални откупни цени, разочарани земјоделци, комплицирани процедури и бирокартија, целосно запуштени и руинирани водни канали.

Трипуновски наброја дека се исплатени над девет милијарди денари заостанати и тековни субвенции на над 70 000 земоделците на кои, посочи, им покажуваме дека имаат партнер во Владата и ќе можат да се подготват и да го планираат своето производство.

Потсети дека се донесени интервентни мерки за помош на земјоделците, дополнителни субвенции од пет денари по килограм за производителите на слива, дополнителни три денари за предадена килограм пченица од кинатата реколта, за оризопроизводителоте дополнителни шест денари од ланската реколта, зголемување за 100 проценти на субвенциите за производителите на јачмен од постоечките шест илјади на 12 илјади денари субвенција по хектар.

Усвоена е и Програмата за дополнување на средорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковите резерви, што посочи дека е од исклучителна важност за полнењето на стокови резерви од домашното производство, пред се со оризовата арпа и пченицата.

Потенцирапе дека кај тутунот е постигната зголеман откупна цена од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, со што се постигнала највисока цена во историјата на тутунопроизводството.

Се зголемиле, тврди Трипуновски, и површините со тутун. Ако во 2024 година имало 12.959 хектари сега има 14.375 засеани хектари со тутун, а како што рече радува фактот дека после многу години има зголемување на површините со јачмен и пченица.

- Прват во историјата е утврдена производна цена со што се постигна највисоки откупни цени за двете вински сорти на гризје од реколатата 2024 година Вранецот изнесуваше 20,8 денари за килограм,а смедеревката 18,3 денари. Во завршна фаза е и утврдувањето на производната цената за 2025 годинаи вреувам дека лозарите ќе бидат уште позадоволни годинава, рече Трупуновски.

Повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика наведе дека има раст и кај откупот и продажбата, како и извозот на земјоделските производи. Извезени се околу 13.000 тони јаболка во првите два месеца годинава, за 82 проценти повеќе од истиот период лани, а според Трипуновски имало одлична цена и за пласманот на пролетната зелка, од која за годинепната реколта се очекуваат 40.000 тони род.

Според министерот Трипуновски, земјоделското земјиште сега се дава на земјоделци кои навистина сакаат да го обработуваат и да егзистираат од него и склучени се над 2 100 договори за површина од 5.942 хектари на територијата на државата.

Потстети дека со ребалансот на Буџетот на почетокот на мандатот беа обезбедени дополнителни 250 милиони денари за плати во националното претпријатие „Македонски шуми“, како и 100 милони денари за плат во АД „Водостопанство“.

Обезбедени се и дополнителни 132 милиони денари за обнова на инфраструктурата за наводнување и одводнување, а воспостване е и проектна единица „Наводнување на Македонија“, која рече дека претходно била целосно нефункционална и неекипирана, а денес, истакна имаме вода во скеоја нива во државата.

Трипуновски во отчетот потсети и дека е распишан јавен повик за помош на млади земјоделци за започнување земјоделска дејност со доделување 10 илјади евра по корисник, како и четири повици за модернизација на земјоделските стопанства со поддрка од 600 илјади денари по корисник. .

Склучени се 68 договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, а прифатено е и барањето на Независниот синдикат за признавање на бенифицираниот стаж на припадниците на Шумската полиција.

- Многу скоро новата пресметка ќе биде во сила. Етапно ги решаваме нивните барања за подобрување на условите за работа и доекипирање, рече Трипуновски.

Во делот на регулативата наброја дека донесени се измени на повеќе закони, за шумите, земјоделско земјиште, за дивеч и ловство, за фитофармација, како и анализа на Национаната стратегија за земјоделство и рурален развој и ево подготивка ревизија.

Изработен е нов Предлог закон за земјоделство и рурален развој, со кој вели дека со земјодлеците, земјоделските задруги и наулната фела ќе изградат цврст темел за развој на земјоделството.

- Нашата заложба е да креираме мерки и политики кои ќе го придвижат земјоделството во вистинска насока. Да станеме земја која ќе го зголеми производството на храна, ќе го зголеми извозот на земјоделски производи, но и ќе ја храниме нашата популација со квалитетни производи, рече министерот за земјоделство.

Неоснованите и бледи критики и обвинувања од опозицијата, наведе Трупуновски, не не спречија да го оствариме она што го ветивме на земјоделците и продолжуваме да работиме чесно и одоговорно за силен и одржлив земјоделски сектор.

Министерот Трипуновски, меѓу останатото, наброја и дека е обезбедна поддршка од 61,5 милиони денари за научно образовните институции, како и 60,6 милиони денари за локални манифестации и саеми за минатата година, како и 10,9 милиони денари за годинава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија.

„Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап.

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема.

Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците.

Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации.

„Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката.

Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.

Мицкоски на самит во  Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања

„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ.

Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ.

Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.

Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување.

Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот.

Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество.

Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување.

Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства.

Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата.

Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација.

Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи.

Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон.

Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор.

Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер