ЖивотТрипадвајзор: Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на КритСо песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа. Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на југозападниот дел од островот Крит. Нејзиниот речиси надреален пејзаж се создава кога тиркизното море ги заплискува широките појаси од розов песок. Карактеристичната боја е резултат на ситно издробени школки и микроорганизми со црвен пигмент, донесени од коралните гребени и измешани со белиот песок под влијание на плимата. Посетителите можат да ја планираат прошетката за време на осека, кога се појавува песочен премин што го поврзува Крит со малото островче Елафониси, или да поминат низ плитката вода за да стигнат до помирните и поскриени заливи. Поради сè поголемата популарност, се препорачува посетата да биде надвор од шпицот на туристичката сезона. Интересно е што плажата во 2025 година беше прогласена не само за најдобра во Европа, туку и во светот. Сепак, според онјан медиумот „Трипадвајзор“, светската титула за 2026 година ѝ припадна на Исла Пасион ( Isla Pasión во Мексико. И покрај тоа, Крит останува доминантен на европската листа, со дури три плажи меѓу првите десет. Топ 10 плажи во Европа според онлајн платформата Трипадвајзор за 2026: · Елафониси, Крит, Грција · Лагуна Балос, Крит, Грција · Праја да Фалезија, Ољош де Агуa, Португалија · Ла Пелоса, Сардинија, Италија · Фаласарна, Крит, Грција · Платха де, Мајорка, Шпанија · Палеокастрица, Крф, Грција · Спјаџа деј Кониљи, Лампедуза, Италија · Плаја де Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија · Плаж де Паломбажа, Порто-Векио, Франција Европа и оваа година потврдува дека нејзините плажи можат рамноправно да се натпреваруваат со најегзотичните светски дестинации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПолски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минутиПоголема фреквенција на возила има и на граничните премини. Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter