Триото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во Битола - Канал 5

Триото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во Битола

Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“.

Триото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во Битола

Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера.

Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата врвна интерпретација и посветеност на камерната музика. Денешната формација ја сочинуваат Александар Стефановски (флејта), Емилија Ристевска Стефановска (флејта) и Татјана Божиновска (пијано) - уметници кои зад себе имаат бројни солистички настапи, концертни турнеи и соработки со Македонската филхармонија.

Ансамблот се афирмираше и на меѓународната сцена со освојувањето на престижната „Диплома на честа“ на Torneo Internazionale di Musica во Париз во 2006 година, по што беше поканет да настапи во Рим заедно со најдобрите камерни состави - лауреати од целиот свет. Нивната успешна кариера продолжи со настапи во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција и Соединетите Американски Држави, како и со промоции на три компакт-дискови.

Триото е добитник на престижната битолска награда „4 Ноември“, како и признанието „Најуспешни битолчани“, а зад себе има настапи на најзначајните музички фестивали во земјата, меѓу кои Охридско лето, Скопско лето, Интерфест - Битола, Хераклејски вечери, Златна лира и Битолско културно лето.

Во последните години ансамблот продолжува активно да ја претставува македонската музичка култура во странство. Во 2025 година настапи во Македонскиот културен центар во Истанбул, а оваа година и во Македонскиот културен центар во Загреб.

Концертот на Триото „Интерарт“ на БИТ ФЕСТ претставува можност публиката да ужива во вечер исполнета со префинета камерна музика и изведба на уметници чие творештво повеќе од две децении остава силен белег на македонската и меѓународната музичка сцена.

Влезот е слободен, а дел од програмата ќе бидат: G. Schocker: Three Dances, M. Videnovic: Ivino, A. Rubtsov: Marbella Fantasy и J. M. Damase: Trio.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола

Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода.

Пијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола

На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово. По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“. При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилтоо е одземено.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.10.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од с.Пирок удрило во бетонски столб од куќа и излог одобјект, сопственост на Ф.Ш.(45) од с.Пирок.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди сопатникот Е.К. и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава.

Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница.

СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски.

Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен.

Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.

Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме.

ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк.

Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата.

Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски.

Одговорност нема.

Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац.

Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница.

Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков.

Заштита на криминалци што работат за бандата.

СДСМ бара обвинителството веднаш да испит:

Зошто Симе не е во затвор?

Кој го пушти?

Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)

Кармен Електра, која го задржа својот статус на секс симбол децении по славата во ТВ серијата „Спасувачите“, се појави на Галата на ѕвездите на „Танчерите против ракот“ во Лос Анџелес. 

Кармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)

Актерката и модел (54) избра долг црн фустан со проѕирен корсет за настанот, кој се одржа овој четврток.

Таа ја замени својата препознатлива руса коса со потемна нијанса. Носеше долг, црн фустан што го припиваше телото со проѕирен горен дел. Ја спушти кафеавата коса во нежни бранови, а нејзината шминка вклучуваше чаден ај и кармин во боја на гола боја.

Секс симбол на 90-тите

Електра стана глобално позната во 1997 година со нејзината улога како Лани Мекензи во популарната ТВ серија за спасувачи. Со тоа, таа го презеде местото што го прослави Памела Андерсон и стана едно од најпрепознатливите лица на серијата.

Родена како Тара Ли Патрик, таа ја започна својата кариера како пејачка во Минеаполис, каде што го привлече вниманието на музичарот Принс, кој ѝ го даде сценското име Кармен Електра. Нејзиниот статус како една од најпознатите „пин-ап“ девојки од крајот на деведесеттите години беше обезбеден со нејзините појавувања во „Плејбој“, „Спасувачка служба“ и шоуто на МТВ „Синглд Аут“.

Интересно е што во тоа време не се сметала за секс симбол и вели дека никогаш не се чувствувала како предмет. „Не баш“, претходно изјавила таа за „Ролинг Стоун“. „Го избрав тој пат затоа што така се чувствував и не се сметав себеси за секс симбол. Кога луѓето ќе го кажеа тоа, ќе бев изненадена, но го сфатив како комплимент. Има толку многу секс симболи на кои им се восхитував тогаш, а им се восхитувам и денес.“

Децении подоцна, тој го прифаќа тој статус. „Сакам да бидам секси“, изјавила таа за „Фокс њуз диџитал“. „Мислам дека тоа дава чувство на моќ.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер