Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест" во Тетово - Канал 5

Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест" во Тетово

Со двочасовен настап на Хусну Сенлендиричи, Исмаил Тунчбилек и Ајтач Доган членови на Трио Таксим од Истанбул, Турција вчера вечер започна четвртото издание на „Џез фест 2019" во центарот за култура во Тетово. 

Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест" во Тетово

Тројцата музичари на кларинет, баглама и канун го презентираа музичкото наследство на Турција во џез форма. Во текот на настапот триото на сцената го повика 10 годишниот ученик Ерденај Салиу од Тетово со кого комуницирале од порано за да тој да настапи заедно со нив со неговиот кларинет.

-Овој четврти по ред „Џез фест" укажува дека манифестацијата стана сериозен уметнички бренд кој ќе ја промовира џез културата во нашата земја. Тетовскиот џез феставал со својата куса но значајна уметничка биографија е една од манифестациите кај нас кои со одличниот избор на музичари овозможи и Тетово да биде дел од глобалната џез сцена, рече на отворањето министерот за култура Хусни Исмаили.

Четвртото издание на „Џез фест" ќе понуди пет настапи на музичари од вечерва до недела 15 септември во Центарот за култура во Тетово.

-Отворањето е вечерва со почеток во 20 часот со главните гости на фестивалот „Таксим Трио" кои доаѓаат од Истанбул, Турција. Врз основа на традиционалната турска музика инкорпорираат класичен џез. Втората вечер настапуваат браќата Тавитијан, едни од најпознатите музичари од Македонија со интернационална кариера заедно со Рани Круја музичар по потекло од Мароко. Рани Круја соработувал со Стинг, Питер Габриел, Принц, Ени Ленокс, Чик Кореа и многу други, информираат организаторите.

Линда Рукај гитаристка од Албанија, настапува во петок од 20 часот со музичари од цела Европа, додека гитаристот Агрон Пени од Косово со бендот на четвртата вечер во сабота во истиот термин. Фестивалот завршува со настапот на музичари од цела Македонија во недела од 19 часот како квинтет заедно со вокалот Нита Речи од Струга. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. 

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзница

Министерството за финансии денеска објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. 

Министерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзница

Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.

Граѓаските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година.

Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.

Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Линк до објавениот Проспект:

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-0ib9.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPAS

Денеска (18.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Меѓународната служба за полициска помош (IPAS) на Обединетото Кралство.

Јанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPAS

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и подготвеност за нејзино продолжување и натамошно интензивирање во областа на безбедноста и полициското работење.

Во таа насока, беше истакнато дека се одржани повеќе работни состаноци со претставници на релевантните организациски единици во рамки на Министерството, со цел унапредување на меѓусебната координација, идентификување на приоритетите и реализација на конкретни заеднички активности.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на партнерската соработка, со посебен акцент на реализација на конкретни заеднички активности во областа на безбедноста и полициското работење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер