330-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички
МакедонијаТринаесетгодишно дете избодено со нож во крвава тепачка во Чаир – неговата состојба е критична13-годишно дете прободено во срцето се бори за живот на КАРИЛ на скопските клиники по групна крвава пресметка во скопски Бутел. Во тепачката што се случила синоќа на улицата 10 околу 22 часот, учествувале петмина, меѓу нив имало двајца 13 годишници, еден на 16 години и двајца на 19 годишна возраст. Двајца од нив се со сериозни повреди. -Токму на ова место се сличила крвавата пресметка, а за нејзе остана да сведочи крвта која е насекаде на асфалтот. По приемот, на момчето веднаш му била извршена интервенција, но состојбата и натаму е исклучително критична – со тешки повреди поминало уште едно лице, 19 – годишник, кој бил во истата група со најтешко поврденото момче. -Имаме 13-годишно дете, погодено со нож во Чаир, детето е оперирано вчера, меѓутоа како што има директен убод во срцето е на интензивна нега и во критична состојба. Нашите мисли се со него, но сега е надвор од тоа што може медицината во моментот да направи.- Сашо Клековски – Министер за здравство Полицијата набргу по настанот ги пронашла сторителите, а 13 годишно момче од соперничката група признало дека со нож го повредило својот врсник. Сепак, според информации на Канал 5 од истрагата, постојат сериозни индиции дека зад крвавиот напад всушност стои 19-годишник, кој е задржан во полициска станица, а кој поради полнолеството подлежи на кривична одговорност, па затоа малолетникот, ја презел одговорноста на себе. Министерот Тошковски потврди дека сите петмината учесници во тепачката се обезбедени од страна на МВР. -Сите оние кои се учесници во рамки на предметниот кривично-правен настан се обезбедени од страна на МВР. Страшна е пораката до младите од овој кривично правен настан, за жал вакви ужасни сцени, од аспект на кривични дела се предизвик не само за една балканска држава како Македонија, туку и за огромни, големи и развиени држави, членки на ЕУ, станува збор за на ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници. Како општество мора подлабоко да навлеземе, мора еден поширок институционален одговор и од надлежните министерства и од сите останати.- Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи По увидот, полицијата одзела три ножа и еден палка, а од обвинителството за Канал 5 велат дека сите мерки за расчистување на случајот се преземени и дека се работи на утврдување на причините кои довеле до физичката пресметка со сериозни последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветДемократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тестАмериканските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори. Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран. Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни. Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и РаботничкиКривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник.Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор. Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови мзт и работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.Тагови: кривичен суд Скопје навивачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter