3Свечено е одбележано 59-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите.
ЗабаваТрикови за интересно возење:Погледнете зошто оваа снимка ја прегледале речиси 10 милиони пати !(видео)Голем дел од луѓето добар дел од животот го поминуваат во автомобил.Мали животни, практични совети секогаш се добредојдени. Овие едноставни трикови кои веројатно не сте ги знаеле, ќе ви помогнат да решите некои проблеми и ќе ви го направат поинтересно возењето. Во оваа снимка ќе имате можност да погледнете седум интересни и корисни совети кои ќе му бидат корисни на секој возач, а досега ова видео кое е поставено на Јутјуб е прегледано речиси 10 милиони пати. Погледнете го и вие, веруваме дека ќе ви биде корисен барем еден од овие мали животни трикови за возачите: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМасакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и детеНајмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во пукање насочено кон група луѓе кои излегувале од комеморација за локален политичар во населбата Катлехонг, југоисточно од Јоханесбург, соопшти денеска полицијата.Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП. Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото место, но бројот на жртвите денеска се искачи на четири, откако уште две лица починале во болница. Истрагата ја води специјална единица на Јужноафриканската полициска служба, задолжена за политички мотивирани убиства. Според извештаите на локалните медиуми, некои од жртвите биле членови на младинското крило на Африканскиот национален конгрес (АНЦ), најголемата партија во јужноафриканскиот парламент. Комеморацијата била одржана за локален лидер на АНЦ, кој бил убиен претходно овој месец во напад за кој постои сомневање дека бил политички мотивиран. Полицијата не го потврди идентитетот на жртвите, туку само наведе дека тие присуствувале на комеморација за „член на политичка партија“. Во Јужна Африка се забележани високи стапки на криминал со употреба на огнено оружје, вклучително и пукања поврзани со локални политички ривалства. Извор: Б92Тагови: Јужна Африка масакр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛафчиски присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во КосовоНачалникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денес,присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“,која се одржа во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина. На свеченоста, со која претседаваше адмиралот Викоф, досегашниот командант, генерал-мајор Озкан Улуташ ја предаде должноста на генерал-мајор Роберто Вергори. Во рамките на посетата, генералот Лафчиски оствари средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, командантот на Здружената оперативна команда на Италија, генерал-потполковник Џовани Мариа Јанучи и командантот на Корпусот за брзо распоредување на НАТО во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Џанлука Караи. На средбите беше потенцирана важноста од заедничкото дејствување и координацијата меѓу сојузничките земји кои остануваат цврсто посветени на колективната безбедност и зајакнувањето на одбранбените капацитети во зоната на одговорност . За време на престојот, генералот Лафчиски ги посети припадниците на македонскиот контингент кои извршуваат активности во реонот на Дечани и Регионалната команда – Запад, Пеќ каде што оствари средба и со командантот, полковник Џузепе Де Балзи . Притоа, беа истакнати високата професионалност, посветеност и придонесот на припадниците на Армијата во извршувањето на задачите, како и одличната соработка меѓу Армијата и силите на КФОР. На средбата со мировниците, генералот Лафчиски беше непосредно информиран за тековните предизвици при извршувањето на нивните задачи, упатувајќи им притоа порака да продолжат достоинствено и професионално ја претставуваат Армијата и државата во оваа меѓународна мисија. Армијата на Македонија е дел од мисијата „КФОР“ од ноември 2020 година. Во моментов, македонскиот контингент го сочинуваат два вода распоредени во Регионалната команда – Запад и штабни старешини во командата на мисијата во Приштина, соопштуваат од АРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСвечено е одбележано 59-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите.На свеченото одбележување на Денот на Академијата свое обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, кој најнапред зборуваше за научната и уметничката дејност на Академијата во изминатата година.На свеченото одбележување на Денот на Академијата свое обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, кој најнапред зборуваше за научната и уметничката дејност на Академијата во изминатата година, а потоа зборуваше за новите предизвици во време на забрзани технолошки промени и општествениот контекст во кој Академијата ја извршува својата дејност како највисока научна и уметничка институција во државата. Потоа, на прославата свое обраќање имаше доп. член Венко Андоновски, кој ја претстави и зборуваше за делото на Соња Должан, добитничка на наградата „Блаже Конески“ – меѓународно признание за 2026 година за посебен придонес во развитокот на науката, културата и уметноста на Македонија. На крајот Соња Должан одржа поздравен говор. МАНУКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter