ЗдравјеТрик со очила за сонце решава проблем со несоницаОваа грешка пред спиење ја прави секој!Промената на секојдневните навики може да се исплати по неколку недели, а еве во што е трикот! Ако страдате од несоница или некое друго нарушување на спиењето, клучна работа е да го истренирате мозокот и по секоја цена да се придржувате до истото време на будење и легнување во кревет. Стефани Ромижевска е стручњак за спиење и вели дека е потребно трпение за ова да функционира. - Без разлика колку сте уморни или колку сте спиеле претходниот ден, важно е да се придржувате до истиот распоред. Дури и ако имате слободен викенд, сепак треба да станете и да легнете во истото време. Зашто, ако го поместите времето на будење за неколку часа, ќе го збуните мозокот - тврди Ромижевска. Таа, исто така, забележува дека е голема заблуда оти спиењето помага во закрепнувањето и дека, всушност, тоа придонесува да се чувствуваме инертни и зашеметени подолго време. – Ако одите во кревет кога навистина сте уморни и поспани, и се придржувате до истиот распоред, по две недели ќе забележите дека вашата поспаност станува предвидлива – вели таа. Стефани има интересен предлог за луѓето кои работат ноќе. - Кога наутро ќе се враќате дома од ноќна смена, одлична идеја е да носите очила за сонце. Зашто, кога сакате да дремнете, дури и напладне, важно е да сте во затемнета просторија. Ако сè уште можете да ги видите предметите во собата, не сте ја затемниле доволно - објаснува Стефани. Секако, ништо од ова нема да има ефект ако не го решиме „проблемот“ со мобилните телефони. Да, ова ги ужаснува повеќето луѓе, да се одвојат од своите телефони. Но, за да имаат здрав сон, тоа е една од клучните работи. Пет златни правила: Полнете го мобилниот телефон подалеку од креветот Ставете го телефонот во тивок режим Блокирајте ги апликациите Користете црвен филтер Поставете аларм за будење Стефани потсетува дека идеалната температура за спиење е меѓу 18 и 20 степени Целзиусови, а пренесува Мирор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејствотоТој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина. -Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СветТајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година. Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан. Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“. #BreakingNews Typhoon Saudel has JUST made landfall in Zhejiang!🌧️Before the storm hit, Chinese and foreign volunteers joined forces to help warn local residents at Yancang Community near Ningbo’s Old Bund on Aug 27. French expat Samy, a community expat, shared his experience.… pic.twitter.com/5Jp7epqfkN — WowNingbo (@WowNingbo) August 28, 2026 Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“. Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени. Извор: Б92Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаВо Македонија вечерва осум активни пожариВо Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40