3„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
ЖивотТригодишно девојче со забиен нож во главата мирно оди на доктор (Вознемирувачко видео) Тригодишно девојче е снимено како мирно оди низ болница со нож во главата, држејќи ја раката на мајка си!Грозните снимки станаа вирални на социјалните мрежи во Кина пред неколку дена. Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, инцидентот станал познат на 15 август, кога еден граѓанин објавил видео од девојчето и нејзината мајка како шетаат низ ходниците на болницата Донгкуан во градот Кунминг, покраината Јунан. Мајката првично рекла дека дома менувала чаршав и дека додека ја тресела крпата, ножот излетал и се забил во главата на нејзината ќерка. Сепак, подоцна наводно им признала на лекарите дека ѝ се заканила на ќерка си со ножот затоа што малото девојче било „хистерично“ и случајно ја повредила. Сечилото од 15 сантиметри на детето било заглавено веднаш над левото уво. Мајката наводно се обидела сама да го извади ножот, но кога не успеала, наместо да повика брза помош, го зела детето за рака и сама влегла во одделот за итни случаи! На видеото се гледа како девојчето мирно оди низ болничките ходници, држејќи ја мајка си за рака, додека лекар ги следи. Лекарите успеале безбедно да го отстранат сечилото, а девојчето е под надзор. Shocking moment: A fruit knife accidentally struck a 3-year-old girl's head while her parents were changing the bedsheet. Thankfully, it has now been safely removed. #safety #safe #child #china #Yunnan pic.twitter.com/PZnFCBU8Ri — Ifeng News (@IFENG__official) August 18, 2025 Полицијата потврди дека станува збор за несреќа и изјави дека нема елементи на кривично дело. Лекарите изјавија дека сè можело да заврши трагично. „Доколку мајката сама го извадела ножот, штетата можела да биде неизмерлива. Добро е што веднаш побарала медицинска помош“, изјавија тие. Видеото предизвика бура од реакции на кинеските социјални медиуми, при што милиони корисници изразија шок. Многумина остро ја критикуваа мајката, со коментари како: „Дали е оваа мајка нормална? Полицијата треба да ја истражи“, додека други се фокусираа на детето, изразувајќи восхит за неговата храброст и смиреност.Тагови: девојче нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветАларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризамБританската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс. Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот. Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“. Истрагата за наводниот заговор е во тек. Извор: Б92Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16