Триглав Осигурување нов спонзор на РК Вардар - Канал 5

Триглав Осигурување нов спонзор на РК Вардар

Триглав Осигурување е новиот спонзор на осумкратниот шампион на Македонија во ракомет Вардар.

На прес-конференцијата што беше организирана во новиот спортски центар „Јане Сандански“ задоволството од остварената соработка искажаа водечките луѓе на Триглав Осигуругвање, РК Вардар и на ЖРК Вардар.

- Триглав Осигурување силно верува во инвестирањето во националниот спорт и во важноста на неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска чест и задоволство е што сум во можност да објавам дека Триглав Осигурување е спонзор на РК Вардар. Се надеваме дека со нашата подршка ќе придонесеме кон остварување на што подобри услови за работа на клубот и постигнување на што подобри резултати, изјави извршниот директор на Триглав Осигурување Сања Танчевска.

Според извршниот директор на РК Вардар Давор Стојаноски, спонзорството од Триглав, за Вардар ќе придонесе до полесно остварување на својата цел да изгради стабилна македонска ракометна иднина, која на долг рок ќе придонесе за големи успеси на Македонија,

- Ракометниот клуб Вардар е голем и амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува Европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, и затоа сметаме дека соработката со компанијата Триглав, која претставува голем поддржувач на македонскиот спорт генерално одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси, истакна Стојаноски.

Претседателот на ЖРК Вардар Гордана Нацева им се заблагодари на луѓето од Триглав што токму во нивниот клуб пронајде партнер за соработка.

- Задоволството е уште поголемо што пријателите од Триглав го препознаа нашиот проект за младинските категории, истакна Нацева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

A1 повторно создаде кампања за која зборува јавноста

A1 повторно успеа да направи нешто што останува подолго во јавноста.

A1 повторно создаде кампања за која зборува јавноста

Овојпат, преку современа интерпретација на нашата „Билјана платно белеше“, компанијата отвори една поинаква културна приказна која деновиве е меѓу најкоментираните теми во јавноста.

Наместо класична sponsorship кампања, A1 Македонија, како генерален спонзор на Охридско лето избраа поинаков пристап , да создадат чувство. Со минималистичка визуелна естетика, jazz аранжман и внимателно раскажана приказна, „Билјана“ доби нова емоција, а публиката доби нешто што ретко се случува на домашната сцена: бренд што комуницира преку култура.

Особено внимание привлече фактот што целата комуникација е суптилна, достоинствена и далеку од агресивен branding. Токму затоа, реакциите на социјалните мрежи се главно во една насока, дека ова не изгледа како реклама, туку како вистински културен проект.

Со овој потег, A1 уште еднаш покажа дека најсилните кампањи не се оние што најгласно продаваат, туку оние што оставаат впечаток и создаваат емоција што луѓето ја паметат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР

-Варот ги фрли Хрватите во очај!

Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР

Фудбалерите на Португалија ја победија Хрватска со резултат 2:1 во супернеизвесн натпревар од шеснаесетфиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Португалците направија пресврт во Торонто, а херој на мечот е напаѓачот на ПСЖ, Гонсало Рамос, кој го постигна победничкиот гол во четвртата минута од судиското надополнување.

Дуелот во Торонто имаше две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ полувреме, а посебно се издвои надополнувањето на времето кое траеше дури 20 минути.

Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53. минута, а Кристијано Роналдо го врати својот тим во игра со гол од пенал во 68. минута.

Натпреварот потоа мирисаше на продолжение, но Рамош не мислеше така.

Леао центрираше во четвртата минута од судиското продолжение, а Рамош со глава покрај двајца Хрвати го матираше Ливаковиќ. Клуминацијата на драмата се случи во 13-тата минута од судиското продолжение, кога ВАР го поништи голот на Хрватска поради офсајдот на Пашалиќ.

ВАР исто така мораше да реагира, за да утврди дали Матановиќ ја допрел топката пред тоа, Хрватска лута на технологијата си заминува дома.

Во осминафиналето, на 6 јули, Португалија ќе се соочи со Шпанија во пиринејското дерби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Макеоднија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер