Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
1Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
МакедонијаТриесет и три години од основањето на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши (1992-2025)Првата детска амбасада во светот – Меѓаши годинава ја одбележува 33-годишната посветеност на заштитата на детските права, постојаната ангажираност и активната улога во градењето мир и меѓусебно разбирање. Со непоколеблива посветеност и визија за праведен свет за секое дете, продолжуваме! 👉 По тој повод, Меѓаши со гордост ја најавува промоцијата на повеќе значајни активности и материјали: 🌐 Нова веб-страница – современо дизајнирана и функционална платформа која овозможува подобра достапност на информации и услуги за децата, јавноста и институциите. https://www.childrensembassy.org.mk/pocetna.nspx 🎥 Документарен филм: ,,30 години Меѓаши” – Документирано сведоштво за развојот, достигнувањата и влијанието на Меѓаши низ годините ➡️ Како настана и започна Меѓаши! Исто така, достапни се уште два кратки видео-прилози поврзани со историјата и работата на организацијата: 📺Како започна приказната на Меѓаши 📺Како Меѓаши влијаеше на општеството 📖Монографија: “30 години Меѓаши” – Публикација која ја отсликува историјата на организацијата, активностите и резултатите во изминатите три децении: Целосна верзија (PDF) Скратена верзија (Scribd) 🔢Меѓаши низ бројки – Преглед на главните достигнувања, иницијативи и влијанието на Амбасадата во текот на 33 години Преку овие промотивни материјали, Детската амбасада МЕЃАШИ не само што го документира своето повеќедецениско активно дејствување, туку и ја засилува својата мисија за поттикнување на одговорноста, едукација и активирање на пошироката јавност во поддршката на децата, воедно потсетувајќи на важноста од мировното образование и градење култура на мирот од најмала возраст. #Меѓаши33 #ДетскиПрава #ЗаштитаНаДецата #33годинипостоење #ПоправеденСветЗаСекоеДете #33Megjashi Прва детска амбасада во светот – МеѓашиТагови: Меѓаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
НБАНБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-ВидеоСеријата победи на Њујорк Никс продолжува, а тимот од „Големото јаболко“ го направи првиот чекор кон шампионската титула.Џејлен Бренсон постигна 30 поени во своето деби во НБА финалето, Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени и 12 скока, а Никсите се вратија од минус од 14 поени во второто полувреме и ги победија Сан Антонио Спарс со 105-95 во првиот натпревар од големото финале во НБА. О-Џеј Ануноби постигна 17 поени за Њујорк, кој го доби својот 12-ти натпревар по ред во плејофот. Со тоа, Никсите станаа само седмиот тим во историјата на НБА со таква серија, и само третиот што го сторил тоа во една сезона. Бренсон постигна 13 поени во последната четвртина, само шест помалку од оние што Спарс ги постигнаа како тим во тој период. Тој практично ја запечати победата со спектакуларен шут од вртење додека паѓаше на подот, 38 секунди пред крајот на натпреварот. „Тој е играч за големи натпревари. Кога е најпотребно, тој испорачува. Така играат кандидатите за MVP“, рече тренерот на Никс, Мајк Браун. Њујорк го заврши натпреварот со серија од 11:0 и напиша нова страница во историјата. Никс станаа првиот тим што ги победи Спарс во првиот натпревар од финалето на НБА, бидејќи франшизата од Тексас претходно имаше резултат од 6-0 во такви натпревари. Ова е исто така прв пат Спарс да заостануваат во серија од финалето пред нејзиниот крај.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ФудбалАнгличаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци! Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво 2026 во Канада, САД и Мексико.На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија) Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика). Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг) Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22